Ти благодарам се надевам ке помине брзо. Не знам на мисла сум дали да го водам во систина, тука ли да седиме не сум паметна...
Мајки од кој назален аспиратор сте задоволни? Го имам носко, сакам да земам и од обичните што се влече со уста. Кај ноското единствено не ми се свиѓа што врвот е пластичен и страв ми е да не ја повредам.
На правосмукалка. Ама и се затнува кога спие и у 5 сабајле уште правосмукалка фали да и уклучам ке писне цела зграда ке ечи.
Мајки дали има некоја од вас Луна хранилка? Дали третата положба може да се користи за бебе што не седи? Сега ја пробав ама многу исправено ми седи пак. Јас мислев ко на релаксатор ќе е положбата, полулегната. За една недела планирам да почнеме, ама повеќе ми треба за да ја оставам негде кратко да не ми е в раце нонстоп. Од понеделник сме сами целосно цела недела, кичмата ми е фатена плус и паника ме фаќа од сега како ќе се справиме.
Со помин мајка, побрзо да поминува Со клиника немам искуство, ама ќерка ми исто на 2 месеци беше со бронхит, лежевме во систина. Од докторите сум задоволна таму, сите што ја прегледуваа до дека бевме таму ми беа со супер пристап. На визита ја преслушуваа три докторки, во тек на ден доаѓаше уште еднаш докторката што не следеше, па уште еднаш пред да си оди. Плус ја преслушуваше и дежурен доктор што беше навечер. Кога не пуштија дома докторката ми беше достапна за се и на телефон. По испис имавме две контроли на нејзино барање кои не ми ги наплати. Е сега, од сестрите на педијатрија кај што лежевме не сум баш задоволна. На парите што се даваат таму треба малце поинаков пристап. Пиши ми ако те интересира нешто дополнително.
Од вчера почнав да давам по малко вода на бебе 4+ е. Сакам на 5 да почнам со вкусови па сакав да видам како ќе реагира на вода дали ќе пие. Грешам ли што давам? На доење сме.
Ако имате кој да ви донесе од Бугарија има носко со силиконски врв. Инаку таму обичното носко е поефтино, околу 700 денари, колку што беше тука пред да стане хит и да го поскапат Од другите јас го користев носе фрида и ок ми се покажа и тоа
Оваа ја имаме. Што знам, јас многу малку на почеток го ставав во неа, на тоа последно ниво, за хранење. Незгодна положба, ни легнат ни седнат како да му беше неудобно. Првите пати јас му давав храна во транспортерот. После кога почна постабилно да седи, се научи во хранилка.
@oblace1 со помин мама @perlaa1 не дека е некоја грешка ама нема потреба. Особено на доење. Вода добиваат од млекото секако. Првото дете до година ми одбиваше вода, после кашичка си цицаше ќе се научат кога тогаш, а пред дохрана само место во мешето фаќа дополнителна течност. @LaDyDoLl неудобно делува и мојата ко на стомачни да се држи и се крева за повисоко транспортерот и е мал, релаксаторот го прибравме не седеше воопшто повеќе ми е за сама како ќе се организирам со се ама ќе ја легнувам долу ко ќе мора, плачела, не плачела. Ќе смислам нешто за ко ќе почнеме или евентуално ќе ја земам количката дома.
Од 4 месеци може и треба да се стави да седи по 45 степени за постепено да се исправи до 90 до 6 месеци. Моето бебе ич нејке да седи ни во хранилка ни во релаксатор а првото синче баш сакаше. Ова е лепенка за мене цело време во раце, дење спие само во раце ако го оставам одма се буди ноќе цела ноќ на цицка место цуцла ме користи се пореметив веќе веќе 3 недели е вака ваљда тој 4 скок е,се ме боли едвај функционирам. Од мирно бебе што спиеше до 3 м. само се претвори во плачко преку ноќ све си викам период е и чекам да пројде.
@macalavica и мојата е иста, до пред една недела си спиеше цела ноќ, сега се врти и си цица ноќта, а заспана е. Мислам најмногу од тоа се фатив во кичмата, легната цица и пазам цела ноќ, во грч сум. Се надевам некој скок е и ќе си спијат пак мирно. А за лепенка те разбирам целосно, почна и ако ја земи некој да плаче по мене и после ко ќе ја земам се смее.
Јас ги имам и двата, Нутрибулетот не ми фаќаше мали количини, така да, користев рачен блендер. Мислам го користев некои си 3 месеци, на почетокот со вкусевите месец ипол, па уште месец ипол кашесто, после не прифаќаше апла мазно, сакаше пасирано, па гмечев со вилушка.
Некој искуство дали има со ваков аспиратор за носе, за да не се уклучува правосмукалка во ниедно време имаш право за тоа @Doktor F мила
Рачен ќе ти фаќа помала количина за почеток за воведување на вкусови мислам дека повеќе ќе ти се најде. А и понатаму. Јас користев рачен релативно кратко, од 8ми месец почнав да пасирам