А да прашам како будала. Дали смее да и намачкам домашен кантарион на местата каде што направила рани? Пошто кремите ја печат.
Јас сум со егземи, кантарионот ти е џабе по мое искуство. За рани најзадоволна сум од пантексол маст (има и крема, ама не ми се покажала толку успешна како маста). На кожен ќе ви дадат кортико. Често ја бањаш? Намали на еднаш неделно и максимално одбегавај гелови, купки итн.
Не сум ставала , но прашај ја матичната дали може афлодерм да ставиш или облоги ациди борици за да смири. Кај нас последно направи инфекција па се смири со белогент+пантенол. Имав еуцерин атопик да дотрошам па ќе земам биодерма . Инаку , овие неколку дена мачкам пантенол ептен смирува и и се измазни кожичката. Ако можеш земи денес исто и на рани и мачкав, некои 200 ден. е смирува Сме биле на неколку кожни па секоја си форсира со тој што си соработува Во Рњмедика таа само еуцерин Горица биодерма , една Верче имаше во центар ла рош и уриаж само…. Добра беше А дерма екс омега ама ја нема веќе тука, со синко спасот само во Риластил најдов.
За кантарион не знам ама за ранички јас ставам комбинација афлодерм со канестен. По препорака од педијатар. Само така поминува и не ја пече.
Колко време би било правилно 5 месечно бебе да седе во транспортер? Сакаме да патуваме и имаме повеќе од 10 сати паат. Нормално и паузи ќе се прават ама сакам мислење.
На 2-3 часа ќе правите пауза. Ќе го вадиш од транспортер тогаш, секако му доаѓа и време за јадење, да се смени пелена и вие да протегнете нози.
40 дена има. Добро е ме утеши, се надевам за брзо ке се регулира. Па сега пие 120мл. Додуша според килажата треба да пие 150мл, има повеќе од 4кг ама ке почекам до следна контрола да видам колку точно напреднал. Страв ми е да му дадам 150мл да не му го оптеретам стомачето.
Колку вкупно мл пие во 24часа и колку оброци има? Ако има 4кг-4.5кг треба вкупно 600-675мл. 150мл за 40дневно бебе мислам дека е премногу и за возраста и за килажата.
Девојки, ве молам да споделите искуства со приватен педијатар во Скопје - во Ремедика или Систина (или друга приватна клиника) за редовен (општ) преглед на бебе старо 4-5 месеци. Колку време однапред треба да се закаже, колку чини преглед, од кои доктори сте задоволни. Живееме во странство, бебето се роди тука, матичен педијатар имаме тука, меѓутоа ќе одиме во МК и би сакале да го однесеме малиот и таму на педијатар, чисто да го видат и да споредиме искуства таму и овде каде што живееме. Фала ви.
Во ремедика ако немаш директен контакт со докторката, многу се чека за редовен преглед, месец дена а може и повеќе. Преглед е 2000 денари. Двете докторки се ок, Живковиќ и Поп Лазарова. За во систина побрзо ќе најдеш термин, јас имам закажано и од денес за денес. Таму е редовен преглед 3800 денари. Ако е итно, имаат дежурен педијатар во секое време, цената е иста како за редовен преглед - 3800 денари.