Кога ќе почнам да функционирам со бебе? Имам помош, инаку и гладна, и неизбањата и се лом ќе беше по дома. Бебе цело време сака да е во раце. Еден тон играчки купив, вакви, онакви, џабе, ништо не го интересира. Сака само да е во раце и да сум станата. Преку ден само во раце спие, навечер во кревет со мене. Ако станам, ни ја ни тоа ќе спие. Буквално лепенка е. Ама огромна. Кичмата не го држи веќе. Има некоја мајка со слично искуство. Не можам веќе вака да функционирам. Манџа една не можам да направам. Хелп.
@fana Од 3 месеци ми давале џигерчиња пилешки, затоа што сум била со ,,слаби,, коски, проширена фонтанела. Не сум цицала. Да чукнам во дрво, до сега еве 30+ год јас освен за парацетамол, не знам за друга таблетка, и тоа во екстремни случаеви. Најслатки ни беа ,,сендвичите,, за во маало,(шеќер,какао и вода, пипер и масленце, домат и сирење со топен КРИСТАЛ маргарин). Млеко строго домашно кравјо и овчо, попара со леб @Alexandrite Колку не има на форумов сами, без помош, па еве уште немаме психијатриска помош побарано Ќе успееш да се навикнеш, да функционираш и да се организираш. Манџа правев кога беше бебе со релаксатор на кујна, сега или во дубак или во хранилка седи, па малце во раце, па на земја. Домашна со големиот пишуваме сите заедно или ако во тоа време цица малово, јас викам објаснувам а детр на маса пишува/учи.Се бањам на рати, коса мијам преку ден, за да ми се исуши, а се туширам кога ќе заспие ноќе. Некогаш тоа е и после 12ч. Средувам облека, плакари откако ќе заспие навечер. Успевам да смукам, џогирам, прашина преку ден. Некогаш во вц го носам, ако не сака сам да стои во соба. Плус предпубертетлија од 8ипол год имам,кој и те како има свои потреби и барања. Помош и од сопругот немам, работи од 8-16 си доаѓа, одмара и ппминува денот. Ама живи и среќни сме сите 4ца, успеваме да се радуваме на крај на денот кога сме сите заедно
Во игрална на под си пробала? Многу е тешко да, ама поминува многу брзо. Ќе ти фалат многу овие денови, верувај
Знам тешко ти е многу, хаотично. Јас помош немам, денот како 2 саата да е, за ништо немам време. Верувам и со помош пак е исто, можеби за нијанса полесно. Уложи у нешто опрема за бебе, релаксатор дубак бејби гим или на земја нешто стави и одбери едно од нив и биди упорна до крај. Еден ден 5 мин, друг 10 па се повеќе зголемувај кога ќе го оставаш, прво со тебе, па по некој ден оддалечувај се постепено. Мене ова ми успеа за на земја да седи. Има такво со играчки горе ама и на маса и на столови (на спротивни страни се) закачив такви црнобели слики за каде и да се заврти да има некоја занимација. Најди нешто што ќе му привлече внимание, сигурно постои. Е сега не е секој ден сјаен, има денови кога е цел ден во раце посебно сега 4ти скок. Ама тогаш му пишувам на маж да купи нешто за ручек и дека дома ќе е хаос. Едноставно ја прифаќам ситуацијата и се трудам да не се опседнувам да ја променам. Ќе помине и тоа, ќе пораснат. Сега сме и потребни
Јас не одам според книга, ама нешто што не треба да го јаде сега не и го давам. Еве компир каша вчера ручаше двапати и толку денес нов вкус и дадов, каша од праска. До сега по 3 дена давав денес решив друго да и дадам. Мајка ми што ми кажувала ми ставала во млекото здробена бисквита, гриз ми давала и еве ме здрава права. Што сум слушала од крави, кози млеко им давале на тие што не цицале пола вода пола плеко, разгледувале ама сега да направиш такво нешто нема шанси.
Првото ми беше бубачка за чување, кај ќе го оставиш таму, релаксатор, кревет, под, количка... немаше проблем, спиење, млеко и ако стане нема ќенкање, си глетка, морав да го проверувам зошто спиевме во соба а јас во дневна пример... е ова наплаќа и за бато. Прво ќенка 15мин па се буди, бањање со дерење, пелена мењање со дерење, спиење во раце или тука до мене, никој друг, само јас... Исто мака со доење, премал, слабо напредува, едвај стигна родилна, утре коски ми се тресат за мерење како ќе биде... До вчера мајка ми беше тука, си отиде и денес сама цел ден, и ручек и се на мене, издржав некако дури и мислам ко за прв ден подобро ми е сама, ама уште ми е чисто па се трпи некако, кога ќе дојде ред за чистење не знам како ќе биде. Утре сум сама и навечер, е тоа ќебиде предизвик, ама немам душа да му кажам на маж да не оди на свадба. Таква сум јас, не кукам одма, може после некое време Издржи сесре, ќе помине викаат
Јас заклучив дека ми треба робот правосмукалка, така ќе си скратам една обврска а морам редовно да го чистам подот. Посебно кога ќе почни бебо да лази,имам куче и ептен валка па можете да ми предложите некоја секако незнам каква да земам. Инаку сакав да прашам до кога треба да се внимава на главчето да не се искриви и кога почна да ви опаѓа косата?
