Епа ете може, на трет ден банана дава алергиска реакција зошто првите 2 дена тие црните точки ситни микроскопски ги немало во првите 2 банани, а во нив бил тој екстракт кој предизвикува алергија. Многу ретко ама се случува.
Тие не се семки од бананата? Мене матичната ми даде листа, ама во првиот месец од дохрана само јаболко, банана и круша има од овошје, а зеленчук само морков и компир.
Значи во првиот момент ако не појави алергија не е алергично баш на банана туку на компонента од бананата која дополнително се појавила. Велиш првите два дена немало ништо. Алергија дава бурна реакција веднаш.
Јас првото го родив во 2015 и беше на ад. Различни доктори различно кажуваа. Едни викаа нема потреба од вода, други дека треба вода чим е на ад и да се почне од 4 месеци со оброк. На крај си се водев по мојата логика, чим ад е замена за мајчиното млеко и се прави со вода нема потреба од дополнително вода. И уште не ми е јасно зошто ако се на ад да се почне порано со храна исто им е развиено мешето и на тие на доење и на тие со ад, физиономија е во прашање а не какво млеко внесува. Си терав по мое со вкусови почнавме нешто пред 6 месеци. Еве второво е само на доење и исто си терам и не гледам некоја разлика во развојот меѓу доеново и првото што беше на ад.
Секој како си сака нека си прави сите тука имаме различни искуства и мислења. Јас на моето бебе и алергени воведов до 7ми месец ама Јас немора и ти така да правиш само споледувам мислење и искуство.
А што има врска годината на раѓање со препоракиве за вода? Бебе на млеко, било мајчино било ад, не може да дехидрира. Исто е и да е родено 1980, 2015 или сега (2022,2023). Оние лекари што кажуваат дека треба вода кога е само на млеко да си ја искинат дипломата.
Мене ми е чудно како на почеток на дохрана ми викаа воведувај на 3 дена, а сега ми викаат ајде ајде побрзо, демек поголема е сега давај ново на ден, два. И тоа со водата, и тоа со воведувањето и алергените (дали повеќето од храната се дава 6+ или се чека) се разликува по област, години на доктор, негови лични уверувања и искуства итн, ама факт е ако не сте сигурни за некоја работа, да побарате неколку мислења и логички да си одлучите.
Ама апсолутно секој ќе си тера по свое, нит мислам да читам по интернет кога да воведуваме и како, нит планирам да слушам нови препораки, зошто имам едно совршено здраво кое сум хранела по некоја утврдена шема која ми е логична и планирам и второво исто да го хранам. Само заради фамилијарна анамнеза на алергија на млеко и лактоза интоленранс ќе припазам на кравјо млеко, не на ферментирани кравји производи, друго се како бато ќе правам. Гласно размислувам со коментирањето, како и повеќето од вас и споделувам мои мислења, не убедувам во спротивно.
Истово сакав да го искоментирам пред некој ден. Потполно различни совети за исхрана пред 8 год и сега. А детево машала ми е гурман невиден. Од салати, манџи, овошје, месо, риба, буквално се јаде. Чипсови, смоки, благо дома ретко и да проба. Само вода пие. И сега со бебево, па требало фингер фуд, па bwl, па се наеднаш да се воведе. Во еден разговор со матичната, ај реков пак да прашам, само ми рече,јас ли да ти давам инструкции, кога имаш изгледано едно дете кое што секој би го посакал? И пресеков, реков дека не се замарам воопшто. Нека се здрави и живи и нека растат само. Одгледување дете по книга,може ама само ако е кукла Ги следам нив, само тие можат да си ја напишат книгата за детство.
Просото имаше зрнеста текстура, го измешав со малце јаболче. Другите житарки прво малку сами, па измешано потоа.
Баш И тоа плус од која книга .... Која е правилна книга? Од оваа денес или кога ние сме биле мали? Книга има за исхрана на бебиња од Вера Нича Пренда врвен педијатар кога ние сме биле мали, вели на 3 м СОК од јаболко. Сега ние бегаме ко ѓавол од крст од сок... Нека се живи и здрави само тоа е најбитно
Е баш така, ама срце мое книгите од наше време мене ми се многу дискутабилни, не би гледала дете по тие совети ни пред 30г. Мм има почнато дохрана со рендан жив патлиџан со сол... ако ти кажам дека од многу комбинации и ден денес има мака нема да ми веруваш. Од тестенини со сирење има страшна дијареа, од кечап се нафрла, од некое месо му се повраќа... Он не е доено дете, пиел Лактовит до 3м, после кравјо, до ден денес од млеко се нафрла страшно на грб гнојаници, ама тогаш било така, на 3м кравјо. Од сок забите му се срониле, ама на никој не му ни паднало на памет дека е од сокот, дури кога тргнал во школо докторката му рекла дека е од сокот. Ај да го тргнеме на страна начинот на свеки како го хранела мм, колку од нас се борат со неплодност и нарушени хормони, еден куп, колку од нас имаат дијабетес, нарушена работа на тироида... не е баш дека добро не гледале.
@AngelOfArh нашите деца, не мислам на моето и твоето конретно, туку отприлика нивната генерација, многу повеќе од нас ќе се борат со секакви болести и денес што не се чуени и тоа нема да има ич врска дали на 6 или на 7 полни месеци пробале глутен, дали пиеле или не сок. Позадината на тие проблеми е многу многу поголема
Овде се усогласени препораките за воведување на храна. Јас и да не ми препорчаа со зеленчук, прво тоа ќе воведев оти синко после овошјето друго не сакаше да јаде. Што ќе се воведе прво е толку небитно, битно е скроз да не се оптеретат цревата на бебето. Ама ако има гени за целијакија, нетолеранција на лактоза, кога сакајте воведете, проблемот ќе се појави. Син ми благо јаде ретко, до две години цицаше само и пак му се изронија забите, еве и со млечните заби има проблеми. Сум поборник за здрава исхрана,но исто така и медицинта оди напред, што значи нормално е да се менуваат насоките. И мене секоја дискусија за здрава храна во Мк ми е малтене излишна. Извинете, се е поздраво од воздухот во Скопје.
Ма сегде не само Скопје. Еве и домашно непрскано да и купам кај нас, што ми менува ако е растено во село до Рек.