Ние боледуваме со вирус, лоша недела со плачки и кашлици. Сега е подобро, таман пред 5 скок за да нема раат
Здраво мајки, бебето ми е 7 недели. До сега какаше по неколку пати у ден на 3 саати од прилика мењав пуна пелена. Е денеска не се искака воопшто. Последен пат синоќа вечерта во 1 саат какаше. Си јаде нормално како и секој ден. На доење сме. Вака весела ми е , кога ја фати грч само ќе прдне ама не кака.. Дали е нормално? Прво бебче ми е . Дали д паничам да ја носам на лекар или да почекам уште ? Ја масирам по стомачето ама ќе прдне само и толку... Пробиотик давам секој ден Био Гаја. До сега немало проблем...
И моето имаше запек, не какаше 5 дена, а претходно секој ден и по повеќе пати какаше. Ако е на мајчино млеко нормално е и до 7 дена да не се искака, после 6тата недела искористуваат и над 90% од млекото и немаат што да исфрлат од организмот па затоа и не какаат. Не се секирај, ќе се покака.
Ако ти е за утеха еве 6 и пол месеци од 4ти скок не е опраен уште, цела вечер по 20 пати станувам, ќе се сврти на стомак и не знае да се врати и плаче. Секое сабајле ми се плаче од умор, не знам дали има крај ова веќе...
Уф добро тогаш.. леле не е многу 5 дена да не кака ? само се искака после 5 дена или давање нешто? На доење сте и вие така ?
Земи си нутри булет ќе си правиш смуди за сите понатака. Ја имам од лидл еден блендер уште од првото и топ е. За пола морков и пола компир имаш рака и вилушка. Моја препорака за непцата се глодалки што се чуваат фриз и потоа со нив ладат и чешаат непца. Природен начин за ослободување од нелагодност. Овие гелчиња се ужасни. Ставете на вас и видете колку се јаки и каков глуп вкус во уста ќе ви остави. Како после забар. Како сакате секако, лично сум против.
До 7 дена е нормално, баш затоа што речиси цело млеко се искористува во организмот (ако се работи за мајчино). Јас јадев компот од сливи и јогурт со ленено семе, па тоа му помогна. Бебињата често знаат да имаат запек, цревата уште им созреваат.
Да се надеваме дека барем малку ќе се стиши. Подобро ваучер за отров да си купам да ми дадеше, него утехава