Ќе му следиш температура. Ако случајно го боли грло нема да сака да цица/пие млеко, ќе се трга. Неонате може слобидно да си го даваш уште. Се дава и на деца, не само на бебиња.
Антоније обично препорачува 200ие на кило ама има проблем со педијатрите што му ја намалуваат дозата, па наоѓа некоја средина. Јас отворено правев муабет со него дека неговите препораки ги слушам за д3 и на големиот (2,5год/14кг) давам 6 капки, на бебето давав 1 ден 2 капки, следен ден 3 капки. Сега на бебето почнав секој ден 3 капки на 7кг тежина. Лани на големиот и 4 капки му беа мала доза според него иако имаше 10кг, проверивме Д3 и искочи дека докторот е во право, па давав 5 капки. Секогаш е подобро поголема доза отколку помала. А педијатрите (не сите) викаат дека 400/800ие е доволно до година, а реално не тежат сите деца исто. Веројатно кај вас не забележал некој дефицит ама на следен преглед пак прашај го.
Мојата е над 8 кила може и повеќе, пред месец и пол беше 7 и пол. Ама се разболи и немаме на контрола за мерење одено. Значи можам и по 3 капки Вигантол дневно да и давам според килажата.
Да да, јас само пресметав според тоа ти што пиша колку даваш. Да идеш сега на ортопед ќе ти рече и 4 да даваш. Мене прво за големото ми рече 4 капки, па викам нели е малку лани пиеше 5? Ми вика јас на моите деца 6 давам ама ќе кажеш на педијатарот и ќе те искара, ќе ти намали. Така и беше стварно, секаде ми реагираа. Сега му давам 6 и онака секако останува на лажичето нешто. А за малово како качува тежина сама му зголемувам, само ми рече да не одам над 4 капки без негово знаење.
Се едитирам. По грешка 2 сум пишала, една капка давам само, се дешава 2 да капнат некогаш. Не се тоа многу капки? Јас давам 1 на бебе, а пошто големава ми порасна на сонце, ама овде сонце не глеаме, се консултирав со педијатар колку да давам ми рече не повеќе од 2. Сеа ме стави на мисла.. од која причина д3 е поврзано со килажа?
Не знам искрено, не го прашав. Така се дозира до 10кг, после зависно ситуацијата. Знам дека бевте во Гр, ми рече различно е дозирањето за секое подрачје ама читав лани едно истражување дека огромен процент деца таму биле со дефицит. Ако го најдам баш ќе пуштам линк. Докторов има тестирано преку цела година кога најмногу се синтетизира Д3 од сонцето за Мк. Само од мај до септември можеш да примиш Д3 и тоа од 10 до 16 мислам беше. Другите месеци ништо. Најверодостојно е да се провери Д3 или ортопед да го прегледа детето.
Во Грција давав хумана исто 4 или 5 мл. И тоа таму што сонце има скоро цела година, маж ми е островјанин и со дефицит. Сеа година дена сме во Германија и овде препораката е само капка Вигантол, 2 за прематурчиња и гледам исто и на интернет стои. Отворив онлајн да прочитам и едноставно препорачана дневна доза секаде пишува е толку. За повеќе од тоа има само нус ефекти. Иначе знам дека без разлика повеќето сме со дефицит оти не е баш едноставно да го примиш витаминот природно. Ама ако не си со некој огромен дефицит не ми е логично да се дава толку многу висока доза само така, кога постои препорачана дневна. Ич неам верба во мк здравство, ама ќе пробам да истражам деновиве, да не случајно јас давам недоволно.
Ајде сподели таман и мене ме интересира. Јас исто ја носев кај мн добар ортопед таква препорака не ми даде. А баш ме интересира. У меѓувреме ке се расчитам и јас..
Ни јас немам доверба, обавезно преиспитувам додека не сум сигурна ама докторов работи повеќе во Хрватска отколку тука, плус е лекар за автоимуни болести што нели се третираат со високи дози д витамин и искрено му верувам за тој дел целосно зашто има издржани мислења. Провери си секако, читај, испитај Д3 крај краева, знам дека во Германија ги имате тие систематски прегледи само проблем е што не ги даваат резултатите да бидеме сам свој лекар
Кралици како да намачкам гелче на непцата кај бебуш? Го шмука моментално цело, мислам ништо не му останува на непцата за да делува. Деновиве изеде се пред себе нервозно става се во уста.
Па сигурно, јас на пример одма покачувам кога ќе накачи едно кило ама како ти рекле така. На следна контрола ќе го прегледаат и ќе ти кажат. Ако има проблем не дај боже и 2000ие се малку. Многу е индивидуално.
Здраво мајки, не знам дали претходно некој го имал проблемов и се коментирало, јас пак ќе прашам. Имам близнаци еден месец, од пред една недела на едната каката и е зелена, матичната ни рече сега за сега да даваме два пробиотик па ќе видиме како ќе биде. Они пијат Аптамил прематур и плус нешто што имам јас млеко цицаат од мене. Јас овие денови доста внимавам што внесувам како исхрана, за секој случај, но се уште нема подобрување. На интернет читам дека се додека бебето напредува со килажа и си јаде, зелената столица не е загрижувачка, но сепак ме интересира дали некој имал случен проблем
И моето е на Аптамил и 3 месеци си има зелена столица. Жолта му беше само првите две недели додека пиеше молзено млеко. Ми рекоа од железото во млекото.
И ја се замислив, мене Талески ми рече 400IE е доволно, или 2 капки Пливит.....ќе ме натерате да препрашам пак
Исто и овде, една е до 1 година. Јас давам Олевит, маслени се, како Вигантолот. Само што јас секогаш капнувам по две за секој случај ж, да голтне. Предозирање многу тешко има од Д,така да, да не ви ич на мисла.
Мајки бебе многу мрда со главата лево десно, буквално се чука од крај до крај во креветче. Прават вашите така, нормално е? Зошго го прават тоа знаете? Порано некогаш правеше така кога е гладен, ама сега и откако ќе се најаде исто прави. Најчесто се случува во спиење или кога заспива. Не знам како да ми помогнам во тие моменти пробувам со галење ама само што ја тргнам раката пак почнува