Јас имав на медела - пурелан, ок беше. Мада мислам луфтирација и миење после подој најмногу ми помогна.
Ми кажаа миење после подој никако, од лигите од бебе и млекото тоа најубаво заздравува, ама како се суши мене така ме засега, како фаќа на блазниците така мене во срце ме удира. Ако му дадам да цица без да ставам од овој ланолин што го имам, мислам дека срце ми корне. Доктор ми рече исто луфтирање ама и мачкање со млекото на брадавиците и да се исуши млекото, не да ги мијам.
Мене па ми рекоја обавезно миење после подој, па со малце млекце да ги намачкаш да се исуши, па ланолин и после луфтирација.
Мајки бебе се искака сега светло жолто, такво лигаво. Дали може да е од тоа што јадев пача и вчера и денес? Спојлер
Девојки каде се вади извод за бебе од кога ќе се породиме? Слушам муабети во самата болница? Ќе се порѓам во Систина па ме ми е јасно
Може, а да не те плашам моето вака почна да кака кога му се затна носето пред 4 дена, секретче што го голта.
Имаше едно време тоа ама мислам дека веќе нема. Сите бебиња се пријавуваат во матичното во Центар кај Стоун Бриџ хотелот, ептен тазе ми е па затоа ти кажувам од искуство.
И мене ми личи на секрет. Моето вака какаше кога го исфрлаше секретот. Можеби не е таков случај кај твоето, можеби сум грешка.
Кога сме на темата ние денес го земавме. Точно 10 по поднесувсње (10 вкупно, не работни). Зошто толку ви се одовлече на вас? Не. Они кажуваат дека нешто поднесуваат(појма немам што), ама секако морате со отпусното да одите сами кај Стоун Бриџ и да поднесете сами.
Исто и јас, никој до сега не ми рекол да давам. кога сме кај тоа од коа вода давате? Околина Скопје Од 1 ви почнуваме со вкусови па се билдам со информации, знам се пишуваше уназад ама неможам да најдам
Од што може да е зелена каката кај бебе? 2 месеци сме имаше бронхиолит,на 7ми кога го прегледаа рекоа дека повеќе нема наод.. И матичната исто така го прегледа рече добро е. Откако се разболе почна да кака на 3-4 дена а пред тоа секој ден по еднаш дневно. Сега е здрав ама сеуште кака зелено,од што може да е?
Најверојатно храната му поминува бргу низ организмот, уште им се развиваат цревцата. Инаку како го прелегавте бронхиолитот, колку време ве држеше. И моево малечко беше болно од истото.