Колку месеци е? Плаче дека не сака да го соблекуваш, гледа во една точка и се погодило баш тоа да му е рачето. Ако ти е сомнителна болка, на секое соблекување да плаче или на допир прашај доктор. Јас ич не забележувам што прави бебе, и дали сме во ред со развојот, освен што му ги гледам забите и што почна да вика мама
Не, делот со плачењето го спомнав заради тресењето. И се спиеше и плачеше. Инаку во релаксаторот ја приметив дека си ја гледа дланката. Да не ви кажувам кај ми летна паметот.
Откако откри дека има раце немам облечено ракави без кемкање и плачење. Вчера почна да си ја гледа дланката, па ги гледаше моите дланки. Додека цица ја крева раката и си ја гледа, а цицето ќе почека. Прво дете ми е, не сум искусна, ама ми изгледа скрос нормално, мислам немаш простор за грижа. Не можам ни да замислам кај ти отишол умот, ама врати си го
Хахаха @JuLleE бе. Си ја гледа дека конечно видот им се бистри малку од малку. И моево, поготово шарено боди ако има на ракавот се зјапа, се чуди.
Па сигурно. Сите дома настинаа прво маж ми па бебево и еве сега јас и ми е страв да не фати пак, па ставив маска ама не ме сака со неа ме гледа чудно.
Исто, во новогодишните пижами го гледа ракавот, дури со другата рака се држи за подобро да го разгледа @JuLleE нормално е, еве сите си ги гледаат, си ги студираат.
И моето си ги гледа рацете и дури таков ококорен си ја врти раката и прета од возбуда. Цело време мислам нормално е, ниту еднаш не се посомневав во нешто друго
@JuLleE јас те разбирам. Значи, навистина кога ќе кажат се заборава, некој нема да верува. Иста бев мајка пред 8 год ама сега како пак пресна да сум. И тотално различни света се децава. Големиот цела година ја помина лежејќи, бубалка бебе, ни мрдаше ни преташе. Ова малово, живец, место не го држи. Вика, скока, се дере, главата ја треснува наназад ако нешто не му е погодено. Ушите му се главна занимација, по цел ден си ги тегне. И коса си кубе. Таа фаза со рацете ја помина, најсмешен т.е најчуден ни беше кога ќе ги зближеше зениците, зумираше што се случува со прстињата Сега пробува да не имитира, мафта за чао, мафта демек го караме брат му да биде мирен, мафта раче кога ќе јаде, убаво е јадењето мх мх мх и он мафта со рачето. Почнува да пушта звуци кога сака нешто да каже, да го забележиме. Особено кога сака таткому да се сврти и да го погледне. Вика на цел глас, па наведнува глава демек се срами. Дефинитивно, по одгледувањето на две деца, со голема разлика во години, сегашниве деца се раѓаат ,,смарт,, или 5г како сакате.
Фала ви мајки, знам дека си ги запознава рачињата, но за жал некои работи во животот ни останале како траума и потсвесно не прогонуваат. Еве ја и денес, дланката си ја гледа
@LaDyDoLl и јас тоа заприметив. Многу посвесна ми делува од првото, ко се да ме разбира, ако е 4 месеци. Се срами ко ќе ја гледа некој, вика за внимание, се лути ко ќе и земам нешто од уста, се смее на глас ко ќе види цице баш како што ги викаат овие пандемиски бебиња понапредни се.
@JuLleE после 4тиот скок почнуваат да гледаат како нас возрасни. Го гледа рачето зашто така си се запознава. Моето ќе се разбуди навечер и ако не е гладен си го гледа рачето и ќути. Ама онака баш го зјапа. Па го врти, па раширува прстиња.
Ние го имаме овој. Моментално малиот татко му го шета во него, обожава да биде така припиен на тело и да спие. Заспива во секунда. Најдобра инвестиција за нас испадна со оглед на тоа дека во корпа во количка веќе неќе да чуе да се вози, а три и пол месеци има. И за кратки и за долги прошетки или кога треба да се заврши некаде работа да не влечеме количка со транспортер е топ. Ако имате можности или е на попуст (ние така го земавме зашто стварно е прескап), не се мислете
Јас откако го родив првото како да сум скокнала 7г, не сум свесна како стигнавме до овде. Се осеќам дури и ко да сум исклучена од реалноста. Арно ве прочитав, ќе закажував на психолог. Синоќа од 10 до 1 вриштеше, цица, преслечен 3 пати, се ко што треба, ама вриштеше. Во 1 заспа спиеше до 4, па до 7 и стана во 10. Го избањавме, цицаше и до 1 спиеше. Од 1 еве го уште цица. Денес и сонце го виде малку. Уживанција. Инаку вчера свеки и золва ми со маж и беа на Бадник кај нас, они спремаа ние на готово, Бејби спиеше 2 саата на галама на светло без да мрдне. Најди нзс, нема! Може е моја копија али карактер на тате е
Шлајмот и ние си го носевме. Таман почнаа да се оправаат едно попладне им се влошија симптомите и излезе дека сме закачиле плус и ковид уште недолечени од претходниот вирус. Хаос бевме сите. Се удавивме во шлајм. Ама го искашлаа. Ги тапкавме по грбче со маж ми неколку пати на ден, особено наутро, за ако има нешто на гради од ноќта да се одлепи, знам дека е пракса таква и по клиниките, шетавме надвор на воздух секогаш кога беа порасположени и луфтирав дома цело време. Мене овде за двајцата ми рекоа дека се мали за инхалација. Ќерка ми беше плус 7 дена со тт, малиов неколку пати само имаше некоја незначителна не му дадов ништо пошто беше ок расположен само цицаше помалку тој период ама искрено не се потресов многу околу тоа пошто е нормално. Ама скоро месец бевме фабрика за шлајм дома, страшно беше. Ја најлесно поминав, или може дека некој мораше да се жртвува пошто ако залегнев и ја ќе немаше вода кој да ни подае. Сеа од понеделник почнува големава во градинка и психички се спремам за викендот. Како сте денеска?