А како се учи мало новороденче да не е цело време во раце, за мене прашувам бидејќи кога не е во раце плаче 90%, уште не може да прифати дека не е веќе во стомак.. за играчки не се интересира сеуште
Треба да го остаиш да рика. Јас друг начин не знам. Затоа моите две во раце израснаа. Може не ми се носени по бајачки доволно.
И мене ме интересира. Сите само тоа ми зборат, го научи во раце. Со што да го држам, со нозе ли. Ако не го земам во раце кога плаче заоѓа од вриштење, не можам да го смирам. Од сабајле е најрасположен, го оставам на кревет и се растрчувам нешто да направам со себе. Како проаѓа денот, теорија нема само да седи. Што се не измислувам веќе. Со чија семе во ќеса шушкам, тропам со маталка, уши ми зујат. Веќе не се додржува над 8 кила е, нема ни 4 месеци.
Мајки, со царски сум породена пред 6м, досега не сум отишла на депилација иако до последно редовно одев од дете. Чудно ми се испонаша козметичаркатса, демек она можела се да фати освен рани лузни.. Не ја сфатив, наместо да ми каже нормално е, не си прва, таа што ми кажа и ме замисли ... Ваше прво искуство после царски со депилација?
Јас го имам скроз истиот комплет ама уште не сме почнати со дохрана за да пренесам искуство. Вака на изглед делуваат квалитетно и преслатки се. Другарка ги има исто и рече ептен и служеле, особено тенџерчето. Еве да се вмешам, мојава во четвртиов скок почна да фаќа сама. Првин само ако и го донесеш до раце, а веќе во 4++ почна сама да посегнува и граба, возбудена дирек во уста се шо ќе фати. 6та недела по царски штом ми престана крварење дирек на депилација тркнав и се си помина уредно. Најверојатно на твојава и е језа да гледа пресен рез па те одбила инаку веќе ти е скроз зараснето и слободно може да се депилираш.
На грбче кога лежи си пресига по играчките сама што се над неа во подлогата или се врти да дофати, а на меше рацете и се во уста исто
Јас кај Александра Димова бев, таа ми даде ваква препорака. Инаку и јас сакав марама првично затоа што ми се гледаше попријатна. Сега размислувам за Ерго носилките т.е за Омни 360 ама изгор се скапи па размислувам дали вреди да дадам толку пари.
Истото ми го зборат, најмногу свекрва ми: зошто го учиш во раце, пушти го, остави го да плаче, не го успивај во раце пушти го сам да заспие, остави го сам да си игра (а месец и пол има само, со што да игра)... Се чудам од коментарите, а не е дека некој друг пати од тоа држењето в раце, јас си патам, јас сум сама до 17ч дома и јас го држам, од друга страна да можев помалку да го држам немаше да сум будала да го "учам" во раце за да ме болат и грбот и рацете Такво си е бебето...
Не знам дали е до детето оти синко ништо не прифати освен раце и количка. Бебка е уште прв ден во релаксаторот, во количката и креветчето. Некогаш знае да негодува, ама не ја зимам веднаш и си се научи. Ама затоа мајка ми Стално и е во раце и бебка штом ја виде одма и скока. Не знам, може и е до тоа, а може и е до бебе. Ова по книга ми е, уште да ја научам да спие како што треба. Иско синоќа заспа во 22:30 и дури во 7 ипол стана да цица. Ова се нема случено два месеца. А демек во 5 ти скок сме. Или е затишје пред бура или не знам, и дошол памет или не знам… И еве пак презаспа.
Мајки кажете искуство зошто пукнав Бебе во последно се буди со викање. Значи не плачење туку гласно пискање како голем човек кога вика од страв. Не можам ни јас да заспијам од што се плашам дека пак ќе свика во сонот. Од што може да е ова, бебче е 2 и пол месеци
Глупости. После 2 мес. се депилирав, дури ми рече она и за месец можам. Ама на резот сеуште не , зошто мене ми е шубе, инаку интима без проблем и никаква мака немам