Како тоа не заситуваат, до вчера на млеко само сега храна и не заситува. Во принцип колку е дете лакомо толку ќе бара храна. Големото на 3ч ко програмиран беше додека тргна во градинка, а и после до кај 3г продолжи малтене, ова малово ми личи ќе нема таков ред.
Мојава не ги сака готовите кашички , особено на хип јаболка на хип не ја сака , на холе ја јаде , денес и дадов домашна крушка , маф ја направи цела, жал ми беше да престанам да и давам колку слатко ја јадеше
Пукнав.. друштво колку денови трае настинка со кашлање и секрет од нос? Ова ни е трет ден, денес е подобар ама мнооогу секрет има од носе, проѕирен. Не дава многу со аспираторче да го чепкам, му течат сами на устето. И дали сите се плачливи така кога се настинати? Вчера плачеше многу исто и денес
Мајки ке почнеме со вкусови за некој ден па ме интересира колку вода давате и дали после проба одма да дадам вода? Водата ја превривате прво пред да ја дадете?
Потврдувам дека Бепантенот е многу добар. После епизиотомијата ставив само два пати и одма ми се намали болката и жештината. Го користам сега за беби ако има црвенило на газето, а првите недели имаше мозолчиња што се чистеше од хормоните и патронажната ми рече да го намачкам на лиценцето. За Судокрем имам читано дека и тој имал нафтени деривати.
Една недела најмалку кај нас. Првиот пат беше таква плачлива, сега само кашла од време на време инаку е расположена до сега ама се раскашла страшно. Ако имаш кај педијатар за чистење со аспиратор нема поефикасно, и нема сака нејќе пикаат цревцето в нос и еден куп се вади, после ко ново дете. Немаше денес кај мојата ништо в носе, уште полошо вака е.
Сите се исти сонце но мораш поупорно со аспиратор да ги собираш....моето беше со солзни очиња, кивање по 20 пати за 30тина мин...пропратено со кашлање и нема не сака....на почеток се буни после веќе се навикна дека полесно дише па не се бунеше и после аспирирање не дочекуваше со насмевка. Завчера 4 пати со носко за еден ден влечевме. Денес е подобар....со лесно да ви минува мила
@kristina.k @Rtulka фала срцки, првпат така да ми настине и не знам што е нормално што не. Гревчиња мали на сите со лесно да минува
Холе само во зегин ги има? Не видов таква каша со просо баш ќе побарам. @Srcka28 и мојава не ги сака од хип. Утре ќе и дадам од холе да видам дали е до тоа. Или пак општо не сака
@fana колку просо ставаш во кашичката? Треба да е 1/3 житарка за да е оброк. Инаку на моите (ако им се свиѓа тоа што јадат ) 120 им е малце а ако не им се свиѓа ќе изедат 100 грама и како да не јаделе, за саат време вриштат за млеко. Со 140, 150 макс 2 и пол часа ги држи.
Дете мое заикнува, како да губи воздух, не може да земе воздух и "свирнува" од грло. Не знам како да објаснам, не кога цица туку и онака од чиста мира. Се дешава и кога цица, ама почесто вака од чиста мира. Ме плаши дури.
Јас до сега дома приготвена имам дадено банана испасирана со вилишка убаво и денес крушка , ја излупив , ја сварив и ја изблендирав. Претпоставувам и за морковчето гака , варено и пасирано/блендирано
Повели мила. Да, само во зегин има холе @le.soleil во 50тина мл топла вода ставам две супени лажици од кашава. Префрлам во празно мало тегличе од хип до пола со оваа каша и дополнувам со блендирано овошје. Не знам дали правилно правам али бебуш крка
Ќе се мрднам пд петиов скок. Мајки кога давате вода у колку ништо не знам како да почнам… нит со јадење нит со пиење…
Го вариш морковчето и го блендираш. Секој зеленчук така кога ќе проба од секој вкус можеш да правиш комбинации , јас би ти препорачала секој ден нов вкус.