Кога бевме на аптамил едниот близнак константно имаше зелена кака другиот жолта. Ако напредува не се замарај нормално е. Self soothing вика гугл. Прекурсор за вртење/станување. Моите прават нон стоп така. Прво кога им се спиеше и во сон, сега и денски. Сакаат да станат ама не знаат како. И кога се возбудени исто. Оставај го, нормално е.
@V.N. 5 месеци за неколку дена. Јас не давам од два месеци негде пробиотик, имаше запек од сите. Ко престанав почна да кака нормално.
Мајко здраво..сакам да прашам по колку време се будни вашите бебиња преку ден..ное во петок ќе полниме 3 месеци и по еден час максимум час и половина да е буден и заспива, ќе спие пола саат или еден саат и станува и так ќе.боде буден некаде околу час ипол и пак ќе дремне..се мислам да не е многу малку биден и какп да го задржам повеќе време буден..фала
Дали е нормално бебе од два месеца да се лигави? И не се класични лиги туку како пенасто е, како меурчиња.
Mollers И презадоволна сум од него само што не знам на кој начин да и го давам не го сака ич со шриц директно во уста се гади многу и добар имунитет има од него ниту еднаш нема примано антибиотик за настинки.
И моево е исто, ваљда нормално е Јас сакав да прашам дали после секој подој го држите исправено? Преку ден не ми е проблем, но навечер си заспива на цице и после го кревам, па тој се расонува и негде 15мин го држам така. Оваа пракса ја почнавме кога се роди зошто многу ми повраќаше. Сега ќе правиме три месеци, па се мислам дали можам да го ‘исклучам’ држењето навечер?
Пробај некоја вечер. И јас порано ја држев и навечер, сега веќе не. Цица, ја легнувам и си продолжува. Преку ден си ждрига, навечер веќе не. Инаку е 3 и пол месеци.
Јас на Бејбитол омегата ја давам, инаку нас денес не вратија од вакцина за III доза, т.е знаев дека ќе не вратат отидовме да направиме крвна слика и да ни кажат кога да дојдеме, беба се разбуди со кивање зачестено, крчење на носето горе високо и солзни очиња па испадна вироза. Ни одложија или за една недела да дојдеме а третата доза ( рота и петовалентна) можело да се даде до полни 7 месеци и 5 дена. Земавме Пико Мултивит капки за беба, некој да не ги користел, искуство?
И јас го имав овој проблем кога ке ми заспие цицајќи нема шанса да подригне после и бљуцне кога ке го легнам, плаче и така во круг. Но почнав да го ставам на стомаче врз мене да лега кога ке се успие така и обавезно гицнува. Го враќам во креветче и нема проблем.
Ех какви паники ме пукаа кога почнаа да прават така, сеа веќе смешно ми е Едниот се маваше од креветот од едниот па до другиот крај, сега спијат на спална, не можам да ги гледам како се самоповредуваат
Ние сме полни 5 уште втората доза ја немаме примено , високи ни беа тромбоцитите па ги пратиме уште , крај на месец сме на контрола па се надевам ќе дадат зелено светло инаку ние ги користиме Пико фер и Пико ц за хемоглобинот , и супер се , за кратко време имаше резултат , сигурно и мултивитамините им се добри побрзо да оздравете
Исто, на страна во страна буквално ударање со цела сила, среќа што не е дрвено креветчето. А баш сакав да го ставам во детска да спие веќе, ама изгледа ќе почекам да заврши со борбата
Мојот го пиеше тути фрути без проблем цела година ама немаше никаква врска со имунитетот. Си го набилда сам откако ги прележа сите можни вируси, најреално се гледа кога ќе тргне во градинка. А антибиотик секако не се пие за настинки.
Мајки од 5ти скок имате нешѕо слично ко моево бебе нервозно дерење и напињање додека да изгуби глас, што е ова човече...ко некое животинче од зоолошка да имам дома!
Моментално е во 5 скок. Сака во раце цело време, па ќе се буни зошто е во раце, само што си го спуштил вриска да го земеш и се така во круг. Спиењето е секако крш, само што сега вриска и мора да го кренеш и шеташ да се смири. Доле на под повеќе од 30 сек. не е. Во принцип ништо не сака