Јас ве читам за водата и се мислам дали грешам. Знам дека препораките се вода кога ќе почне со дохрана ама… Давам некогаш (не секој ден) кога бебе после јадење ќе почне да ицка и подолго не престанува, а му се спие и поради тоа не може да заспие. Испива некои 10-20 мл. Погрешно е? П.С само на млеко е, 3 месеци има
Таман си, супер што бебуш лапка, уживај и радувај се. Имам и јас од овие инстант ама само ориз сум дала еднаш, преферирам цело зрно да си сварам а овие ги чувам за итни ситуации кога немам време. Вкусно е просото? Или не крадеш од кашите на бебуш?
Девојки ве читам скоро сите блендирате. А јас сакам пасирано да давам не блендирано. Ќе јаде така бебуш? Или мора блендирано? И свежо овошје после колку време давате? Пример банана пасирана,круша и слично. Пошто мене ми рекоа еден месец термички обработено па после свежо.
Не сакам цело зрно затоа што нема да можам мазно да блендирам иако имам нутри булет. Ова е убаво малку на млеко ме потсеќа вкусот. Сите каши прво јас ги пробувам @Erika.greeneyes нема строго правило како ќе даваш, секако дека ако ти сакаш не е погрешно да дадеш пасирано. Полесен е преминот кон цврста храна ако даваш пасирано. Ние мазно што блендираме треба прво да пасираме па да преминеме на цврста храна. Лично јас давам мазно блендирано од страв од засркнување.
Банана свежа од почеток се дава. Можеш пасирано, јас така планирам ко ќе варам дома, а купечките се мазни овошните.
Не дај боже ако се засркне како да реагирам. На страна да ја свртам и по грб да ја тапкам или? Вака беше со млеко кога се засркнува.
Во раце ќе ја земеш ако премногу се засркне и надолу ќе ја навалиш и ќе тапкаш по грбче. Доколку се вцрвенува во лице ќе и помине.
Заглавив на зеленчук, па и се разболе. А навечер ми е обисната на гради. Наредна недела планирам месо и воведувам млечно. Имам чуство дека е гладна.
Јас на двете почнав со пасирано, прифатија. Дури второто повеќе јадеше кога беше пасирано отколку мазна структура од готова каша. Кога почнаа да седат постабилно почнав да давам и парчиња.
По описот најверојатно станува збор за габична инфекција или кандида и е нормална појава кај многу бебиња, моето имаше два пати на почеток кога какаше по 7-8 пати на ден. По совет на патронажната му мачкав канестен крема и бепантен маст, значи на секое менување пелена мешав по малку од двете и го мачкав, подобрување имаше после само еден ден. Оваа комбинација се покажа вистинската, зашто никакви други креми од овие за пеленска регија не му помагаа. После некој ден откако се повлече продолжив со Mustela iritations and rougers крема која содржи цинк оксид и е природна. Инаку редовно ја користам Mustela vitamin barrier cream, а и кремата за пеленска регија на Веледа, на секое менување пелена ставам по ептен тенок слој на газето и погоре кај што се витка кожата и ме чуди што многу мајки овде не мачкаат ништо. Мене уште во болница сестрите и потоа и патронажната и педијатарот ни рекоа обавезно мал слој и се разбира менување пелена на макс 3 саати, а после какање веднаш. Инаку гледам судокрем некои користат, верувајте дека од тоа поголем отров нема. Еднаш се излажав баш кога имаше осип, купив и после кога читав што сѐ содржи, одма го фрлив, во некои земји воопшто не се продава. Бепантен е сосема безбеден и ефикасен лек, за мало црвенило или па било која крема што содржи цинк оксид. За кандида па препорачувам комбинација канестен + бепантен.
И моето е 3 месеци и давам малку вода, сметам дека нема ништо страшно во тоа, па и ние сме така пораснати
Јас веќе почнав со вкусови оваа недела и давам пасирано. Супер прифаќа. Имав и јас како што вика @JuLleE чуство дека е гладна. Само цицаше до сега, има полни 5 месеци. Втор преглед на ортопед кога правите? Јас закажав за следна недела. Покажува некој интерес за седење. Па да видам советите кои се за овој развоен период. Доле на под крева газе, може сака да лази
Ако е на доење нема потреба од вода, млекото ги задоволува потребите на бебето зошто е скоро 90% вода по состав. А како сме ние пораснати поарно да не спомнуваме
Моето е од полни три месеци на АД само, па вода не давам. А порано сме пораснати и со малку мед и лимон.
Па ние и не сме баш на здрав начин растени. Ама јас секако давам вода многу ретко и секојпат е по јадење, така да не му го полни стомачето за после млеко да одбива. Сепак ќе се потрудам да не давам. Стварно нема потреба од вода
Мајки може ли да се почне со морков што мислите? Педијатерот ми рече со тоа да почнам прв вкус па се мислам дали морков или тиквичка ? Со шро да почнам мислење? Фала