Исто човече само нервозава што го шиба ми е интересен....нервозно вриштење, фрла глодалки а навечер што станувам по едно 30тина пати тоа башка
Син ми точно кога наполни два месеци почна да се лигави. Баш минатата недела прашував педијатар за ова, ми рече дека е нормален дел од развојот
Во топла вода земи 2-3 зрнца ако успееп пошто е како прав и треба да добиеш боја на розе вино...ако е повеќе розева голема е концентрацијата и досади вода разреди го. Со таков раствор исплакни го бебето, пази накај очи да не ти отиде
Да...ама за таа да ја употребиш треба да имаш веќе рани што не можеш со ништо друго да ги смириш. Ни ја дадоа 5 дена да мачкаме но веќе по 3ет ден се изгуби комплет па престанав да мачкам сега сме на ЛаРош балсам и купка....
Мајки денес примивме шестовалентна вакцина(без рота) бидејќи сме 13 недела, имам сируп далерон и чепчиња ефералган па сакам да прашам дали може да ги комбинирам и на кој начин и на колку часа..малото почна да ми качува температура и мене ме фаќа страв многу..благодарам на одговорот
Ајде со лесно да проаѓате? Колку има тт? Ако качи 38,5 дај или чепче или сируп не заедно и повтори на 6часа инаку 80мг чепче е за тежина од 4-6кг
Не можам да ги објаснам, дерење, ржење, вриштење и сето тоа пропратено со лутина и нервоза....да не знаев за скоковиве ќе го носев на преглед жими мајка
Една добра работа од вирозава....цел ден пие млеко ја баталивме денес храната, изгледа му е полесно и за голтање а уште подобро што внесува повеќе течност
Дали знаете еве меѓу поголемо и помало бебе дали може да се пренесе од вакцината нешто со оглед на тоа дека не примаат исти вакцини а им внесуваат вирус во нив??
Има некој буден? П О Л У Д Е В. Не знам скок ли е што ли е. Со спиењето е крш денес цел ден не сакаше да спие едвај две дремки истера. И до сега ја заспивав никако ама баш никако не сака да спие. Што ли ќе беше ова? Има ли крај?
Само што сакав да пишам. Полудена сум. Си ги држам ушите, цел ден кенка, плаче, не спие, во раце сака. Што е ова, се издржува ли некако? Трие очи, уши, не сака да спие. 100 пати станав седнав од кревет. Таман си мислиш заспало, очите толкави ги отворило. Ми се спие, Ми се плаче, Ми се вришти.
Ако го држам во раце спие како што треба да спие. Го спуштам ли во кревет за нецели 5 мин е разбуден. Додека да заспие церемонии 300 па да се гали па да цицне па ме душка под пазува се тутка ....