Јас давав по три дена ист вкус. Прво давав по едно овошје/ зеленчук не во комбинација за да видам да не има реакција од нешто па кога воведов оброк почнав да ги комбинирам веќе пробаните вкусови.
Некои кашички можат 2 дена, некои 3 дена во фрижидер Си пишува на нив. Битно е да не даваш директно од тегличката , да не се контаминира со лиги. Можеш после вадење од фрижидер да дадеш одма, може малку да поседи на собна температура или да ја ставиш тегличката во сад со топла вода. Твој избор. Вкусовите можеш да ги даваш чисти, а можеш да мешаш и нов вкус со веќе воведен.
Мајки бебињата што ви пречекаа вирус периодов за колку време им помина? Малово има вирус, има со секрет во носето. Преплашена сум искрено. Се надевам за бргу ке му помине.
Секој ден нов вкус давав додека да проба од сите после мешав. Почнав со тиква подобро со зеленчук да почнеш било кој. И алергени има пробано и јаде. 9++ е
Нашите беа родени ист ден нели? Утре ќе и дадам колку сака. Јас од искуство со првото и според најновите препораки не би дала овошје прво. Овде овошје е при крајот. Пишав дека почнуваме со ручек за да се поклопи времето на ручек со градинката. Потоа следи вечера млечна каша, и потоа овошјето како утринска ужина. Појадокот е околу 10 месец кога ќе јаде леб.
Ќе извадеш од кашичката во друга тегла и тоа што ќе го даваш ќе го затоплиш, другото врати го во фрижидер, другиот ден ќе го затоплиш и ќе го додадеш.
Ај малку оф топик. Има некој што планира да почне со слабеење по празниците? Барам друштво и мотивација оти почнав и за доручек сникерс да јадам. И тоа не едно, 2-3 одат на ден. Ако не ме побрка 4ти скок ќе ме побрка погледот во огледало
Јас почнав од денес со некој мој режим, ама толку често цица што ме фати и мигрена и ќе паднев со неа од вртоглавица вечерва. Или може е психички дека не каснав чоколадо денес, ама бруфен заврши работа. Мора да се слабее, нема одлагање, тука сум за друштво, а во темата поддршка за слабеење пишувај си, стално се наоѓа мотивација таму.
Сега ќе се расчитам таму белки ке се мотивирам. Планот ми е од 16ти да почнам. Ќе ти пишам ако ми треба водич
Исто срц. Сабајлево изеде мала хип тегличка јаболко + банана. Пресреќен беше. Да имаше уште 100% ќе јадеше.