Не ми е ништо јасно што зборите за Д. Јас и давам 5 капки Д3 на Пливит. Едно време и давав 3 капки па ми накачија на 5.
Да ти кажам и јас исто ко тебе давам 5, како ќе ми кажат така. А тука се изначитав еден тон муабети за витамин Д што на маж ми му викам да не не се грижиме ние доволно за децава?!
И моево така правеше само не знам точно кога беше. Сфатив дека сакаше да се сврти ама не знаеше со тело и правеше со главата цело време така. Кратко време по тоа научи да се врти и со тело. Негде пред 4 месец.
Ова со скоковите не ми е баш јасно ама ние сме 8 недела и дома ни е лудница па не знам дали е некој скок или така лошо ни се пишува Спиењето и е по 15минути max и дење и ноќе - исто. Само плаче, вришти, сака или да е гола (а се заледува кога е) или да е на цице друго нема. Не кака често може до тоа да е, ама и кога ќе се искака пак е исто. Почна рацете да ги става во уста и да ме “гризе” и лиже по рамо и рака кога ја држам па велам да не случајно и излегува забче на 2 месеци, можно ли е?
Па 5 капки на пливит се 1000единици Д така да би требало да е ок. Јас давам 2 капки д3 на пливит(400ед.), бејбитол чист д3 и бејбитол д3 со омега. Вкупно 1200.
Кај мене е слична ситуација, мстичната вика 400 ие доста било а малиот 10кг. Александра исто ми кажа 1200 ие треба според килажата, 400 вика е за новороденче до 5кг. Исто ми рече како ќе расте до 2000 ие се нскачувс и тоа е максимумот.
Од жолтицата е Колку и да има ги тера на спиење. Обавезно буди го навечер. Јас молзено давав навечер дека спиеше на цице , си го пиеше цело, по 60 мл, па некогаш и повеќе. Супер напредна околу 900 гр. Е сега пие 60 мл на 6 месеца ми тестира нерви
@Doktor F @Rtulka Се што најдов имплицира на тоа дека витамин Д препорачана доза за бебиња во Европа, како и од познативе институти за здравје, асоцијација на педијатри и слични, дневен внес од 400iu. Со тоа што за бебиња од 400iu до 800iu е безбедно. Се повеќе од ова се дава исклучиво со направено испитување и според резултатите од недостигот на витамин Д и дозирањето е индивидуално од бебе до бебе според потребата. Значи сосем доволно е капка. И во другата тема баш се дискутираше колку се форсираат суплементи на бебињата во мк. Од таму еве читам и во коментариве најчесто и високите дози на д3, кои апсолутно не можат за секое бебе исто да одговараат по ниедна логика.
https://pedijatar.mk/olesnuvane-za-...to-bez-nikakvo-plachene-odbivane-ili-plukane/ Имаше дебата за давање сируп не знам кој не можеше да даде. Ова може ќе помогне сега го видов
Малце јас за омега да прашам Дали давате секој ден? Правите пауза? Сакаме следната недела да одиме на планина па се мислам дали да ставам и тоа на список да не заборавам или може и пауза. Не дека ми тежи многу, ама пукнав со вакви капки, такви капки
Јас сакав да прашам каква омега давате ? Дали таа на babytol или друга? Инаку забушавам јас со омега , давам за железо и вит ц два пати на ден , д3, пробиотик и многу и доаѓа , и давам ама не нешто да се потресам ако сум заборавила
Само ако бебето прифаќа шише во друг случај , со шприц и на обравчето во уста , јас само така успевам
Омега на babytol ја давам јас од раѓање. Друга не ми ни понудиле во аптека,а онаа на др. Лео никаде ја нема
И јас така планирам. Уште на месец дена ми рекоа да почнам со омега што не ми немаше никаква смисла, ги купив за мирна совест ама дали 10 имам дадено. Пробиотик ќе продолжам до воведување вкусови.
А колку има твоето? Мислам тука некаде ни се Цуцкава ми е 5 ипол месеци На почеток кога ја прашував матичната до кога да давам за омега ми рече до година, а пробиотик до 4-5 месеци. Сега за пробиотик ми вика ако давај демек нема штета