Изгледа крајот е кога ќе ги омажиме/ожениме. Освен ако не сме свекрви од вицот синко, како си уморен уште ладна чаша вода сега ти треба... За вас со ќерки, не знам хах. Се шалам, кај нас помина 5ти скок, ама заспивањето е сеуште нежогуча мисија. Секако пробав едвај го заспав.
Бебка навечер ќе заспие после цел час успивање и се буди среде ноќ со вриштење. Има вирус и си велам ја боли нешто. Денес ја однесов на доктор, нема спуштено, нема грло, уши добри, меше и давам пробиотик навечер, реков дека 5 дена е со температура и ај и проверија крв и вироза. Врескањето е ваљда од скокот, во 5 ти е. Преку ден само надвор спие, денес излезени се отспа околу 2 часа и јас ја разбудив кога ја префрлав од количка во кола. Ама дома само очи одмара. Ама не се жалам. Се уште не може со брат и Ве читам и знам како ви е, едно такво пораснав. Не спиеше, не јадеше, квичеше Ама да знаете дека второто ќе ви се погоди
Ти од ептен среќните си Инаку да се пофалам, бебе мое конечно доби крвна слика. За прв пат од кога е родена
Веќе два дена тешко се успива, по саат време тинтрање конечно ќе заспие, за да се разбуди со плачење ама поинакво некое. Како жално цивкање. Ваљда најава за петти скок му е. Уствари цела недела долго време го успивам, ама барем си лежеше и цицаше, не квичеше, плачеше, маваше со раце и нозе.
Вечерното успивање? Не успева да заспие со млеко? Кај нас ако не заспие така јас искрено немам никаков начин за успивање, го држам 2.5ч пред тоа после капење, облекување и со млекото успева да заспие и си спие без проблем. Уште вечерва ако ја преспиеше цела ноќ ќе славев, ама згрешив. Бебе два вечери не се будеше за млеко ама како викаат би свадба помина
2.5 часа бил буден само во четврти скок од што не сакал да спие. Вака по саат ипол само, никако не сака подолго време. Што помине саат ипол плаче за да го легнам во вреќичка и да цица. Иако претходно цицал,значи не е гладен, за спиење плаче.
Затоа го капам пред легнување да му одвлечам внимание и така се собира повеќе време, кога гледам дека веќе беснее за спиење го соблекувам па додека спремаме вода и се останато ни одзема 40-45 мин.
Марисимо спреј за носе колку време по отварањето се користи? Почеток на декември го користевме, сабајлево кашла пак, горе е полна, се мислам дали да прскам и да инхалирам со физиолошки пак или да ја носам?
Јас до 2 месеци не давав, иако нели препорачуваат да се дава. Некако поврзав дека има појаки грчеви од неа, дали беше вистина така не знам. Сега давам, редовно - не мора. Го прашав ортопедот и ми рече као се ова е помодарство, дека штети не ама и дека помага нема докази, се ова вика се воведе пред 5-6 години...
2-3пати после правиш пауза ама кај нас немаше некој ефект,абе си го малтретирав бебето и му ја доисушив со хипермаганот уште толку кожичката
Имам пишувано претходно. Имам една ќерка 10 год е, за неа освен вигантол и тоа навечер после бањање и го давав по 3 капки ништо друго. Сега ова го носам кај истата докторка ама препораки за суплементи еден тон. И јас верувам дека е некој тренд ама нели за дете ко ќе ти кажат...
Купив Неонато Бебитол и давав скоро 2 недели и вчера што ме натера ѓавол да се загледам, гледам доле како сталожено нешто. Размучкав убаво и се раствори, сфатив дека јас на бебе само водичка сум давала 2 недели, не биле растворени скроз капките пробиотик. Да ги џитнам да купам нови? Пошто многу гадно смрдат вака растворени, ваљда поконцентрирани се. Дека темно шишенцето и не се гледаше на дното тоа како талог, јас очекував како Еспумисанот само да протресам и да дадам. Инаку јас имам опасен бицепс од 2 кила и 800 грама бебе, за само 20 дена, ми кај ми е крајот? Нека е жив и здрав, ама опасно ме тренира, со ова темпо нит Ана Стојанова нит диета ќе ми треба, личен фитнес тренер си имам, без мака. Исто да прашам, вие со мали бебиња, имате мака со термотегулација? Не сака да му е ладно никако, синоќа се дереше зошто му беше ладно, се откорна од дерење. Го стуткав во дебело рунтаво ќебе и заспа мирен, бајче, спиеше до 3 без да претне, исто и за чорапи, нема ли чорапи, ќе не изеде живи, вика урла, па облакам чорапи и врз пантолончиња со ногавички и врз шпихозни. Вакво терсене не е на мене сигурно, од мене само лепота има земено, карактерот му е на татко му
@AngelOfArh треба баш енергично да ги протресеш пред да дадеш, ќе приметиш и во лажичката дека не е течноста како водичка. Во фрижидер ти стојат нели? Иначе мене ми мирисаат на оцет, така киселкасто ама неубаво.
Тоа за облека е секое посебно мајка. Мојава големава од бебе не трпеше ништо, ги триеше нозете за да соблече чорапи, а еднаш и облековме долго боди наместо по кратки и шпикозни, зима беше де, се откорна додека ни текна што е работата Ја преслековме и спиеше до сабајлето, заморна од викањето
Како сте? Исто сме и ние го однесив на педијатар ми рече чист на гради ама носето е со секретче проѕирно, направивме крвна слика и црп супер е, мала настинка ми рече. Исто ми кажа два пати на ден со физиолошки инхалација, аква марис спрејче и да влечам со аспираторче и се разбира многу да го форсирам да цица. Сега еве почна да му се одзатнува носето да му тече само секретчето надвор од носето и не се закашлува толку. Да поминува побрзо
Не ми стојат во фрижидер, не прочитав ништо такво. Додуша не знам што читав чим не сум прочитала и дека треба да се даваат 2 пати на ден. Ги чувам на неговата полица, ама не е ладно баш. Овој си сака да му е топличко. Не сум имала искуство со течни пробиотици. На бато давав прашок Провен.