Форумџика на годината

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.949
    Допаѓања:
    189.500
    Пол:
    Женски
    Секогаш кога ќе научат нешто го вежбаат додека го усовршат. После учат нешто ново. Повеќето бебиња учат една по една работа и ја вежбаат до усовршување пред да преминат на нова. Поретко се случува да вежбаат повеќе работи во исто време. На пример, прво учи да лазе, па да седнува, па да оди, ама не во исто време.
    @jelo колку што те имам следено, бебето убаво ти напредува. Ем е мало за дохрана од сега, ем немаш медицинска оправданост за истото. Јас би почекала до 5ипол месеци барем. Сокчиња, чаеви и такви црни бакрачи никако. Само вода.
     
    На Coco31, Erika.greeneyes, Freckles. и 5 други им се допаѓа ова.
  2. jelo

    jelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    2.328
    Пол:
    Женски
    Да, супер си напредува, само на доење е, сега за 20 дена качил 300 грама, а од кога е роден до денес 4 ипол месеци има качено 4530 грама, не испишаа со 2900 а сега е 7430 гр. И мене ме зачуди кога ми рече да почнам. Сега ептен се замислив што да правам, читам скоро сите почнуваат од 5 5 ипол месеци.
     
    На Freckles., Rtulka и Yowannty им се допаѓа ова.
  3. stsmua05

    stsmua05 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    2.415
    Допаѓања:
    14.482
    Пол:
    Женски
    Препорака за омега и нешто за имунитет? Од Молерс повраќа.
     
  4. Saf

    Saf Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2018
    Пораки:
    1.259
    Допаѓања:
    1.612
    Препорака добар педијатар во Систина?
     
  5. Rtulka

    Rtulka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2020
    Пораки:
    1.507
    Допаѓања:
    2.918
    Пол:
    Женски
    Ние почнавме на 4,5м со јаболче готова каша на Хип, по 2-3 лажички 3 дена, па после морковче исто, па крушка. Јас ја подгревам во микро кашичката од фрижидер. Инаку давав меѓу 2 подоја т.е 2 оброка со млеко и после кашичката 2-3 лажички вода. После 1 месец пробав сок од јаболче но бебо нешто не ми го сака, па не продолжив. Но затоа обожаваме брокула, да се чуди човек:rofl::rofl:
     
    На Erika.greeneyes, Freckles. и Alexandrite им се допаѓа ова.
  6. Rtulka

    Rtulka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2020
    Пораки:
    1.507
    Допаѓања:
    2.918
    Пол:
    Женски
    Мене оддамна ме боли кичмата, т.е ако седнам тешко станувам но ме болеа и сите други зглобови на нозете, рана, препони и баш ко што викаш како раштрафена се осеќав па докторката гинекологот ми рече дека голема веројатност има да е на хормонална база ама ќе демек после 6 месец ќе се изрегулирало. Ај ќе видиме
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Rtulka

    Rtulka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2020
    Пораки:
    1.507
    Допаѓања:
    2.918
    Пол:
    Женски
    Јас имам рачен на Braun екстра е
     

    Прикачени фајлови:

    На Alexandrite му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    8.255
    Пол:
    Женски
    Јас навечер и кога спиеше и не се будеше и давав да цица на 2ипол 3 саати максимум.
    И за лактација и за бебето да напредува на почеток е важно.
     
    На Coco31, Erika.greeneyes, Freckles. и 3 други им се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.815
    Допаѓања:
    114.700
    Пол:
    Женски
    Лесно жолт, не направивме крвна слика и сметам дека е грешка тоа зошто вториот ден му падна шеќерот многу и требаше да го боцнат пак. Здравје вторник ќе барам обавезно крвна слика. Вака ептен ептен да го гледаш на светло се приметува иначе не, не е многу жолт. И јас сега ќе давам шише молзено, давам да цица од двете гради, па шише.
    Прва контрола да. Мислам дека до вторник следно мерење нема да дишам.
    Најдов една позиција кај што баш го слушам дека голта, и помалку молзам сега, иначе не е дехидриран 100%, дури и мешето му е заокружено, така да сигурна сум дека првите денови уште паѓаше. Во болница им даваа по 20мл на 3 часа, а тие 3ч никогаш беа и 5, така да дефинитивно од таму дома уште паѓаше. Се надевам во вторник на поголема бројка, греота е на волку млеко да давам ад.
     
