Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Freckles.

    Freckles. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.870
    Допаѓања:
    4.824
    Мајки синко е 5 месеца без некој ден. Буден е по саат ипол макс. Читам за негова возраст прозорот на будност е поголем. Како да го зголемам на 2 саати?
     
  2. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    6.667
    Пол:
    Женски
    Да обично телефон не креваат никогаш :D
     
  3. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.520
    Допаѓања:
    8.511
    Пол:
    Женски
    А афлодерм можам два псти на ден? Сабајле и навечер?
     
  4. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    3.195
    Наутро им е пократок прозорот на будност, како што поминува денот им се зголемува. Ние сме 5 месеци плус 1 ден, тука ни се бебињата по возраст. Наутро после спиење саат ипол издржува па дремнува.

    Пред втората дремка ја држам уште 15тина минути будна (ја макнам малку во раце, или ќе ја заиграм некако уште малку да издржи), значи сат и 45 минути.
    Пред третата дремка е отприлика 2 сати будна, ама тогаш излегуваме со количка, сат ипол е супер си играме дома, почнува да покажува знаци за спиење, тогаш ја спремам за излегување, па додека излеземе, додека заспие во количка поминале 2 сати.

    Четвртата дремка ни е последна, и пред таа некако ја држам 2 сати будна, ама тогаш ручаме со мм и многу е интересно да не гледа како јадеме.

    Е сега навечер и се приспива после сат ипол, почнува да се буни, јас тогаш и ја слекувам пелената и ја оставам да седи околу половина час гола. Тогаш ни е најтопло дома, а и за газето малку да и се лофтира од пелените по цел ден, за превенција од пеленски осип. Таа обожава да е гола и тогаш почнува забавата, се смее, се врти, мафта со играчки, после дури се облечеме, додека цица и заспие, поминале 2 ипол сати.

    Кај нас малку е проблематично што спие макс 30 минути, до скоро имаше 5 дремки (facepalm) И ја скратив 5тата дремка зошто веќе 10 вечер не фаќаше легнувањето.

    Значи сума сумарум, како што поминува денот ќе зголемуваш прозори на будност, по 15 минути, ќе наоѓаш занимации. Откако пркна малку и се опушти со луѓе, одење по гости ми е исто супер за држење будна уште малку... Бевме кај баба ми за Божиќ, 2 сати ја забавуваа сите дури јадев на рат, дури после 2 сати почна да се буни. Си заспа во транспортер во кола.
     
    На Alexandrite и Freckles. им се допаѓа ова.
  5. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.334
    Допаѓања:
    3.079
    Пол:
    Женски
    Ние сме 5.5 месеци, саат ипол е буден 45 мин спие веќе 2 месеци е исто. Е сега со скокот малку ни се измести и додека го заспијам фаќа фазла време на будност и полошо е.
     
    На Alexandrite, Rtulka и Freckles. им се допаѓа ова.
  6. Blue moon

    Blue moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2020
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    270
    Во понеделник примивме Рота во Јане Сандански
     
    На Rtulka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cloverrrr

    Cloverrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2019
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.606
    Пол:
    Женски
    Има Јане, вчера примивме втора доза :)
     
    На Rtulka и anngelique им се допаѓа ова.
  8. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.931
    Пол:
    Женски
    Да, два пати на ден. И да се повлече црвенилото по вториот ден, продолжи да мачкаш до седмиот ден.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.608
    Допаѓања:
    48.968
    Пол:
    Женски
  10. Saf

    Saf Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2018
    Пораки:
    1.259
    Допаѓања:
    1.611
    Мајки препорачајте некоја добра игрална за бебе, оние што се со мрежи или некој друг предлог. Не можам да се измочам буквално, лаза, се качува по кревети по масички се пентари не можам 2 секунди сам да го оставам :whew: а сама сум немам никој дома по цел ден.
     
