На доење е? Зошто би и давала капки за имунитет? Баш доктор прашував, имунитет кај бебиња не може да се створи со капки
Имаше секрет два дена од окото кој се смири и од носе има малку па ми е страв да не се разболи затоа ми препорача. На доење е.
Јас ги давав пред 2 недели кога беше настинат ама од кога се опраи ги прекинав. Нас исто ни ги даде педијатар, 6 месеци е.
Негде пред 4 месец. Сега сме 5 и пол. Ама од стомак на грб не знае. Никогаш не ја ставав и не ја форсирав сама си научи. И од тогаш сега само тоа го прави не можам една секунда да го тргнам погледот. Еве пример кога и менувам памперс го вадам памперсот ја бришам таман да и ставам нов таа се свртела ја враќам назад. После да и облечам панталони таа пак се свртела. И цело време ми поминува во враќање на грб. Секое легнување на кревет таа автоматски се врти. Не знам што се толку упорни. Кога ќе научат нешто само тоа го прават.
И мене истото ми го збореа а јас по цел ден сама дома ја си ја држам во раце и сега е малку поголема па не е навикната во раце, си бара детето блискост од мајка неможеш да го оставиш да плаче како што зборат постарите односно свекрви
Апсолутно така е... Новороденче кое не знае за ништо на светов освен за мама, да го оставиш само и да плаче, за мене е нечовечки.
И моите прават така. Прво само во сон сега и денски, на пеење на играње кога се возбудени кога им се спие. Читав некаде дека е прекурсор за станување.
Јас мнооогу се плашам од болести, и за мене и за него. За мене уште секој ден пијам витамини + пробиотик. Прашав повеќе (блиски) доктори да му давам нешто и него, и сите ми рекоа дека нема потреба. Ако има некој вирус или заразна бактерија во негова близина, што и да давам нема да има ефект. Дека ако барам, има да се купи ама џабе е.
Никако да го нспишам постов. Почнавме со вкусови. Со јаболче. Ама воопшто не е воодушевена, и не ја сака кашата. Дали јас не знам правилно со лажиче да ја хранам не знсм ама еве со јазикот се надвор ми бутка и се прави како прасенце. Не знам дали јас некаде грешам. Вода исто не сака. Вчера и денес нудев јаболче едвај 2 лажици ако изеде. И нормално плачеше за цицка одма и цицаше како да не видела. А баш мислев дека ќе сака да јаде.
Колкава е? Ние уште не сме почнале, почнав капки да му давам со лажичка и исто прави со јазичето.. се мислам да не не е спремен? Како процени дека треба да почнеш со вкусови? Ќе почекам уште некое време
5 и пол месеци сме. Во консултација со педијатар. Ние сме на ексклузивно доење и супер напредува. Па затоа ми рече после 5 месеци. 5 и пол или најдоцна 6 мора да се почне веќе. Не можат вечно само на доење да бидат. Доењето на почетокот ми изгледаше тешко ама сега гледам во споредба со вкусовиве гола вода било
Сеуште постои рефлексот да бутка со јазичето, затоа така прави. До кај 6месеци треба да исчезне. Ти нуди секој ден храна додека се навикне. Не очекувај дека веднаш ќе јаде многу.
Дали некоја мама почнала си вкусови на 4 ипол месеци? Ние денес на преглед бевме и педијатар ни рече може помеѓу два подои да му давам. Дали може да почнам со морковче или брокула? Земав на хип. Како да давам? Од фрижидер на собна темп да ја оставам кашичката или да подгреам? Исто и со бистро сокче ни рече може ама не кажа по колку... ако може некоја мама да ми објасни како давате кашички, сокче и од кога водичка и што е најважно по колку? Фалааа
@Erika.greeneyes Од почеток така јадат сите, собирај од околу усте со лажичката Јас се мислам дали за 10 дена да почнеме ќе има полни 5 или да почекам уште до кај 5 и пол месеци. Убаво напредува над 8 кила е ако не и повеќе, ама цица често денски, може има потреба од храна. Таман до 6 да имаме оброк еден. Друго сакам да прашам, дали имате болки во тело од држење, доење, преслекување или само јас сум ко расштрафена? Денес не се издржува се напив бруфен, не знам што можам друго со доење поефикасно, ај што ми е фатена кичмата со денови ама почнаа и нозете да ми се здрвуваат и кај раната ме боли стомакот и ципите, што не веќе.
Јас почнав на 4++. Со морковче. Јас не сум греела никогаш. Само вадев по 3-4 лажички од тегличето. Колку за проба. Сокови не сум дала до сега. Вода можеш да даваш
Јас вчера едвај одев. Да полежам пола саат после не можам да се свртам. Кичмата многу ме боли, а вчера и левата нога. Никогаш претходно не ме болела. Дали е од што ја држам по цел ден или од анестезијата не знам. Кога ке си легнам навечер едвај се вртам и насабајле ми треба 5 мин да станам од кревет.