Да ви кажам ве читам и си се тешам дека не сум сама За спиење абер нема пред 12, ама за нова година во 22.30 спиеше битно! Последниве денови не да ми е разлигавена, со легенче треба лигите да и ги собирам зошто лигавчињата неможат да додржат веќе. Се нервира 'ржи како куче, двете раце и се во уста до крајници ги бута па ќе почне да се дави па ќе ги подизвади и пак од почеток. Забиве абер немаат да излезат. Освен тоа навечер почна на 2 саати да ми се буди и мислам бара да и битнам цице само за да почеша непца. За облакање дома ми е само со боди на прерамки или кратки ракави и тенко маиче со хеланки, а за навечер исто боди со пижамчиња или шпихозни. По долги бодињата ми се џабе фрлени пари ама тоа е
Zdravo mamicki Malata mi e 3 meseci i pocna da kasla i da i tece noseto.Sto i davavte na vasite malecki za kaslica?
Кашла од носето. Чистете редовно нос и прскајте спрејче. За кашлање ништо не се дава, нека искашлува секрет. Тоа е добро.
До скокот е. За некој ден ќе почнеш и да халуцинираш Извини, знам дека не ти е смешно ама и јас многу се плашам од тој скок, уште сега го мислам. Вриштење ноќе, будење по милион пати, буден со саати, не ти дава да се одалечиш, нема јадење, спиење, туш… ништо, само до него да си. Уште малку ќе почнат битките за менување пелена
Леле иста сум Се будам гола нагоре Инаку и јас за џабе купував боди на долги ракави. Топло е фома, топла е зимата.
Ви дишат ли бебињата забрзано? Шест недели има малиот, денеска влезе во седма и го гледам забрзано ми диши. Носето му го чистам и му вадам секрет. Друго не му е ништо, барем не би требало. Се извадив од памет, не знам дали да го носам утре на лекар, од друга страна па здрав да не закачи нешто таму...Уффф животот ми се скрати.
Температура му проверуваш? Од покачена тт е можно да дишат забрзано,што не значи дека е тоа кај твоето. Јас по дома му облекував боди по долги и памучно елече одозгора.
Нормално е така да дишат мила, не се стресувајдише нормално па забрзано навистина од памет да се извади човек
Друштво во каква положба ги ставате вашите бебенца? 4 месеци е моето бебче. Кога се буди прво си лежи, па после го ставам во количка во полуседната положба значи грбчето му е легнато, право. Еве како на сликата каде што пишува агол 150 јас така го ставам и си играме Правилно е така? Пошо уште на 2 месеци кога го носев на ортопед ми рече дека може во полуседната положба да го ставам. Вие ги ставате така во таа положба?
На 2м на полуседната не ми рекле за големото, после 4м можеби, ама пред тоа не. Се зависи од дете. Ова додуша може уште одма да ми кажат полуседнат да го држам, глава држи, се исправа, цврст е ептен иако како прематурче ете го водат. 2800 со 49цм, ама мерките останати се помали, на органи, параметри, шеќерот му паѓаше не се стабилизираше... Мада еве го супер напредува, исто ко бато после дехидрирањето, ко по книга. Е во картонот е запишан прематурче, јбг.
Ајде да се пријавам и јас во темава . Туку ве читам со облекувањето и чорапкиве и се замислив да не не го облекувам соодветно. Дома е околу 23° во дневна, 19-21° во спална каде што спиеме. Преку ден е во боди на кратки и шпикозни, кога спие го покриваме со ќебенце. Навечер исто, само го ставам во вреќичка и зошто уште се навикнува и го стуткувам со памучно ќебенце. Среќа денес беше патронажната сестра и ја прашав и неа, вика дека си е таман. Инаку за чорапчиња јас колку што знам не е препорачливо навечер, заради циркулација во стапалцата. @eli25 јас уште не сум стигнала до фаза да седам гола со градите на мегдан, ама затоа по 4 пати се пресоблакам од што се цеди вода, буквално како кофа вода некој да истурил врз мене, а јас само со тенко ќебенце, другиве кој со јорган, кој во вреќа спијат Едит: моја грешка мм сега ме поправи, сепак за денски патронажната рекла и чорапчиња на оваа комбинација облека/температура.
Мајки здраво. Бебушот некако ми се стресува од време на време. Пример кога ќе седне да јаде и нешто не му е убаво истото го прави ама приметувам дека прави и кога не јаде туку при играње, седење и слично. Имам зборено со други мајки ми викаат така се стресувале кога мочкале. Некоја ако има слично искуство да ми каже има ли место за паника?
@Saf да, ко ќе мочкаат така прават некогаш. @Ano јас не потам ама жештини уште ме фаќаат после 4 и пол месеци. Дома сум постојано нагоре по маица, а долу кратки пижами. Надвор по блуза и елек, нема шанси дебела јакна да облечам. Јас се преслекувам од градите имам маица и две тетра пелени до мене, ама овие два три дена и давам во спиење од што мрда, се врти, клоца, нешто не и е погодено. И јас сум со градите надвор цела ноќ, а надолу од кичмата до стапалата се здрвувам цела од неудобна положба. Арно си спиеше мирна по цела ноќ ама време беше да осетиме некој скок. Е денски заспивањето ни е хорор.