  11. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    9.043
    Пол:
    Женски
    Времево ужас.
    Два пати ја изнесовме на гости одма исфрла зелени мрсули .
    Докторот ни даде Аква Марис . Го прашав дали е потребно секој ден да ја слуша на гради ,рече нема потреба . Само да ја следам.
    Колку пати можам да прска од Аква Марисот.? Спрејот.....
     
  12. Saf

    Saf Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2018
    Пораки:
    1.259
    Допаѓања:
    1.611
    Ја ставав по потреба, неколку пати на ден. Никој ништо не ми спомна ми рекоа само често да ставам и да чистам.
     
    На Misskirova му/ѝ се допаѓа ова.
  13. jelo

    jelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    1.179
    Допаѓања:
    2.238
    Пол:
    Женски
    Аква марис бејби така? Можеш и до 5-6 пати во 24 часа, така ми кажа педијатар.
     
    На Misskirova му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    9.043
    Пол:
    Женски
    Фала ви.
    Незнам само дали да земам носко за влечење .,да не е поефикасно? Иако докторот ни рече да не земам зашто е мала....
     
  15. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.663
    Допаѓања:
    5.832
    А зашто да зголемиш? Ако му се приспива нека си спие...сам ќе си зголеми. Јас така се паничев на 3 месеци кога на саат, саат и 15 мин ми заспиваа, па ги оставав и полека си зголемуваа. Сега се скоро 7, ама од 2 и пол саати поише ретко издржуваат, за нивна возраст можеби е малку ама не сакам да ги оставам на сила. Само пред ноќно спиење ги држам малку плус зашто поубаво спијат после.
     
    На Srcka28 и Freckles. им се допаѓа ова.
  16. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    6.667
    Пол:
    Женски
    Јас со nose frida вадам и едно од бебе хоум
     
    На Misskirova му/ѝ се допаѓа ова.
  17. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.285
    Допаѓања:
    15.135
    Пол:
    Женски
    Ај малце просветлете ме
    Бевме денес за 3 доза рота и 3 доза шестовалентна. Матичната вика има време за стрептокока. Одам денед ми викаат 3 доза рота и 1 стрептокока?!?!?!? За 3 доза шестовалентна било рано(facepalm)

    Прашав и за вкусови кога како што вика можеш да почнеш со морков, па јаболче, па тиквица, па круша итн, демек мешано зеленчук овошје и се да биде варено, а понапред пишав матичната вика јаболка, круша, банана, слива, праска, кајсија се свежо, па после морков, компир..

    И така изгледа ждрепка ќе влечеме дома како да тераме:drunk:
     
    На VirgoStar, Erika.greeneyes, Alexandrite и 2 други им се допаѓа ова.
  18. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.663
    Допаѓања:
    5.832
    Леле како ме нервираат со ова препораките за исхрана неусогласени. Ко од ракав да ги даваат. Па по форуми и фб групи поедуцирани препораки сум добила. Ужас. Еве @JuLleE пишуваше дека таму кај што е добиле прирачник со јасни насоки и верувам дека таму е стандард. Овде која како ги гледала децата така препорачува.

    Едит: 3 доза рота, шестовалентна и преневар имаме закажано на 7+. Од сам старт сите заедно ги боцкаа
     
    На Srcka28, Jordanovska-K, Alexandrite и 3 други им се допаѓа ова.
  19. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    6.667
    Пол:
    Женски
    Дали за 3та доза рота треба крвна слика? За 2ра носевме ни рекоа не требало
     
  20. Freckles.

    Freckles. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.870
    Допаѓања:
    4.824
    @le.soleil баш за вечерното ми е највише. Зашто се буди 40мин откако ќе заспие, па го презаспивам.
    А помине еден час од последна дремка, он веќе трља очиња, влече ушиња... А препораките се бар 2 часа да се будни.

    А има друга мајка чие бебе дака да спие во темно? Значи дневните дремки мора да се со ролетни спуштени и завеси темни навлечени. Бевме на преглед и се задржавме повеќе, му дојде време за спиење. Плачеше се дури не ми текна очи со рака да му прекријам.
     
    На Eli23, Blue moon и Alexandrite им се допаѓа ова.