Околу една недела ја држеше, сега накашлува по малку само. Само инхалација и чистење на носе, шлајмовите мора да ги вади или ќе ги поврати или ќе ги голтне. Полека ќе ги исчисти шлајмовите.
Моево е скоро два месеци и му го чистам носето. Слободно му го чисти, мораш за да не спушти на плуќа. На друг начин не може да му се извади секретот. Јас му го чистам со аспиратор на носе фрида и на чико. На чико делот кој се става во носето е мек, гумен, на носе фрида е пластика.
@Mamacita00 земи ја и да ти спие под агол на градите за да не ја дави шлајмот. Зголеми влажност во просторија и исечи кромид стави и покрај главче.
Е истово ми се случуваше. Таа последната дремка им доаѓаше вишок, затоа ги оставав подолго да се уморат убаво и да заспијат и ја скративме таа дремка. Ама бараше напор да седам цело време до нив да ги ушушкувам ако почнат да се будат. Мислам дека конечно успеавме.
Како ги употребувате нистатин капките? Педијатарот денес ни препиша ама читав низ форумов дека поефикасно било да се капнува на стерилна газа и да се чисти..
15-20 капки на стерилна газа. Ја мотам газата околу прст и чистам темелно јазиче. Плаче, се дави ама после е далеку подобро.
Од кога може да се почне да се ставаат бебињата во џампер или дубаче? Сакаат ли да седат? Како функционирате со needy бебиња, едвај чекам да почнам да го ставам во нешто барем по 15-20 минути да можам нешто да направам. Кога е будно плаче за во раце, кога спие мора до него да лежам, цело време е залепено за мене.
И моето лепенче е само со мене и јас се прашувам ова и со што друго ги занимавате? Јас освен што цица, го легнувам со играчки тропкалки и музички играчки го занимавам, полуседнат во количка па си збориме демек дурииии и сликовници му вртам си гледа хахах и на крај нормално во раце исто и тами тајм ама сам си се врти сеа на меше и така завртен потпрен на раце си ги јаде Друго шо правите? Како ги занимавате?
Моето сака да седи во релаксатор клацкалка и имаме бејби џим со него се занимава ама мора да си му на видик иначе се буни одма . Некогаш го ставам и на столот за хранење и му ставам играчки на масичето
Колкаво е твоето бебе? Моево ништо ама ништо периодов не го интересира. Намќорче невидено. Во количка уште лежи, чекам зелено светло од педијатар/ортопед. И тоа лежи од кога ќе го успијам, иначе во раце и друг ми бутка количка Сака така да седи да гледа?
4 месеци и две недели е. А мене ортопед ми рече уште од 2 ипол месеци полуседнат дека може да го ставам, исто како во релаксаторот што е само во количка. Инаку да, сака така да седи да му зборувам и он демек нешто кажува ама брзо му здосадува.
Јас го седнувам во количка 45 степени и му зборам, мафтам со мече едно, дури му давам ко награда што го дофатил да го лапне еднаш. На подлога да се пресига по играчки. На кревет го соблакам бос надолу, му ги мирисам, бацувам стапалата, тој се кикоти. И некогаш оставам да гледа цртани, со висок контраст, за стимулација на бебиња, Dancing vegetables, значи кратко, да испијам едно каВе. Некогаш и дада му го игра ама под мој надзор.
Мајки, ај едно глупо прашање... Како ги бањате бебињата, на подлога во корито или како? Јас досега ја бањав во коритце на една подлога од Џамбо земена уште за синко, ама сега сум сама со нив двајца и напорно ми е да внесувам и изнесувам во дневна корито, кофа, подлога, 300 тракатанци Дали ваква подлога е добра опција ако користи некој, да можам да ја бањам директно во туш кабина или во коритце под туш? Не ми се фрлаат 1500ден ако не е практична
Ели од кога почна да се пресига по играчки? Мојот уште не се пресига како шо треба ниту кога е на меше ниту кога му држам над него играчка кога е легнат, т.е се пресига ама скоро до раче ако му ја донесам.. и дали кога е на меше ги лапа и шмука рачињата? На мојот бебуш тоа најинтересно му е кога е на меше
Во коритце, на мрежа. Ми се погоди. Па до скоро не фаќаше убаво. Може после 5 и пол некаде. Прво полна тупаниците во уста, па потоа да држи играчки, пред 5 6 дена цуцлата успеа да ја лапне сам. На меше кога е не прави ништо. Само гледа и кенка.