Јас колку што читав по странски форуми/групи сокче и бистра супа не се препорачува оти само бескорисно му го полни мешето. Да напоменам не сме почнале, само уште собирам информации.
Мене денес десната и цел ден се мислам да не е слепо црево, ама некогаш во држење ја потпирам на таа нога ко ќе не се издржува и може од тоа е. Станувањето исто страшно ми е, особено со неа, ја носам до крај на кревет и така едвај некако. Ќе се опоравиме некогаш целосно, се надевам барем.
Зошто купувате кашички, прашувам бидејќи не знам. Може јас пример сама да пасирам за почеток? И што ми препорачувате за блендирање,нутри, меџикбулет, нешто друго? Столче имам, од твистшејк имам пластично за храна, лажички и чашка. Што друго ми треба?
Можеш се сама да пасираш или блендираш. Јас се пасирав со рачен блендер за првото. Сега планирам со кашички за тоа што не е сезонско, пример праска, кајсија, слива, а ќе пасирам тоа што ќе наоѓам, јаболче, банана, морков, тиква, итн. Имам нутри булет ама за мала количина пак планирам со рачниот блендер, да се учи на текстура. Ти требаат и лигавчиња од тие што се мијат, лом се прават на почеток.
Можеш да пасираш, можеш и да блендираш. На почеток ти треба многу мала количина и блендер нема да ја фаќа. Ќе треба да правиш поголема количина за да изблендираш. Затоа често користат готови каши за првите вкусови. За мали количини позгодно е рачен блендер/пасатор. Јас неколку пати блендирав месо, инаку се друго пасирав со вилушка. За второто ни месото не го блендирав, го цепкав на парчиња.
@Alexandrite од мое искуство побрзо се навикнуваат на цврста храна ако од почеток има некаква текстура храната. Да не е целосно мазно. Пример со првото кон 9-10 месеци почнавме со парченца и сам си јадеше. Инаку може да се навикнат на мазна текстура и подолго да јадат блендирано. А и попрактично е за мала количина со рачниот блендер.
Стар е мојот на Vicko во комплет со сецко, ама солидно се покажа. И сецкото ми е многу користено, ако купуваш барај таков со додатоци, за јатки, овесни, за сецкање ситно многу се наоѓа.
Подобро од сам да направиш нема. Земи на Бош рачен блендер, стик, и со него ќе пасираш. Јас имам на Бош процесор, ќе земам и стик. Кашички зимав подоцна за одење некаде, за на брзање... Мајки очајна сум, не напредува, ми се плаче. За 10 дена само 30 грама, премалку. Си викам можеби откако сме излегле од болница паднал во килажа, зошто таму не ги хране убаво и првите денови знаеше да се успие и по 5 часа, од жолтица, ама еве сега се буди и на 2 часа ко под саат. Цица и по саат време. Денес докторката рече нека цица и давај шише уште бар 30мл, па еве давам сега и ќе видиме. Вторник ќе се мериме пак. Инаку дење цица редовно, навечер заспива и спие до кај 3-4, станува и до 8 најмалку спие. Не би го будела, зошто знам дека и сонот е битен, ноќниот, дење го будам редовно. Се што знаев заборавив во моментот кога ја видов бројката на вагата, очекував повеќе. Ме утеши што не личи да е дехидрирани како брат му, рече и докторката, цврсто и силно делува, бистар е, кожата му е чиста, не е сува и собрана како кога беше дехидрира брат му... не сум среќна докторката што го гледаше, сакав еден од докторите, ама не беа тука, се надевам во вторник ќе го види некој од докторите. Ако не на следна контрола ќе инсистирам некој од докторите да го види, не ми влева докторката доверба иако одлично го прегледа.
Има уште жолтица? Сигурно цица, да не дреме само на цице? Моето исто цел ден дремеше на цице, ама не цицаше цело време. За да се осигурам дека доволно јаде, молзев по 40-60 мл на секој подој, прво цице, па шише. По две недели скроз на цице се префрлив и си напредуваше.
Ова ви е прва контрола после болница? Мерките знаат да варираат од вага на вага. Мене така ме паничеа на почетокот. На различни ваги, различни тежини. Се ќе биде во ред. Штом полни пелени и плус му даваш дохрана молзено на следна контрола сигурно ќе биде во плус.
@AngelOfArh на некои бебиња подолго им треба за да почнат да креваат после првичниот пад во килажа. А може и до 7 дена да се намалува. Мојата изгуби повеќе од 300 грама во 5 дена, не и даваа Ад таму зошто одма почна да влече и имав колострум, ама немаат сила од почеток. После една недела имаше 90 грама ставено, ама па на месец вкупно 1480 грама од родилната тежина. Мојата беше со јака жолтица и морав да форсирам доење и да ја будам многу често. Да не има жолтица или да не влече ефективно само да седи на града? Го слушаш дека голта млекце? Прочитав дека полни пелени, штом мочка редовно не е дехидрирано и ќе си тргне нагоре во килажа мислам.
Исто скроз , ние во понеделник правиме 5 , докторката ни рече за недела дена ама јас почнав ос вчера , знаев дека ќе ми треба време значи ми прди со устата во лажичката и се смее , а ако по грешка голтне се стресува , демек толку е гадно инаку нормално е тоа што го прават со јазичето
Ај јас оф топик. Беба цица а мене главава ме боли ми иде да си ја откорнам. Поев 2 магнезиума не помага, ништо друго немам дома освен кафетин. Може ли тоа?
Кај мене на почеток беше така додека и фатиме ред. Почнав дохрана молзено на почеток 4 х 45 мл на 6 саати по препорака од Живковиќ и одма се врати во нормала по 25 гр на ден во просек ставаше, после зголемувавме мл ама тие 4 пати до 3 месеци и го давав. И ја будев ноќеска на 2 саати така ме советуваа и така правев за да ја пркнеме. Немаше жолтица ама мн брзо заспиваше и влечи ја штипи ја џабе и дека помалечка беше па секогаш ми викаше Живковиќ бар да дојде 3,5-4 кг по друго ќе влече и така и беше, ама напорно и упорно на почеток беше ко ќе ми текне. Чим му даваш и шише плус ќе качи обавезно ќе видеш
Ние на првата контрола после болница имавме паднато уште 80гр. Во килажа , за да после тоа качи 500гр. За 10 дена