Не е висока докај 38 со 5, ама и кака многу. Не е класичен пролив оти некогаш е потврдо, дека јадеше вчера. Денес не сакаше да јаде. Ќе ја следам. Ја извадив на сонце покрај море, падна температурата и заспа.
Мојата е 4 и пол и не се врти уште, само се крева за седење. Не сака ни на меше многу, одма плаче и си мислам да не е некој проблем. Кажете некои вежби, мислам @Alexandrite имаше пишано како вежбате за вртење?
Ние бевме пред 2/3 недели на преглен кај Тони Талески, ни кажа да ја легнуваме на грб, да земеме некоја играчка за да и привлечеме внимание и да и ја движиме на едната страна со тоа што после некое време не само со поглед ке почне цела да се врти, после тоа истата постапка на другата страна. пс: за вежбата со влечење на раце да седне рече дека нема сврха, зошто таа пасивно учествува, работата ја завршуваме ние. За вежбање на вратчето и држење на глава што повеќе тами тајм, на почеток рече секако нема да сака ама да сме упорни, и со тек на време ке и премине у рутина.
@JuLleE со лесно мила, завчера два пати поврати моето, крена 38,3 ставив чепче откако се чув со матичната, после тоа еден ден ептен беше кенкав, денес добар е. Далие некоја реакција поврзана со никнење на запчиња или стомачен вирус кој ќе го знае, битно брзо мина.
Мајки дали бебињата ви мрдаат лево десно со главата како да прават Не? Моево почна од кај 6 месеци негде и уште си прави така кога ќе не види нас да мрдаме или кога ќе си игра нешто, не можам да разберам зошто и што му значи. Не ми текнало досеа да прашам педијатар мислев си игра ама гледам дека често прави.
Мојата е претежно во раце, играме, пееме песнички, една минута да ја оставам и плаче. Во подлога со играчки 5 минути преку сила седи. Не сака ни во релаксатор. Баш ко планирав да ја ставам на меше повеќе и наредив на под коцки и играчки се разболи и морав да ја држам и ноќе од кашлицата. А и буцка е може тоа има влијание, најактивна е ноќе ко ќе ја заспивам трча во место и насабајле сама станува до пола за да ја кренам. @Alexandrite @Doktor F фала ви, ќе пробам сега ко ќе ја преслекувам и со играчка и вежбите, сака нејќе ќе мора да вежба. @Saf прави така и мојата ко ќе е легната, а најчесто ко ќе цица, влече еднаш па се врти на другата страна, како игра и е. Големиот од што се вртеше така на темето немаше коса.
@kristina.k се вртеше така во спиење пример ама сега и кога седи и ќе му речам Нее и ќе ја свртам главата и он по мене. Му стана навика излеа и цело време си го праи тоа што го научил.