Dada ja za mala stavav lepenka kaj so ja bockaa prevent i ne kaci tt od niedna doza a za bato sea na kraj na mesec ke ideme
На месец дена ова е нормално. Се чисти бебето од твоите хормони. Никако не мачкај мрсни креми само уште толку ќе ги затворат порите. Измивај 2-3 пати на ден само со чиста вода. Павличевата фрлај ја, полна е нафтени деривати кои се канцерогени, по запад е забранета за користење, само кај нас може толку масовно да помине. Веледа чувај ќе се најде понатака. Знам дека не сакаш да го гледаш така, ама не ја форсирај кожичката, остави да си помине спонтано. Кај првото дете месец ипол беше вака, второто две недели.
Јас не би мачкала павловичева, тоа ти е нафта у кремасто издание. Цинкова крема евентуално пробам, јас на фризи дерм имам, кај моето имаше површински осип и помина од неколку мачкања.
Никако павловичева, премрсна е, ги затнува порите скроз и само полошо прави. Пробај со Мицеларната вода за бебиња на Мустела да му го бришеш лиценцето.
Мислев мора нешто да мачкам како заштитна бариера меѓу кожата и урината. Секако кога има каки одма ја преслекувам. Ме замисли сега.
Со првото кратко мачкав една крема babylove, но прекинав. Не ставам ништо и немале проблеми до сега. Тоа вцрвенување што го имале е после стомачен вирус, ненавремено сменета пелена или многу цитрусно овошје.
Фала на одговорот. Ќе паузирам кремче на газето неколку дена и ќе видам како ќе е. Јас инаку многу малку ја мачкам со кремови, не и е сува кожата па не ја шлакам ни после капење. Ама ете за газето мислев така треба. И патронажната сестра ми даде такви упатства, ама добро тие се воглавно од минатиот век
Ако има црвенило мачкам судокрем, ако е алармантно, ако не Фризи дерм со цинк оксид и тоа дур се повлече, после ништо.