Мајки чии бебушки се на аптамил 1 како сте задоволни? Нас педијатарот од аптамил без лактоза не префрли на аптамил 1 па да видиме како ќе реагира,дали убаво ви качуваа на килажа? Иначе ние сме 2 месеци и 4 дена имаме 4150 гр
Јас денес ко ја капев заприметив дека е рапава кожата на газето, ја гледам после цела како со бели акни на изглед ама лушпи се и како осип ситен измеѓу. Рапаво и црвено. За вака што се мачка? Кремче од babylove ставав повремено, ко ќе е зацрвенета малку и на бутчиња на витките, ама вака не била никогаш, а немам ништо сменето ни пелени, ни имам почнато со исхрана.
Немам уште пробуваме вкусови. До сега три вкуса проба само. По 3 дена давав вкус. Ама се мислам дали да продолжам по 3 или по 2 дена да терам. Првите два дена ич не сакаше да проба. После малку повеќе се разјаде. А овие денови тиква кога проба ич не сакаше. Изгледа зависи до денот Како што гледам изгледа тешко ќе воведам оброк. Вие како сте, до каде сте со вкусови?
Синчето имаше такви ама напред кај курето, не на курето туку одма над коренот на курето (сликовито објаснато - на делот каде што нас ни е резот од царскиот) Матичната ни даде канестен десет дена два пати дневно. Му се исчисти Сега си мислам некоја реакција да не е дека е болно
Кај мене 1,5 месец беше баш така, изгинав и психички и физички, сега спие 2 х 4 саата а после од 3-4 сабајле до 6 станувам по едно 30 пати...не знам што ќе се прави
Овошје: јаболко, круша, слива, кајсија, праска (вчера) тиква Зеленчук: морков и компир Житарка: просо Премногу сака да јаде срц ... Да не види некој да јаде му се гледа во лажицата. Денес дадов просо (на холе) со круша и јаболко мала тегла маф .... Ама по 2 ч бара млекце ..... Не знам дали е ок имам заборавено. П.с еден вкус еден ден давам
Ништо не треба да ставаш. Кожичката мачкале или не им е кадифена, пренежна, плус толку се млади што самата кожа се регенерира многу брзо. Ако има проблем со осип и црвенило тогаш секако има потреба од крема. Нешто за бариера не е потребно оти урината во принцип е здрава. Кога менуваш пелена само оставаш минута луфта да се исуши само од себе. Ако си сакаш нешто како бариера да мачкаш можеш ноќе оти подолго им стои истата пелена, земи си нешто со понежна формула. Само што со често и редовно мачкање немаат некој бенефит ако немаат проблем нели, а кожата само им се презаситува и потоа ако дојде до осип или црвенило истата крема нема да функционира.
Ќе се убацам тука и ние воведуваме вкусови , кажи ми кампир обичен или батат? Морковче дадов ама за компиров не бев сигурна каков ?
Moja beba i posle eden saat znae da bara mleko, realno nz ovie kasicki kolku gi zasituvaat ama od moevo iskustvo skoro ic.
До сега само праска (замрзната имав од летото), морков и компир сум дала домашни (татко ми има). Другите вкусови со готови каши ги воведов. Планирам да продолжам со домашни каши со тоа што ќе ги киснам намирницте во сода 15мин пред подготовка