Леле исто е и кај нас А барем навечер ми спиеше без да се буди. Сега како почна да се врти по цела вечер само тоа правиме. А баш се надевав дека кратко ќе трае, жива ненаспана сум од 4тиот скок.
Јас земав Нутри Бустер на Русел хобс, ме убедија во Нептун дека е добар + на попуст беше 4500. Се надевам ќе послужи
Ај што не спие, кенка по цел ден, плаче, се смее, вришти, рже...ние споивме 4 со 5 скок комбинирано со тегоби пред никнење на запчиња. Ало Бардовци се слушаме?
Женски што користите вигантол. Дали има рок колку време може да стои шишенцето отворено? Или го давате цело до крај?
До крај се користи. Во Србија може слободно да се купи Вигантол така? Да сменам и јас веќе уста не отвара за Пливит, има можност да купи мм наредна недела. До сега пие една капсула д3+ омега и 3 капки Пливит, колку би дошло Вигантол ? За омега ќе правам пауза дури не има возраст за молерс или и повеќе, па ќе пијат двајцата таков.
Ни под разно не сака пасирано, па се и задавува. Кашта готова од морков си ја јаде, пасираниот морков не баш. Немам намера да не давам блендирано, ако сака така. Само да јаде. Јас имам сецко од Лидл ама не фаќа.
Земи стапчест, морков не можеш да испасираш со вилушка и течно да е, треба да гмечиш со доста водичка и тоа убаво да се потрудиш. Компир можеш, брокула можеш, карфиол, се тоа можеш, ама морков не можеш. Исто и јаболче лесно се пасира, круша не баш, од искуство ти кажувам, и јас сакав со гмечено и прво дадов круша пошто многу тешко какаше, па на крај сепак си земав блендер.
Ние Микролајф го имаме, океј е, мислев дека е бучен ама во Ремедика го имаа Пиконеб и сфатив исто бучат. 3170 од Еурофарм. Бебињата се плашат повеќе од прскањето на пареата отколку од тоа што бучи. @stsmua05 за имунитет Babyvit или Мултивит на natures aid, го даваат и Молерс често, јас не сум користела.
Ај ќе те утешам, мојов спие по цели ноќи, не е лош со тоа воопшто, чак и до 5:30 знае да спие без будење. Имавме две-три ноќи црни во сите скокови и толку Ааа овие претераа, исти буквално Вчера му правев домашен морков, отвара уста цело врема кога ќе дојде ред да голтне мислиш ќе поврати од што му се гади Едит: Јас имам давано два пробиотици на ден не е штета, и моментално една недела мака имаме со повеќе и потечни столици ни пробиотик не помага..
Леле што збориш, па да прекинам и јас со млечни да пробам. Цело време сум подуена ама слаба сум на кашкавалче и овчо сиренце Големиот млеко се уште не сака да пие, од млечни само павлака и јогурт ама и тоа во мали количини и пак кака минимум 3 пати на ден. Јас му нудам ама самиот не сака. Не вреди, не се замарај со тоа. Никакво фајде ако знаеш. Внимавај и со глутенот натака големи се шансите да наследи. Давај лактаза ете колипрев или колиеф, нема штета.
До кога се пијат Бебитол Неонато пробиотикот? 7-8 капки на ден давам и некако ми личи ко да ќе фрлам бааги ако се пијат само 1м.
Јас давам 2 пати на ден, ама на моиве пишува дека може и пред/после секој подој. Користам Рекол Бимбо