Тука сум. За малку ќе беа на исти ден како му се брзаше на мали, ама додржавме 5 дена +. Секако тука сме и ќе се читаме
Нов tip and trick за успивање на пет месечно бебе. Шепкање за тоа дека сакам да патувам веќе фактички моите желби и оп он си заспива
Бебињата од 4 месеци како ви спијат дење? Мојот на секој 1ипол саат сака да спие, а навечер од 22 до 1 се молеме да спиеме.
Моево е од прилика 2 часа буден помеѓу дремките, има 3 дремки на темно и тивко, а навечер од 21-08ч си спие со 1-2 станувања за јадење (полубуден), а и тоа јадење сакам да го скратам некако Тоа што ве читам, мојот бајаги спанко си е
Мојот во 21 часот има голема желба за игра. Сношти заспа во 1ипол до 5 спиеше па јадеше па во 8 пак стана па јадеше па во 10 официјално се разбуди.
Првите два и пол месеци спиеше како ќе му дојде и навечер и преку ден. Но после јас му направив распоред на спиење. Кога ќе дојде времето за спиење, одма се носи во спална на темно со едно досадно (за нас) еднолично музиче, галење и си заспиваше, се додека не му стана навика. Сега веќе сам си го тера тој редослед.
Ве читам и ме замисливте, моево бебе да не е смрзнато? Дома ни е 21 најладно дење до 23 се качува, носи пантолонки, чорапки, кимоно боди и боди на долги или блуза. Толки. Нема две бодиња на долги облечено до сеа. Ноќе паѓа до 19 степени, ама покриено е со јорганче до горе. До под мишка или над раменце.
Исто и ја си ја облакам мојата и мислев цело време дека и е ладно и ја облеков повеќе одма склет и станува, ја мислам дека не им е ладно таман си е температурата и за спиење кај нас е исто и кога ке допрам гради или грпче таман и се топли само рачињата и се ладни некогаш.
@Rtulka @Maca Macka @eli25 @kristina.k мислам дека вашите дечиња имаат атопичен дерматит. Сакам ваше мислење бев на дерматолог ама некако немам доверба во неа пошто ми рече афлодерм 7 дена да мачкам а афлодерм е кортико и треба 4 дена одприлика да се мачка. За тоа се што ми кажа некако со резерва го зедов. Јас до сега мачкав еуцерин многу ја влоши состојбата. Потоа со ла рош многу и помогна. И го ксжав ова. Ми рече сега за сега да ја мачкам со биодерма атодерм три пати дневно. А навечер афлодерм маст. Па понатаму да си продолжам со ла рош. Прашањето ми е може додека мачкам афлодерм истовремено да мсчкам и биодерма. Да не е многу тоа? Или прво 3,4 дена да мачкам афлодерм па потоа да продолжам со атодерм? И дали атодерм се мачка само на зафатените места или може цела кожа да и ја мачкам?
Мајки со готови ли кашички е најдобро да се почне? Од кои сте задоволни? Холе, хип, бејбилов, дмБио? @Erika.greeneyes моеш целата кожа да ја мачкаш. Јас мачкам два пати дневно, ама ќе почнам и почесто еве. А дали за ат. дерматит би помогнал јекодерм?
Мене попрактично ми беше првите неколку вкуса да ги дадам од готова кашичка. Не ми се готвеше за 3-4лажички. Вака едно тегличе го користев 2-3 дена за воведување. Инаку ги користев брендовите што ги наброја,: Holle, Hipp, babylove, dmBio. Добри се сите.
@Erika.greeneyes првото има кај мене дерматит, зимава по 4 години пауза пак му се активира од паднат имунитет. Мислам дека Биодермата можеш на цело тело и не е многу ако ја мачкаш преку ден неа, а навечер неколку дена афлодермот. Сум го мачкала и јас по 7 дена ко ќе се многу воспалени раните, од друго не се смирувало. Еуцерин и кај нас немаше ефект, на мојот единствено што му помогна беше blue cap купка и крем, ама и тие не се за долго користење и не знам дали се за толку мало бебе. Пробај со таа комбинација како што ти рекла докторката, па барај друго мислење ако нема подобрување. Во принцип кај дерматитот од кремите што не се со кортико треба да се најде што одговара, не делуваат сите исто кај повеќе дечиња, ние еден куп пробавме првата година ко се појави.
Некако многу ми изгледа 7 дена кортико за бебе, до 5 треба да е најмногу освен ако не зависи од клиничката слика на бебето. Мене ми рекоа 5 дена јас мачкав 3 додека се изгуби и си продолжив со Ла Рош инаку со Биодермата можеш да го мачкаш цело тело но ако убаво ти делува Ла Рош како што те разбрав не менувај со Биодерма мој совет, ние лекарите во најголем број случаеви даваме она од што имаме профит од дистрибутерите од фармацевските компании за жал. Гледај бебе на што ти реагира и читај состав на креми, па прави како што кожичката најубаво му делува на некоја крема. Секој родител најдобро си го познава бебето, кај некој делува Биодерма кај некој не, кај некој Мустела кај други не,кај некои ЛаРош кај други Уријаж така да продолжи со тоа со кое гледаш дека има резултат мила
Јас сега прва тура купив Хип и добив Хип, ама ќе земам и од Бејбилов, Лино, ДмБио, Холе....се зависно што вкусови нудат. Знам да зготвам тоа што има сезонско. Не би земала овие поефтиниве кашички по маркетиве, за нив ми е страв некако.
Јас зедов на ДМ био и Хип, ама дадов Хип. Јас друго сакав да прашам. Утре планирам и матичната да ја консултирам. Бебка почна со храна, давам морков, втор ден. Бебе јаде како дупната. Дадов неколку лажици и бара уште. Со устата се кара и бара. Денес беше патронажната и добив насоки, следи и месо, ама сепак за да имаме оброк мора барем да проба прво неколку вкуса. Нема да ја оптерети ако дадам повеќе? Не знам, со исхраната немам искуство оти првото не јадеше воопшто, јас не се сеќавам да има изедено цела кашичка. Друго, патронажната спомна да не готвам на пареа, туку во вода и пасирано. А таман купив тенџере за на пареа, ќе го враќам сега.
Јас кога почнав со вкусови бевме 5м и почнав со купечки кашички, еден вкус два дена, давам по пола кашичка сабајле измеѓу оброк. Супер тераме гледам да не е нервозен за спиење и без проблем ја јаде пола. До сега не се оптеретил, исто почнав со морков. Втор пат дадов морков неќни за божик, толку слатко го јадеше па дадов да си ја изеде цела каша од малите. Превесел беше немаше никаков проблем издржа 3ч после кашата за млеко. Го слушав Сајкоски на 0+ тој советуваше да се дава колку што сака, секако овие првиве вкусови не се толку алергени.
Јас утре почнувам со јаболче. Готова каша на хип. По два дена да давам еден вкус или три? Колку дена може да стои во фрижидер отворена кашата 3 дена? Кога ќе ја извадам од фрижидер би требало да поседи на собна температура да се стопли. Исто пошто прво дете не знам како треба да воведувам нови вкусови. Прво јаболче па три дена круша, па има на хип каша круша јаболче? Па слива. И после слива со банана значи сум вовела и банана. Или треба чисто банана. Па потоа да мешам слива и банана. Постов хаос ваљда ме разбравте