Да не сте смениле шише или цуцла па да не му одговара на бебче и голта воздух. И мојата пие од шише, па може од кај 2 и пол месеци престанав да ја држам да ждригне.
Овие настинките кај бебињата биле страшни, ми се смени бебето. Почнавме со вкусови само неколку пробавме сега што пие сируп едвај и го даваме не отвара усте за кашичка ниту за сируп едвај и давам сируп саат и нешто ја занимавам само уста да отвори, а ако ми не сака веќе да пробува каши, правиме 6 месеци во понеделник.
Еееее и јас вака го окркав стапот. На 5 месеци фати инфекција на ушето. Дури сега се разјаде на 8 месеци...
Пробај цуцлата од шишето, како да пие нешто, нели чај ако пие, а шрицот со сируп позади. На инста видов и аамо тоа ми успева.
Може слика од ноското? Стави го врз тебе да легне на стомаче и ке дригне. И моето нема шанси да дригне кога ке заспие освен овака.
Нормално ли е секоја вечер да се молиме за спиење? Чеша очи, уши, зева, а прета со нозете, само се буди. Не сака да цица, плаче, не се дава со саати. Има ли некоја мајка со слично искуство. Пак ми припадна вчера од плачење. Зошто толку се противи на сонот? Ми се плаче и мене ноќта кога ќе дојде.
Мајки многу ми е тешко. Ќерка ми најверојатно има атопичен дерматит деновиве треба да одиме и во живо да ни потврди доктор. А вака преку слики што се консултирав ми рекоа дека е тоа. Прво се појави на лактот сегс го има и на други места по рацете и на вратот. На вратот е најлошо ем од блузите што се трие местото па и рацете само таму и се. Се руши чешајќи и крв пушти направи мала рана. Не знам што да мачкам веќе , очајна сум. И во сон се чеша, и од тоа и се буди. Цело време ја држам за раце за да неможе да се чеша. Гревче ми е. А мене душава ме боли. Дојдов да се олеснам само.
Моја препорака е да закажеш кај др Горица, кожен доктор, кај Симпо има ординација. Приватно работи. Ми има решено дерматит. Работи и со деца.
Ако е новороденче нормално е да бара почесто, само гледај барем 2 часа да минат. После вториот месец и се регулира тоа. Мојот сега јаде на 3-3ипол часа, многу ретко да побара на 2ипол
Мила земи го Сос спрејот на Биодерма. Моето на обравчиња и испод вратчето се чешка, со ова престана. Јас прскам на прсти па мачкам кај него по лице и вратче. А ти намали/исфрли кравјо млеко. И пробај со лосионот на Биодерма,два пати дневно.