Nas na prv pedijatriski pregled vo Sistina,ni kazaa moze vednas da davame voda. Isto podocna vo konsultacii I so drugi pedijatri. Inaku ni ja preporacaa Jana. Ili bilo koja voda,kade kolicestvoto na natrium e pod 10. Jas vekje od 8mi den pocnav da davam voda. A I bebe si saka.
5 дена. На 2ри имаше наод секој ден бевме на детска клиника со урбазони инхалации.. на 7ми веќе немаше ништо.
5 скок!!! Мислев ќе го поминеме безболно Озогласениот 4 скок не го осетивме Од цице не е симната, а кога симната ништо не се погаѓа и само нешто кенка. Пукнав, а апликацијава вика ,,само,, уште 23 дена остануваат Да си се пожалам и јас малце
Дали може од оспен што пијам јас бебето да го боли меше, цело време плаче буквално, прди и помалку кака исфрла, пеленски осип има и цело време вриска кога е буден.Земав бепантен маст и веледа го мачкам постојано, малку се повлече црвенилото ,цел ден на саат-два време му менувам пелена, го мијам и го бришам со тетра, земав оргинал памперс и пак цело време плаче, се стега, се бори.Се мислам да не е гладен дали и дохрана да дадам? Мислам дека оспенот му прави тегоби, 2 пати му давам дневно биогаја плус и јас пијам пробиотик. Кажете некој совет се пореметив веќе.
Мајки како да приметам дека голта секрет ако не му тече носето? Може таа лигава кака од претходна страница да му е од лиги?
И ние го земавме денес. Доцна од Ѓорче поднеле за да им дадат матичен, можевме 1 недела порано да го земеме ама...
Моите од био гаја имаа гасови и тегоби во меше. Пробај да не даваш еден ден да видиш. Или пробај друг пробиотик.
Ние од биогајата имавме мнпгу мака , пробај со друг пробиотик да видиш , јас зќсменив со нормиа па после со ваја , и некако ваја најмнпгу ни се погоди .
Ти спомнале веќе, да се придружам во групата на незадоволни од биогаја. И правеше запек на мојата и мноооогу гасови. Сменив на ваја, немаше проблем. Иначе не беше проблем со биогајата од почеток, едно време и делуваше. После тоа почна да и прави проблеми
Судокрем многу му помогна кога имаше пеленски осип. За еден ден се среди осипот. Инаку ако е гладен ке приметиш сигурно, нема шанси да не препознаеш. Многу ке плаче и вика нема да можеш да го залажеш со ништо. Се разликува од плач ради грчеви. Се приметува и слуша секрет од носето и ако не му тече. И на моево не му течеше, ама секретот обавезно го слушав и приметував.
И мене ми изгледа 5тиов скок полош од 4тиот. Или помина па го заборавив више. Сега цел ден само квичи. Ништо не и е погодено. И цел ден буквално очи трие за спиење. А преку ден слабо тера дремки. Еве денес откако стана сабајле во 8 и пол. После имаше една дремка во 11:20 до кај 12:30. После кај 15:30 до кај 16. И уште една дремка кај 18:25 до 20ч. Некако долго време ми е будна измеѓу дремкиве и цел ден и се спие а не сака никако да заспие. Претходно на секој сат и пол заспиваше. Некогаш се дешава ретко да поспие и по 2 часа станува и пак очите ги чеша за спиење. А заспивањето е научна фантастика. Исто слабо е расположена дали е до скокот или ќе вади заби пошто нон стоп непцата ги чеша. И јас да се пожалам дојдов
Не си заборавила, полош е од 4от. И да будноста им се зголемува но сеуште чешаар очи за спиење, нерасположени е благ збор, кажи вришти по цел ден и тоа така ае напиња лутито мислиш ако прозбори тешко тебе! А глодалките почнува со фино да ги глода додека не му се спојат жички, е тогаш сака да ги растргне. Абе убаво кажав, животинче од зоо
Има една тропалка во форма на шише а горниот дел цуцлата како цицка личи ама од гума е и кога ќе фати со непцата да ја гризе и да ги чеша тоа на гумата се слуша звукот од што агресивно ја трие од непцата. Баш убаво опиша се сака да растргне
Моето Софи така ја глода, чкрипи кутра глодалка а вчера демек пробавме вода од чашка со клунче, настрада клунчето шкрипење невидено!
Ние 4 не го осетивме досега( уште 5 дена останаа од 4 скок) ама по ова што пишувате изгледа 5 ќе ми наплати дебело