Форумџика на годината

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.819
    Допаѓања:
    7.018
    Пол:
    Женски
    Дремки дома спие во скроз темно со фен пуштен. Само во кола заспива било како :rofl:
     
    На Eli23, Blue moon, Alexandrite и 4 други им се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    264.732
    И пишани прирачници и ми дојде патронажна, исто и матичната, се усогласено и се исто кажуваат. Насоките се тие, и се почитуваат од секого. Притоа се усогласени со последните препораки.
    Тука се по протокол се тера, пораѓај, прегледи, вакцини.
     
    На Srcka28, Eli23, le.soleil и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.881
    Допаѓања:
    123.150
    Пол:
    Женски
    Да не зголемуваш.
     
    На Eli23, Rtulka, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Freckles.

    Freckles. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.872
    Допаѓања:
    4.832
    А кои се препораките?
     
    На Eli23 и V.N. им се допаѓа ова.
  5. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.613
    Допаѓања:
    17.944
    Пол:
    Женски
    Не носев јас, не ни побараа
     
    На Eli23 и anngelique им се допаѓа ова.
  6. jelo

    jelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    2.328
    Пол:
    Женски
    Истооооо:D
     
    На Eli23 и anngelique им се допаѓа ова.
  7. Jasmin@

    Jasmin@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2021
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки,
    Ние сме 2,5 месеци и во понеделник сме закажани за вакцина.
    Ме интересира колку вакцини има во 3-тиот месец и дали настанува реакција од вакците, како што се црвенило, покачена температура и сл.
    И како се справувате со нив?
     
  8. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.545
    Допаѓања:
    38.810
    Пол:
    Женски
    Каков прибор купивте за почеток на дохрана? Сакам да купам комплет од Металац за варење мала количина, ама за чинија се мислам после аферите со бамбусовите чинии. Дали е добар овој сет, го има некоја? Од каде купивте чинии и што материјал?
    img_2_1673435067753.jpg
     
    На TheGoldenPeach, VirgoStar, Eli23 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.492
    Допаѓања:
    18.833
    Моето кога почнуваше со цврста храна,првиот совет од матичната беше да сварам јаболче, два дена да му давам по некоја лажичка од водичката во која се варело (без шеќер нормално) за да се навикне на вкусот, а потоа да го изблендирам со малку од водата.
    Е тогаш немав рачен блендер па едвај во нутрибулетот изблендирав мала количина,па другиот ден хип од јаболко му дадов. После ми дојде памет:D
     
    На Eli23 и V.N. им се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    264.732
    Пишав во неколку наврати, еве пак.
    Се почнува со зеленчук во 5-6 месец, и во истиот се продолжува со месо и компир. Во 6-7 воведуваш риба, па овошје со житарици. После 6 месец можеш да користеш маслиново. Исто воведуваш и јајце.
    Овошје строго некаде при крај.
    И храната ја воведуваш за време на ручек, со цел прво да се замени ручекот и тој е обично нели зеленчук со месо и риба. Ручекот е околу 12 ч до 13, за да се поклопи со ручекот во градинка.
    Вечерата е млечна каша.
    Овошјето се воведува како утринска ужина. Варено. Освен бананата.
    После е вечерата и на крај појадокот. Појадокот овде е на крај некаде околу 10 ти месец кога се воведува леб и намаз.
    Тоа е според последни препораки.
    Парчиња храна воведуваш од 8 ми до 10 ти месец.
    Храната се спрема во малку вода се вари, колку да омекне.
    Воведуваш сезонски зеленчук и овошје.
    Зеленчукот и месото се по 3 дена воведуваат, овошјето 4 дена.
    Компирот кога се воведува најпрво се дава 1/4 од еден компир.
    Млечните каши се состојат од гриз, ориз, палента, житарки значи со АД млеко. Освен ако можеш и имаш мајчино да се одмолзуваш.
     
    На TheBluePhoenix, Srcka28, Eli23 и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    5.794
    Пол:
    Женски
    Имам од Металац мало тенџерче со Мики Маус, супер е. Инаку најчесто користам пластични чинии од ДМ или Томи Типи и пластични лажичиња од ДМ.
     
    На VirgoStar, Eli23, Rtulka и 2 други им се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    264.732
    Има во ДМ натурал некој, зедов мала чинија и лажички. И јас сакав бамбусов, ама се предомислив. За готвење сакав исто на пареа, па ми рекоа не, туку во вода сварено и после пасирано.
    Сега ќе го менувам и се мислам што да земам. Ќе земам две мали тенџериња само за нејзе да се.
     
    На Eli23, Rtulka, velesanka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    5.145
    Допаѓања:
    43.871
    Пол:
    Женски
    И јас го зедов тенџерчето на Металац, само за него готвам во него, гезвенце посебно си купив за варење палента, гриз, нели на почеток мала количина се става и одлично ми се најде тоа. Силиконски лажички кои не ги користиме многу многу, обична чинија од аркопал, сега веќе обожава да јаде со голема лажица зошто го гледа брат му :)
     
    На Eli23, JuLleE, Rtulka и 2 други им се допаѓа ова.
  14. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.664
    Допаѓања:
    2.482
    Која цена е тенџеречето?
     
  15. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    5.145
    Допаѓања:
    43.871
    Пол:
    Женски
    Леле ич не се сеќавам, го купив од локален маркет во нашиов град, се си мислам околу 1000 ден беше,.
     
    На velesanka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mamacita00

    Mamacita00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2022
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Не спиевме цела вечер синоќа, месец ипол е и има мноооооооогу шлајмови што кога ќе ја заспам и налегнам почнува да се дави и затоа цела вечер беше будна и сакаше да и зборувам како да се плаши да заспие а ако воопшто заспиеше спиеше само во моите раце..не знам што да правам. Вака е весела, но и кога кивнува гласот како да и е фатен се осеќа дека има шлајмови.
    Сабајлево и направив инхалација со физиолошки и и се оттакна малце носето па и го исчистив со аспиратор и спреј за нос ја прскам но џабе..
    Ја контактирав докторката ми вика нема што да правиш освен само да ја тапкаш по грб :^)
    Давајте совети што да правам оти ме фаќа паника кога ја гледам таква
     
    На Rtulka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.329
    Допаѓања:
    51.200
    Пол:
    Женски
    И мојата таква беше секој ден 2 пати правевме инхалација чистевме носе и еве и помина
     
    На Rtulka и Mamacita00 им се допаѓа ова.
  18. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.613
    Допаѓања:
    17.944
    Пол:
    Женски
    Јас имам од големата тањирчиња и лажички од томи типи и супер ми се еве уште ги чувам, а сега за нова год доби малово и тањир,термос, лажички и тањир со капак на твистшејк па ќе видиме тие како ќе се покажат
     
    На Rtulka, Eli23 и kristina.k им се допаѓа ова.
  19. Mamacita00

    Mamacita00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2022
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Колку време ја држеше така, после колку време и помина?
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sweetgirl92

    sweetgirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    1.931
    Ние ја имаме оваа ја порачав од нама и е супер. Исто и јас од истата причина ја зедов и мн ми е практична барем знам дека е на сигурно. Screenshot_20230111-142338_Chrome.jpg
     
    На Saf и Rtulka им се допаѓа ова.