Тој период моето бараше и на саат ипол да јаде, ама го држев во раце, пеев, некако го занимавав барем 2 часа да поминат. После се повеќе се зголемуваше времето меѓу оброк. Јас тогаш давав 90 мл, само еден оброк мислам околу 120 пиеше. Ама подобро да испие повеќе на поголемо растојание, отколку на еден саат да му даваш. Можеш да нудиш 100 мл, ако плаче кога ќе го испие тогаш додавај повеќе, малечко е уште не знае колку му е доволно и тоа смукањето му е ревлекс не мора да значи дека му се јаде
До колку дена е нормално бебе да не се искака? Малиот има запек еве веќе 5 дена... Не плаче, нема мака, знае да заплаче само кога испушта гасови. Да му дадам време до утре да се искака? И што да превземам после? Чепче? Не сакам одма да форсирам чеепчиња, затоа и чекам...
На цицање е бебуш, еден до два оброка на ден му се ад. После тој оброк пак за два, два ипол сати сака да цица.
За цицање после АД не мора да чекаш 3часа, давај кога ќе си бара бебе. А 120мл за таа возраст е повеќе од доволно за неговото желудниче.
Епа бара зошто знае дека ќе добие количина ад и очекува секој пат. И моето е лакомо, остај го на цицка цел ден ќе цица, ич нема да се умори, ама тоа не значи дека е гладен, едноставно така се смирува. Бебе не знае за доста, ќе пие дур му се пие, а ако е лакомо и 200 да му дадеш ќе ги сркне. Внимавај, ќе му го прошириш желудничето, ќе си имаш мака после.
Да Правиме инхалација 2 пати дневно, прво пиеше алмацин и спрејче за нос бекутан после ни сменија на трицеф и синомарин спрејче за нос и сега е многу подобра 2-3 пати во денот се накашлува. Мислам од инхалацијата и е многу подобро, првиот ден после инхалација многу кашлаше и повраќаше еден куп шлајмови сега нема ништо. Носи ја обавезно додека не е спуштила на гради, мојата малку кашлаше кога ја прегледаа и ми кажаа спуштила малку на гради, страшна е оваа настинка од 31ви почнавме и сеуште не можеме да ја откачиме.
Фала на советите. Ми се чини како цело време да е гладно, плус од други причини, затоа и му воведов еден оброк ад, а 90мл ги пиеше како од шала и после тоа става раце во уста, плаче, го отвара устето како за цицање...Во секој случај повеќе од 120мл не му давам воопшто наредните два месеца.
Најдов дома Вигантол со рок, ама отворени. Сум ги купила да ги пие ќере. Не знам колку време се отворени, ама рок имаат. Можам да ги давам на бебе? Инаку колку капки Вигантол заменуваат една капсула твист Д3?
Мајки помагајте.. имам бебе 2 ипол недели, не престанува да плаче освен кога е на цицка.. дохрана даваме 70 мл, цица активно краток период и после ја користи градата како цуцла за да заспие и понекогаш сврзува по 2 часа ама еве денес од сабајле скоро ич, само штом ќе го тргнам се буди.. дали е нормално ова, буквално ако е буден и без цицка во уста вришти.. дали да го носам на педијатар, што да направам?
Грчеви се. Со цице се тешат, тој период се скоро сите такви. Масажи прави на меше, топло нешто, капки за грчеви и нека цица колку сака.
Смири се, сите прават така. Највероватно се грчеви. Може и да му е жешко. Дали се грчи и има гасови? Дали даваш соодветни капки? Можеш да ставиш топла облога на меше, благо да го масираш, да му правиш вежби со нозете за испуштање гасови, да го потпреш на коленце со легнато меше... Исто пробај да го расоблечеш на кратко, моето веднаш престануваше да плаче штом соблечеме чорапки, малку да се позакачкаме. Некогаш помага и бањање. Да му смениш нешто, да се тргне фокусот од тоа што плаче. Пробувај едно по едно.
Фала ви, ми значи многу.. знам дека е многу мало и сѐ му е ново и е преплашено, но сепак паничам да не нешто не е во ред.. инаку му даваме колиеф капки и био гаја пробиотик. Утешете ме, до кога трае обично таа фаза 24/7 на цице и непрекинато плачење при мењање пелена, при бањање, значи скоро константно
Кај моето траеше еден месец, само во раце не плачеше. Кај секој е различно ама тоа е мора да издржиш, ќе помине дур да трепнеш
Фала ти уште од болница сестрите го пофалија дека бил најгласен и си држи репутација, изгледа ќе треба појаки живци од што си мислев..
Вие што сте 5+. Изгледа и у 5ти скок сме. Дали ви цицаат бебињата? Некако слабо цица деновиве малку ќе поцица и после ја стиска цицката млекото тече таа и гуга,ме штипка исто и ме каса. А уште нема заби. Дали значи дека треба веќе да почнам со вкусови пошто ја гледам кога јадеме директно во уста не гледа. Може зборам глупости, а може и стварно почнала да разбира. За заспивање како сте? Се отфрла назад може заб да ми скрши со главата. ме турка со раце ,нозе цуцлата автоматски ја катапултира. И вришти корне. А очите цело време ги чеша за спиење. А не сака да спие. И многу сила употребува. За жал и јас морам да ја стегнам да не може да прета па одвај да ја смирам и да ја заспијам некако. Во овие моменти многу нервоза ме фаќа.Утешетеме дека не сум само јас ваква.
@Eli23 јас ко бев на ортопед со малава баш ми спомна докторкава за Д3 дека се користеле 3 недели и тоа чувани во фрижидер во кутивче, без разлика на рокот после тоа се губеле својствата. Јас давам на пливит. @Erika.greeneyes иста е мојава, мислам дека 2 секунди цица и после си игра, тегне како глодалка да и е цицево Абер нема да извади заби, а од 1 месец отечени непца, двете раце од еднаш и се во уста, еднаш дури додека цицаше си ја бутна раката во уста да чеша непца...не прашуј како Баш утре сум на контрола на мерење и све по ред и планирам да прашам за јадење кога да почнам. Спремна сум јас со каши
Не си и ние сме исти, не пробувај да го заспиеш со сила полошо станува, едноставно направи му атмосфера, тишина, потемна просторија и биди до него ако заспие добро ако не занимавај го со нешто. Ние откога почнавме со вкусови веќе имаме 3 оброци и 2 ужинки.....млеко не сака за жива глава дури и да е прегладнет, само 2 ноќни оброци ни се млеко и млечни каши сабајле- вечер