Да за 24 до 48часа треба да се јават реакции ама ние немавме ни од првата ни од втората тура вакцини т.е имавме само поспаност и омлитавеност 2 дена.Со лесно и ништо да немате
25 е и кај мене, го облекувам по боди на кратки и тренерки или блуза и панталони. Еден долг ракав доста е Иначе мајки бебе пак почнува нервозно да јаде, обично тоа се случува во скок. Изгледа почнува 4тиот една недела порано Што да очекувам и на што да се припремам освен штрајк за млеко?
Земи термо чорапчиња и стави му ги над шпихозните. Мојов е месец и пол и само термо чорапи не му паѓаат
За почеток, најди си психијатриска установа во близина. Или морфиум. Некој опијат. Освен штрајк за млеко и вриштење на цицка, спреми се да го успиваш со саати и саати и саати. И таман ќе заспие, ќе стане со пиштење, вриштење. Спреми се да не спиеш и да живееш на работ. Ќе сака во раце да е цело време, а и во раце ќе плаче. Нормално е да чувствуваш да сакаш во болница да го вратиш и друго бебе да си земеш. Со среќа. Ние уште си седиме во 4ти. Прекрасно ни е.
И мојов нон стоп прета, ако облечам чорапи сам ги соблекува. Јас му ги облекувам под шпикозните (шпикозни такви затворени на стапалата)
Мајки колку често ги доите бебињата? Мојава преку ден едвај издржува два саата, а навечер знае да врзе и по 6-7 саата. (Еднаш врза 9-10 градата тапан). 3 месеци е. Некогаш нервозно ја тегне и влече градава, мислиш се расправа, стискам има млеко ама ај да не се мачи ја префрлам на другата. Муабетот ми е да не и давам многу често да цица? 2-2,5 саата?
Овие денови или ќе ме читате пречесто како кукам, или нема да имам време форум да отворам. Гледам трае цел месец, со лесно нека ни е. А вие излегувајте побрзо, ние сме на ред сега
Исто е и кај мене, месец и пол е малиот. Давам кога сака. Навечер почна да врзува по 4-5 саати, а некогаш и повеќе знае да врзе. Е сега денски почесто бара да цица и му давам. Кога сме кај градите, прво го ставам кај таа што не ја сака многу, на почеток убаво цица па после вришти, ја тегне, се нервира а имам млеко. Иако плаче, го оставам да поцица па го префрлам на другата града и одма се смирува.
Кога сака. Ја научив веќе како бара, некогаш е за галење, некогаш одма заспива, некогаш за јадење. Не гледам на саат воопшто.
Замисли на сето ова да имаш плус некој што ти вика: Мамааа дај да јадам Психијатрија бе А заби ко ќе вадат кај ќе фаќате
Бебево до пред два дена убаво спиеше, се буди за цицање ама пак продолжуваше по, три сата ке сврзе, од синоќа нема абер. Друго бебе е. Не сака да спие ни преку ден како претходно што си спиеше убаво. На пола сат, сат се буди, а едвај заспива и сака на цице. Кога цица цело време испушта звуци и претка многу, мрда со нозете, рацете, се истегнува. Цица па пушти за брзо и така цело време. Инаку од денеска влегува во седма недела.
Jas pa spihozni najlesno oblakam, se drugo ne se snaogam, preta bebe, gi stega racete mislam race ke mu skrsam i taka si stojat dzwmpercinja, bluzicki itn
Isto, si gi pika nozete vo nogavica, spihoznite optegnati, golo kaj vrat, a za corapi termo mu oblakam nad spihoxni. Kako cizmicki mu licat ama da ne e boso non stop
Кај мене е 23 степени со клима постојано, облекувам боди на кратки и одозгора шикозни без чорапи или тренерчиња и чорапи ако нема стапала.Дури ако се подебели одма кенка и плаче ич не трпи топло.Чорапите цело време ги соблекува.Некогаш е само по боди на долги и долен дел тренерките или оние како гаќички со стапала ама више ги израсна скоро сите.Навечер спиеме во спална на температура до кај 21-22 степени само на боди на долги и пижами долни покриено со кебенце.Ако е поладно спие поубаво ама дека блуцка и се мокри страв ми е да биде поладно да не се натопи па да ми се разболи додека го видам.
Моево бебче е месец ипол и има многу шлајмчиња. Ја слушам дека и хрчат градите и сака да ги поврне но не може и се дави. Ги вади и низ нос и низ кака по малку ама пак и е тешко и е раскенкана и плаче цело време. Се мислев да и направам инхалација само со физиолошки чисто да и се навлажни слузницата може полесно ќе ги исфрли, но не знам да не е пак многу мала за инхалации. Од кога почнавте вие со инхалации или дадете ми некој др совет како да и помогнам полесно да ги исфрли.. P.S. Бевме на доктор матичната ми рече дека плучата и е чиста нема ништо
Јас му направив инхалација со физиолошки на моето и веднаш поубаво дише и полесно го исфрла секретот преку измет. Инаку исто е месец ипол. Слободно со физиолошки му направи, нема штета. Во носето шприцам бекутан спреј и го чистам со аспиратор носе фрида. Се ова ми е препорака од доктор.