Секој ден нов вкус баш и не е правилно зошто некогаш може да изреагира и после 2 дена, па и 3 дена, а ти ако даваш секој ден различен вкус нема да знаеш на што реагира. Затоа се воведува 3 дена, прв ден 3 лажички, па наголемуваш. Тоа како ти мислиш не е спорно дека за тебе е ок, ама не е во ред. Ама твоето е на ад, со ад се дава и вода секако. Јас свежо дадов дури со ужинката, кај 11м, до тогаш само банана свежа јадеше. Нели таа не се готви.
Не се согласувам. И мојата порасна на АД, 3ца доктори прашав за вода, ми кажаа и АД и мајчино имаат доволно вода
И мене така ми кажаа, дека доволно вода примаат преку формулата. Затоа има правилно дозирање. Вода се дава кога се почнува со цврста храна, претходно не.
Во 2016та кога го родив првото тоа беше правилото, ако повеќе од пола оброци се ад пие и вода, ако се мајчино не пие. Многу се нервирам што правилава се менуваат ко чорапи што мењаме, до вчера не важело тоа, сега важи, демек до вчера грешевме ама ако, не е страшно. Разбирам пред 10-20г кога ништо не се знаело, ама сега, да се мењаат на 6м препораки, безвезе.
@AngelOfArh а замисли мене каква каша ми е во глава со разлика во години кај деца 10 години. Пишав и претходно ост педијатар - различни препораки
Која цена беше памтиш? Јас овие ги давам, просо од зрно и гриз планирам класика со бебе. Исто ставам околу 1 лажица прашак, малце вода замлачена и готова овошна кашичка или домашно овошје варено или печено. За да изеде 120 грама моево треба да го лажам со глодалка да отвара уста, а убаво му е кога ручка, не се буни хахаха. Е навечер му текнува дека сака да јаде и папка со устата, а баш тогаш неможе хах.
Ангел, сменети се препораките за воведување вкусови од кога беа првиве големи. Сеа се воведува набрзинка се. Ден два нов вкус. Еден ден даваш чист вкус, вториот ден комбинација. Пример денес давам просо, утре просо со јаболко, веќе сметам воведено. Жолчка на 6 месеци ми викаат да давам. 2 оброци исто на 6 месеци. Итн. Да се чудиш, ама кај ,@JuLleE па е уште почудно, се тешам.
Они од денес за утре различно мислење имаат, а не па после 6 години Јас у каква ситуација бев со хемангиомите, еден вика давај ја таа терапија, друг вика ау нема шанси ова за бебе На крај се консултирав со доктор од Германија кој фино лепо им се изнасмеа на докторите тука и така... Мозокот ми експлодираше тогаш
Од кога ова? Педијатар ми рече вода кога ќе почнеме со цврста храна. Не ботно било што е ад, зашто и ад е секако повеќе на вода Да се редактирам сега ги прочитав другите мислења
Абе какви сака нека се сменети препораките, алергии се алергии, колешка трчала боса на итна на трет ден од воведувањето банана, замисли банана, најнеутрално што може, ама разви алергиска реакција. Среќа не ја ставила цела банана и вечерта кај матичниот сосе бананата, таа банана за разлика од останатите што ги дала до тогаш имала малку повеќе од тие ситните црни точкички, е тие можело едно у милион да дадат реакција и дале. Дете да се гуши од пасирана банана, еве го трето одделение уште е алегично на банана, дури и на екстракт, дава реакција и на крем бананата. Пишав под мојот коментар, пред 6г и кусур кога големиот беше бебе препораките беа, ако поише од пола оброци се ад се дава 30-60мл вода дневно, не повеќе од тоа, зошто ад е сепак прав и згуснува, не знам дали си оставила да стои спремно млеко во шише подолго на собна, како пудинг станува. Размучкај го и пак е течно ама сепак згуснува, за да се спречи дехидрирање тогаш ми рекоа да давам водичка, ама синко беше 90% на мајчино и не давав.
Тетка ми на братучетка ми и дала бисквити со млеко на два месеци. И и викам оти? Епа ми беше жал само млеко да пие ми се чинеше гладна е
И јас преска ќе бев како тетка ти. Јадам оризови галети и му давам на бебе млеко истовремено, тој ме гледа го бута млекото со јазик и отвара уста накај галетата. Толку криво ми стана ама среќа се воздржав
Туку да ве прашам можно е 4ти скок да трае две недели само? Бебе синоќа си заспа сам во креветче и си спиеше со 2 станувања за млеко само, исто како пред скокот. И сега денски бргу заспива и убаво си пие млеко, не вришти како претходно. Или ова е затишје пред бура?
Дали сте користеле вакви лепенки што се лепат на боди за полесно дишење? И дали може да ги користиме 4++ сме?
Абе од ум ќе те извадат, мене малиот ми настина и на едно место ми викаат има спуштено на плуќа за итна хоспитализација е, друг доктор ми вели здраво е детето со чиста плуќа и проодно носе... Се побудалив тогаш, плачев и не знаев кој пат да го фатам и кој да слушам, тазе породена и плус прво дете... Ко да не учеле исто школо докториве
За големиот ги користам ама мислам над 2 години се. Едит- барав ама не можев да најдам кај читав дека се за над 2 години, може и грешка да сум нешто. Ефикасни се за пуштање затнато носе инаку, ама за бебе ако најдеш маст фитобалм 0+ била. Јас не успеав да најдам тука по аптеки.
Алергија си е алергија, него истражувањата покажале дека што порано се воведат некои намирници, помали се шансите да се развијат алергии. На тоа се базира препораката. Порано да се воведе се, глутен и др алергени.
Ако е алергија и до 10 месеци да не даваш храна кога ќе дадеш ќе појави алергија. Не неможе храна по два дена да даде алергиска реакција.