Јок бре, ни над шпихозни не помагаат, ни термо, ни ништо. Синоќа му облеков пантолончиња со ногавички и блуза/бенкичка, во 1 станав да го преслечам и беше гол надоле, се соблекол, бебе од 10 дена. Живец, цица и се кара со цицката, ќе ја пушти па ќе лапа рака, па ќе се нервира зошто раката не пушта млеко... Колку поразлично искуство од првото, со ова да требаше да молзам редовно не само навечер, ќе скренев начисто. Мислам дека од се најмногу му помага за грчеви Хип чајот јас што го пијам, вчера не пиев за да не ми се праи многу млеко да не направам мастит, пукна од стомаче, многу плачеше. Продолжив денес, ќе се молзам, тоа е, што да праиме.
@AngelOfArh зашто чорапи над шпихозни? Моево еве го цела зима е со боди на кратко и шпихозни. Дома ми е 22-23. Ако го облечам плус одма се кара. За надвор само плус капа и мече скафандер со ќебенце. А навечер само во нанам вреќа.
Лелее јас го преоблекував изгледа моето, гревче. Обично по боди на долги, ѕиврички и шпилхозни. А дома температурата е таа 22-23 степени.
Здраво на сите, вчера се вративме од болница, на 4ти ден не пуштија. Кога го преслекуваат таму за одење дома немаше валкана пелена, а пред тоа кога била последна не знам, не ми кажуваа такви работи. Еднаш само знам сигурно дека имаше валкана пелена, пред мене го преслекоа. Е сега проблемот е што дома се нема покакано воопшто и многу страв ме фаќа. Беше денес патронажна вика штом е на цицање не е страшно воопшто што нема валкана пелена. Да напоменам мокри пелени имаме. Јас колку што знам сега треба да имаме минимум три во денот, после 4-6 недели се толерира да нема. Не знам што да правам, дали да се обратам на педијатар. Плус имаме жолтица. Се има некој соочено со нешто вакво? И многу нервозен станува од спиење денес, гладен е, а едвај дур да почниме да цицаме од плачење. Си викам и стомачето да не го боли, па затоа да не плаче. Или да не не му стига млекото па затоа немаме валкана пелена. Сношти му дадов и од шише, после еден подој се напи и од шише, на другиот не сакаше. После шишето града не сакаше да фати му дадов еднаш адаптирано. Патронажните ми рекоа не од шише, ќе ми се одвикне веднаш од града и да не мешам адаптирано и мајчино. Мене млеко ми дојде уште во болница, и патронажните денес ми рекоа дека имам, а со пумпа ми излегува малку околу 20 мл од двете гради за 15 мин заедно ама после подој. Ама ми објаснија дека помалку млеко излегувало со пумпа. Инаку денес имаме 5 дена. Му дадов и пробиотик во 1. Прво дете ми е, според она што го гледав цица правилно, ама реално не знам што треба да очекувам. Претпоставувам немаше да стои на града подолго ако влечи само воздух.
Дали е нормално последниве 3 дена да кака еднаш во денот, но обилно и како потечно? За една недела правиме 2 месеци
А да го ставаш во потенка вреќичка по боди и шпихозни? Мислам нема да има потреба од чорапчиња. Или оние номад пелени од нанам. Секако е мало и како го ставиш така си лежи
И мојов вечито ги смкнува панталоните. Прета прета додека не ги соблече. Мора некој пар шпихозни да зедам Оти страшно е со панталониве. Само во вреќичка навечер сум раат. Се мислам и денски да му облечам, ама да не му се наруши ден-ноќ ритамот. Од што прета успева и памперсот да го смкне. Пазам ептен да е убаво залепен и пак успева до под газот да го смкне и ќе му протече. Инаку кога почнуваат грчевите?
Мојата во 1-2, некогаш и 3 ке ја фати. Имаме нова финта, легнуваме и цицката во уста и си лежи, ке поцица, ке дремне и после саат два ке заспие. Не спијам јас ама барем не ја нишкам и шетам, раце ми паднаа. Има 3 месеци.
Моево преку ден спие речиси секогаш од цицање до цицање, без исклучок. Понекогаш има само 1 буден период од цицање со цицање, најчесто тоа е некаде на пладне и од 10 до цицањето во 12 исто е буден. Ама јас во 12 му давам шишенце со некоја мала количина мајчино, 30-50 макс како дополна и заспива до кај 4-5 спие, па после до 7-8 спие. Е сеа мене ми е мачно тој период баш ми е најмачен, ја молзам градата што сум ја доела во 10, он не спие сака во раце, тогаш имам обавезно и за миење, за средување, големото сака друштво за спиење, се е тогаш, а бебе не спие, после следното доење молзам следна града и главеечки заспивам мислам. Ама он спие во вреќа, не е тоа проблем, ноќта не е воопшто проблем, дента е мачна, дека е мало, ситно, се му е огромно и му паѓа или му е прешироко. Кај нас почнаа одма на 5 ден, дента откако дојдовме дома. Вчера имаше мака ептен, се грчеше, дека не пиев чај за доилки, а тој изгледа му помага. Од синоќа и денес го продолжив и добар е.
Исто и моето беше така еден период секој ден во 1 заспиваше па се чудев дали е можно да не спие, изгледа период им е
Луѓе што се дешава у 5ти скок да ми каже некој што знае или поминал? Да се тешам дека е до скокот пошто полудев више. Слабо цица повеќе си игра со градата. И многу често е поспана птеку ден па скоро секој сат бара да спие ја нишаш пола сат за да поспие максимум 30 минути. А некогаш и нецели 5минути Ама навечер е јакото.Ете сабајле во 5:30 стана триеше очи а кога ја заспивав премногу вриштеше како да ја тепам. Со цел глас. Па не сакаше ни легната да лежи туку во раце да ја шетам. И дури во 7:30 заспа. Фобија имам веќе од заспивањето од тоа вриштење па и цела се витка дава отпор. Полудев веќе скроз. и цел ден си прикенкува само. Во глава само бебешки плач ми се врти.
Ние имавме такви периоди во скокови , се будеше у 5 и си збори си ги фаќа нозете нема шанси да заспие до 7 и само ја игнорирав и си се успиваше сама. И ден денес кога ќе се разбуди во период што е за спиење ја игнорирам или и ставам цуцла у уста и не и зборам само шш за да продолжи да спие.
Долу. И јас препишувам на тоа. Ноќе се буди на пола саат, веќе градите не ги ни прибирам Синоќа се пресмеав, кога се разбудив со кренати пижами и голи гради Јас па мојата навечер боса ја соблекувам Не се открива, а гледам мокри и се стапалцата. Боди на долги немам облечени сеуште одоздола. Ме замисливте да не и е ладно