Др. Сајковски во 0+ емисијата што е , истите насоки ги даде , кажа дека тоа се препораките во европска унија , и дека они побтоа се водат , скроз различно од матичниот педијатар на крај останува кој како мисли и сака, за тука кај нас зборам
Ортопедите не препорачуваат дубак. Мене за големата ми рекоа не. Ја ставав по малку само да завршам некоја работа по дома. Каличанин ми рече само статичен дубак може.
Кажав затишје пред бура, еве ја крена температура Синоќа во ред беше, се будев дури јас, ама немаше ништо сомнително.
Ели одма носеш на матичен кога ќе крене температура или чекаш ден два? Често и кака, мислев ради воведување на храната да не е?
Извини, ќе се убацам. Јас за темп не сум носела на матичен освен ако не ја држи повеќе денови или ако не е ептен претерано малаксана, и ако нема други симптоми.
Коса ми се крева кога ќе ми речат си го научила во раце.. па што ако сум го научила, мој си е и јас си го држам, боли грб и раце ама преубаво ми е кога ме гушка со тие негови рачиња. А особено ме вади од такт кога ќе ми го рече ова свекрва ми шо еднаш неделно иде да си го види внукот (живеат многу блиску до нас бај д веј) и не не ми треба помош од неа само дај бре жено откачи ми се, не ми добацувај Малку забегав со коментаров ама да се пожалам малку Инаку тежи и мојот ама тоа е, среќа не бара ептен често да е во раце освен кога е во скок а моментално сме во 4
Исто и мене ми збореше уште кога се роди , и јас и реков сега е бебе и бебе се држи во раце, земи ти син ти држи го сега ако можеш , и еве полека полека сама си заспива веќе , ни преку ден не ја нишкам само легнувам до неа да ме држи за прст и заспива , а да оставам бебе штотуку родено да ми плаче за според нив да не ја научам во раце , нема теорија.
Ако не ги носиме сега во раце, сигурно нема на 5 години, или 15,кога ќе бегаат од нас. Еднаш се вака малњчки, и сосема наши, после ги делиме со цел свет. Уживајте и гушкајте ги. Ќе дојде време ќе ни кажат мамо досадна си, не ме замарај. А ако ви кажат да ги оставите да плачат и така да заспиваат, еве малку инфо https://www.instagram.com/p/CnSFe2rJmro/?igshid=Yzg5MTU1MDY=
Зелено светло за депилација добив одма после првата контрола , после 40 дена што ми беше , депилација , вежбање , исто како пред бременост...
Ги шетате бебушите на многу ветер? Моментално дува многу, а јас имам некои обврски во град. Не знам дали да одам со бебе или да го чекам мм да си дојде од работа. Ај просветлете ме
Ќе го покриеш убаво, капче, ќебенце, во количка и ќе излезеш. Е сега зависи, колку е ладен ветрот ама мислам нема да има проблем.
На ветар избегнувам да ја шетам. Не знам, шубе ми е. А може и до мене е, јас не сакам да видам ветар па затоа и неа не ја изнесувам. За шетање баш со количка зборам. Онака од кола до банка пример сум ја носела
7 степени е, ама ладничко е Со воз ќе одам и имам некои 15 мин пешки до местото. После мм ќе не земе за назад. Не знам и мене ми е шубе, и јас мразам ветер
Ако шиба ветер не, пошто и мене не ми е пријатно така. Ако само дува, соодветно облечено и обавезно капче. Ако имаш неодложни обврски, ќе му ја ставиш пластичната прекривка, секако нема така ништо да сети и ќе биде заштитено.
Јас би го чекала маж. Ако ептен не си го пореметуваш денот, па да мораш да одиш сега. Јас секогаш би пре со кола него пешки освен ако не пука сонце надвор