До година на бебето основен оброк треба да му е или мајчино, ад или др млеко(избор на мајката). Цврстата храна заменува само еден оброк млеко, не да се исфли целосно. Ама вие си знаете, плус и од педијатар сте добиле зелено светло. И кај нас е 24-25 степени, се грееме на пелети, цела куќа е претопла,цел спрат е отворен, намалени радијатори и пак е топло. Бебе е по тенки тренерчиња и боди на кратки. Ако забележам дека му смета, седи и само по боди на кратки.
Според насоките сега би требало да воведувате втор оброк штом сте почнале порано ама ако 150гр ви се распоредени еднакво може и затоа матичната ништо не рекла. Јас мислам дека е премногу за желудничето, не е лошо да прашаш и друг доктор. А млекото не смее да го замени како што пиша Лејди горе, основна храна е.
Кај нас знае и над 25 да иде, ама бебе си е на долги. Зима е сепак. Денес почна со храна, сварив морковче и го испасирав. Оти е мала количина, не го фаќа сецкото. Ама го јаде. Да имаше како се ќе изедеше. Не можам да се изначудам мајки. За првото ни ужина не воведов од што не јадеше. Да не ја подречам само нека јаде.
Фала многу на сите за советите но никаде не пишав дека сум го исфрлила млекото, ако добро сте прочитале БЕБЕ НЕ САКА МЛЕКО, мене ми е полесно млеко да спремам отколку кашички, во таков хаос ме внесе за 1 месец што не знаев што да правам. Е сега кога нејќе немам друга опција него да му дадам да јаде тоа што сака пошто сум пробала и да огладни повеќе и пак не сака млеко. Но што е тоа е,нека е живо и здраво само па што следи ќе тераме.
Ако не сака млеко, пробај млечни каши. Нека внесува потребното така. @stsmua05 имаше такво бебче, дај боже да се променило. Ама и таа манекенка не сакаше млеко ако добро памтам
Не прочитав, јас прочитав само дека си ги заменило млечните оброци, како и да е пробај смени млеко или млечни каши, пробувај некако.
Млеко пие само навечер на 2 пати по 150 мл....денски не сака затоа е во 2 млечни кашички истото, сабајле - вечер и кога ќе соберам околу 500мл млеко е за 24 часа,затоа и матичната рече нема проблем. Е првото не ми јадеше и ко што вика @JuLleE не можев не ужинка него ни 2 оброка да воведам, па вака барем нека јаде.
Исто и мојот дечко, многу нервозно глода раце, дури главата ја тресе кога се чешка со рацете, доле е набабренко 4+ е, и јас и мајка ми на 4 ипол месеци сме извадиле забче. Дури и моите раце ги влече за во уста и нервозно ги ,,јаде" Душичиња којзнае колку ги нервира и боли додека да испаднат.
Кај нас е 23-24 степени, на клима сме и му облекувам боди на рамки, тенка долга блуза, долги тенки пантолончиња и чорапчиња, ако има нешто плус плаче Кога дремнува денски со едно тенко ќебенце го покривам.
А почнавте на 4ипол ради млекото што не го сакаше или од друга причина? И моето е на ад, сите ми викаат порано требало да почне ама јас сакам што покасно. Е сега не знам како се зголемува количината, до кога се зголемува килажата*150, да не му е малку, колку смеам да давам. Милион прашања имам во глава. Инаку, сабајле баш зборев со маж ми дека сум загрижена што не се превртува малово на стомаче, не сака баш да лежи на стомак, само ги вртам видеата од поголемиот и гледам дека далеку поактивен бил. На 3 месеци веќе сам си се вртеше во спиење и така спиеше дење ноќе. Ова малку помлитаво е ама пред малку ме изненади ептен, си лежеше на стомак и си гура со нозете како за лазење и се сврте од грб на стомак. Конечно некоја промена да видам кај него
Кога ќе почне да го достигнува максималниот дневен внес на млеко од 1литро и му е малку тоа, тогаш препорачуваат да се почне со цврста храна кај тие што се на АД.
Значи 1л е максималниот внес? Добро е имам време до тогаш, почнав да се плашам што е следно, мал е се уште.
На 4,5 почнавме заради тоа што е на АД, инаку си пиеше млеко без проблем. Да знаев што ме чека од 6 и покасно ќе почнев со пробување вкусови, јас почнав со готова кашичка јаболче по неколку лажички. Една тегличка од малите не можевме да ја изедеме за 3 дена колку што стои во фрижидер. Но кога почнав со зеленчук, одма изеде околу пола тегличка и за неколку дена веќе јадеше цела и престана да пие денски млеко, пошто покрај вкусови неколку лажички давав после тоа млеко. Инаку формулата кг х 150 мислам е додека да почнеш со еден оброк заменет, нека ме поправат поискусниве мајки ако грешам. А за лежење на меше ни моево не сака нешто многу, многу....се врти на страна па некогаш но поретко на меше но обратно не може, но др. Антоние рече дека нема место за грижа, секое бебе различно усвојува вештини мила
Тука сте ми поактивни, па да си прашам овде Бебо денес прими Рота 2 доза, петовалентна и превенар. Какви реакции да очекувам и за колку време? Од првата тура вакцини немаше реакции.
Викаат дека реакции од 24 до 48 часа може да има. И кај мене ниту од првите ниту од вторите немаше никакви реакции. Со лесно и да немате ништо исто како првиот пат
Јас не знам како успевате да облечете бебе, абе ова моево у шпихозни си ги вади нозете и ги пика или во една ногавица или ги скратува лева десна... чорапи и да сакам не можам да му облечам, стапалцата му се многу слабички и му паѓаат, така да без чорапи сме ние. Ни падна папочето, има малку крвче, не нешто многу и страшно, како да се раствора засирената крв. Патронажната вика да го чистам со хидроген и банеоцин да ставам.