    На Srcka28, Rtulka, kristina.k и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.878
    Допаѓања:
    123.115
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh љубави следи мочкани пелени. Млеко имаш!
    Диши и уживајте со бебуш, се ќе.биде во ред :inlove:
     
    На Rtulka, JuLleE, Freckles. и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.264
    Пол:
    Женски
    Нема делче од телото што не боли, дури и вратот ме боли и при вртење знам да имам вртоглавици. Се мислам да одам на некоја масажа затоа што стварно многу лошо ми е, грбот веќе како да ми се распаѓа...
     
    На Coco31, Mamacita00, Rtulka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.264
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh Мојот на испис имаше изгубено само 70гр од родилната тежина и на седмиот ден од раѓање кога бевме на контрола си ја имаше родилната тежина. Тогаш Живковиќ малку ме испаничи дека воопшто нема качено килажа, а пак други доктори ми кажаа дека е нормално првата недела и да паѓа на килажа, значи не се очекува одма да качува. Тогаш Живковиќ ме советуваше дење ноќе да давам да цица на секои 2 до 2 и пол часа максимум. Го будев да цица, се молзев, давав упорно на 2 часа и за 10 дена од првата контрола имаше ставено пола кило. Пробај буди го и ќе биде добро, не се секирај:hug:
     
    На Ano, AngelOfArh и Rtulka им се допаѓа ова.
  13. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.819
    Допаѓања:
    7.018
    Пол:
    Женски
    Со кој зборевме за Рота вакцина 3та доза, сега бевме во Јане Сандански има :D
     
    На Freckles. му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Freckles.

    Freckles. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.872
    Допаѓања:
    4.832
    Мајки бебо изгледа го чешаат жлебините. Кога цица различно ми влече некако, плус се фаќа и пушта за да му пројде низ уста брадавицата. Маж ми му ставаше цуцла, ја фаќа и прави стави-вади и на цуцлата. Ги влече и ушите.
    Заби ли се? За колку време би извадил акo се заби? Пет месеца е, не е рано?
    Осанит гранули како се даваат?
     
  15. Rtulka

    Rtulka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2020
    Пораки:
    1.507
    Допаѓања:
    2.918
    Пол:
    Женски
    Со мене, супер штом има, фала ти мила:inlove:
     
    На anngelique му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.408
    Допаѓања:
    3.243
    Пол:
    Женски
    И мојот исто прави, заби се мислам јас. А вака како што гледам нема набобрено ништо, ваљда нема да е за брзо:?:
     
    На Rtulka и Freckles. им се допаѓа ова.
  17. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.327
    Допаѓања:
    51.199
    Пол:
    Женски
    И мојата така прави уште од 4 месеци а сега веќе е 6 месеци и нема забче сеуште.
     
    На Rtulka и Freckles. им се допаѓа ова.
  18. Mamacita00

    Mamacita00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2022
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Од кога почнавте да ги ставате во кенгур? Мојава е скоро 2 месеци и мислам дека единствено ако ја ставам во кенгур ќе можам да завршам нешто низ дома пошто вака нема шанси
     
    На Rtulka и Iris-1234 им се допаѓа ова.
  19. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.264
    Пол:
    Женски
    Моето бебе за 10 дена ќе прави 2 месеци, ортопедот даде зелено светло одма да го ставам во кенгур.
     
    На Rtulka и Mamacita00 им се допаѓа ова.
  20. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.608
    Допаѓања:
    17.897
    Пол:
    Женски
    Заби се мила, ама за колку време ќе излезат мислам дека никој незнае да каже :)
    Мојава од прв месец е со набабрени непца, раце во уста, лигавење, балончиња правење, тегнење уши, сега и цело лигавче го става во уста, ама еве 5 ипол месеци абер нема да ѕирне запче.
    А кај нас голема дада е спремна со калапчето и чека колачиња за запче да прави :D
     
    На Rtulka и Freckles. им се допаѓа ова.