@jelo не ја однесов денес, сами сме тројцата, а се чека со саати таму, тешко ми е да се организирам. Исто ко вчера се закашлува од грлцето, инаку добра е, не е поспана или нервозна. Ако не е подобра ќе морам да ја носам утре, барем да ја слушне дали е за инхалации, ми е страв на своја рака и со физиолошки да почнам. Со помин да е побрзо
5+ како сте? Овие два дена само квичи ништо не и е погодено. Или рика или очи чеша или непца. Не знае што сака веќе.
Знаеш истото го приметив вчера на пробиотикот и баш сакав да пишам за тоа. Јас си го давам сега убаво протресен пред употреба, немаш потреба од нов да земаш давај го тој истиот. Инаку за терморегулацијата мислам се средува после 3 месеци.
Да да хахахаха се како што кажуваш хахха кај нас има и држење во раце цел ден..... ништо не и се погаѓа....
Пак јас. Дојдов да си поплачам. Се покасно и покасно и се потешко и потешко заспива. Од ова нишањево никако да се спасам. Ајде кој сака нека ја заспие ќерка ми, јас веќе не можам. А што убаво си е временцево за спиење. И што е со звуциве што ги испушта човече, како цела зоо дома да ми е...
Мајки бебето почна да крева температура 37.5. За превентива му дадов ефералган сируп и лепенка на чело. Не му спаѓаше еден час, сега му е спадната и е 35.6. Нели е пониска, треба да биде барем 36 и нагоре? Инаку знам дека не е многу висока температурата ама порано така чекав, не е висока ќе му дадам покасно сируп ако крени и бебе си крена 39.3. Не сакав да ризикувам сега, искрено ми е страв.
Како сте сега? Лепенка на чело за бебиња не се користи. Температура преку глава не се спушта, не е препорачливо. Да, пониска е од нормалната, како резултат на тоа што си дала терапија на не толку висока температура. Сепак побезбедно е да чекаш 38.5 за сируп. И ниската температура не е пожелна, не само високата.
Сега сме добро. 36.3 имаме. А за лепенките за температура педијатар никогаш ми нема спомнато да не му ставам на чело..
Лепенка не се користи на чело и сируп не се дава на температура под 38.5. Може 38.2 ако е малаксано. Ако ја спуштиш многу температурата можеш да направиш други проблеми. Во тој случај треба да го загрееш, за да се стабилизира температурата.
Те читам мила цело време и нема утеха едноставно бебе си е такво. Ај една утеха можда па ко ќе порасне ќе биде мирна , подобро сега ненаспана отколку за некоја година терапија за притисок да пиеш Него се мислам најврв ти е сигурно сеа муабетот од околина ај уште едно на брзинка да си има со кој да си игра Мала шала Да си олабавиш и да не се замараш за секоја ситница, многу брзо растат и се поминува. Се што ќе ти дојде преку глава дојди тука пожали си се и ние ќе те Имај убав ден
Достигнавме родилна тежина и летнавме нагоре, уф ми олесна, за 1 ден 50гр качи, ама вчера брадавиците по 2цм ми ги истегна од цицање. И тоа вчера не давав ни дохрана мајчино, само на цицање.
За бебе е опасно ако вадиш температура на глава, при брзо спуштање да не дојде до фебрилни конвулзии, овде читав. Исто ако премногу му ја спуштиш температурата мораш да го загреваш, што пак е многу потешко. @AngelOfArh ја имав читано дека имала мака со ниска температура на првото дете.
Браво, мило ми е. Скоро цел месец теравме па 24/7 на града и успеавме и јас и он во доењето. Исто ви посакувам. Сега опушти се малку и ти, фрли вагата и вади цицки на мегдан цел ден