@AngelOfArh си мислев дека ова такво бељаџивче ќе ти се погоди, да наплати за првото ко оние видеата детето што не натера да сакаме 5 деца и детето што направи да застанеме на 2 Јас пишав оваа недела дека сме сами и навечер, мм е надвор од државата, ако верувате бројам минути до недела. Мајка ми се погоди цел ден на работа баш неделава, свекрва ми е оперирана, иди по 2-3 саати поручек ама остатокот сме сами тројцата. Па и настината е В раце е скоро цело време, ја ставам 5 минути во хранилка да направам за големиот нешто набрзинка да јаде, за во вц трпам цел ден, а не можам и на земја да ја оставам сама со мачката што не ја сака многу многу лудници сме. Ко ќе заспијат навечер од умор не можам да спијам, ама нека се здрави и живи што вели @fana толку брзо поминува овој период, што се заборава се, многу кратко се вакви бебенца целосно зависни од нас.
Јас поради истата мака почнав да пуштам цртани на Јутуб, зборам цртани за бебиња, висококонтрасни за развој. Гледа во релаксатор или количка пред тв, а јас запржувам тоа шо треба и пикам во релна јадењето. За и вц, ставам врз мрежичката од коритцето ставам мека подлога и го легнувам, му зборам а јас се бањам, прама шо праам. Е сеа може да поплаче 5 мин ако не му се свиша муабетот. Кога сум преморена и сакам кафе раат, го ставам на подлога да се пресига малку. Еден ден седи 10тина мин, некогаш не. На почеток во подлогата седеше 1 мин и вриштеше. Ама секој ден по малце. Кога не излегувам на крај, кажувам на маж да купи нешто за јадење по пат или ќе јадат што има во фрижидер. Тоа е тоа. Одам и небањата и повратена и измочана, од бебе нормално хахахаха, додека да имам прва прилика да се средам. Ма да, голема помош ми е количката низ дома.
Јас го имам овој модел , задоволна сум за секојдневно одржување Mi Robot Vacuum-Mop 2 Pro Инаку косата почна некаде околу вториот месец после пораѓај да ми паѓа и тоа беше језиво , сега гледам почнува да намалува што е добро
Скроз исто тераме и ние веќе месец ипол, цело време сака во раце, ноќе спие на цицка не се делиме. Период е , ке помине бар така се тешам, а за болки не ми се ни зборува, и многу сум нервозна, со сите се карам и сите ме нервираат, никаде не ми се оди, првото дете како бебе беше бајче после стана торнадо од 11 месеци за ова ке видиме, нека е живо и здраво само.
И на нас количката ни помага многу, без неа нема да можам да функционирам. Кујната и дневната ни се големи и имаме доста за возење кога тррба во кујна да завршам нешто ја ставам количката до мене и ставам играчки во неа си игра, се низ дома завршувам ама досега и бебево ми е мирно, кај и да ја оставам си игра. Само бањањево кога стигнам тогаш некогаш и со мрсна коса сум или испотена ама штом ми се укаже прва прилика не ја испуштам.
Оваа и мопира или само го собира ѓубрето? Добро штом престанала да ти опаѓа. Еве 4 месеци поминаа уште не паѓа, се надевам дека нема ни да почни.
За дење можеш да пробаш во кенгур/слинг, барем ручек и кафе на раат ќе си направиш.. денес исчистив со правосмукалка додека бебе си дремна во слингот (во креветче така нема шанси да дремне) Е кичма секако ќе те боли ама барем рацете ќе ти се слободни..
Кажете совет како бебе да прифати цуцла лажливка, три различни купивме и не ги сака.. ноќе брадавиците мои си ги користи како цуцла за да се смири
Мојов решил синоќа да се солидаризира со бебето на @Alexandrite и не спиеше никако во креветче, дури ни на кревет, кај мене у раце или на рака потпрен, никако легнат. Викаше урлаше од 2 до 6. Еве го со очи на пола копје не се дава да зацврсти да заспие. Јас од што сум испотена по цел ден и се шетам гола изгледа настинав, ама стварно не можам да одам облечена и натунтана, жешко ми е, склет ми е... кој ќе ја слуша свекрва ми сега дека ми збореле... Инаку си дојдовме од мерење, 170гр за 3 дена, 2970 е. Ај да не биде на толку цицање, брадавиците ќе почнат по земја да ми се влечат, ужасно ме болат. Млекото приметив дека за разлика од со баткото ми е поразлично, погусто, ова се нема одвоено вода многу од млекото, со баткото имаше многу малку густо горе, повеќе беше вода, со ова скоро цело е густо малку скроз има вода доле. Ех да не ми ја распиеа пумпата ќе си молзев полесно, ова сега живи маки на рака.
Колкаво е бепчето? Моето исто не прифаќаше до 3 месеци, па после почна да прифаќа за заспивање. Пробав 5 врсти,најмногу ни се погодија од дм бејбилав цуцли, 2 се помалку од 100 денари, такви се гумени жолти, не се силиконски. Дали материјалот и се засвиѓа, не знам, ама ете спасија работа. Авентот најскапи што сум ги купила, ги мрази Инаку кога ја заспивав со цице пред да заспие и подметнував цуцла. Ама не верувам дека јас нешто ја научив, туку кога почна се да пика во уста тогаш и цуцла прифати.
@jelo @kristina.k како се бевушките? @Alexandrite ќе помине мајка. Моево 10кг исто научено на раце, денес сум цел ден сама ќе видиме како ќе е. Туку бебо спие и на 5мин се штрека во сон. Со раце и нозе рипа, отвара очи ме погледнува и заспива. Нема звук да го плаши, се нема исплашено.