@Rtulka срц каква чашка со клунче? Можеш да ми пратиш слика? За две недели здравје планирам со вкусови да почнам па да комплетирам опрема И дали кога почнувате со вкусови одма и водичка воведувате?
Мојава не ја сака ич водата. Пошто знам дека не ја пие некогаш и заборавам да и нудам. Само после кашичка и нудам ама не ја пиеше до сега. Пробано и со шише и со лажиче.
До скокот ли е или детево само дома е расположено? Кај и да појдеме плачи, не сака гужви ни по гости да оди, ќе се смени ли или ќе бидеме од тие што престојуваат на врата секаде? Ептен ме паничи ова
Ни скокови, ни прозори, ни громови, ни сонциња, ни ташаци. Ете тоа ќе ви кажам. Од 10 на нозе го успивам. Тек сега заспа. Се шлапнав во кревет ко говно од птица у лет, шљас. Со рамово ѓуле на далечина можам да фрлам. Лжат тоа апликациите. Сушат. Уште будала, по цел град ќе трчам уље за масажи да му барам. Море војска има да иде.
Иста е и мојава... Нит гужви сака ни по гости одење. Да може само дома да седиме. Со непознати исто не комуницира, дури и вришти на цел глас ако некој пружи раце да ја земе и само у мене и татко и сака да седи. Што дете ќе беше еве не знам... Па кога ке ми речат така си го научила мислиш сакам јас да е лепенка за мене ич неќам кафе едно на раат да испијам... Се надевам ке помине и дека е период..
Преуморна, а воедно најзабавната мајка во темава. На сета твоја мака јас се газам од смеа ко ќе те читам. Уште мозокот ми се смее ко ќе ми текне дека си се претворила во згрбавена камила. Шала на страна - поддршка мајка, до тебе и до сите неспиени, нечешлани, небањати мајки. Се ќе се издржи. Гушкајте бебуши, со мирисот нивен ко опијат, се се заборава.
Мојава ни гости, ни на гости. А има некој плус од домашните што сме и се руши комодитет и се уозбилува, ни А ни Б. Не плаче, ама ни гуга, ни се смее ништо. Затоа ко ќе сме си дома без надворешни ликови ко ќе отвори една уста да шлапа мислиш ќе ти прозбори, а ушите да не и се устата ќе и врти околу глава од што се смее. Е сега сме во 5 скок па повеќе е лигава и кенкава, ама при нормални услови е топ
На здравје нека и' е. Значи јас бајагички каснам. Ај ќе јаде цел живот, а млекце сега му е дури е мал.
Секогаш се чудев како мајки можат да ги помешаат лекарствата, сирупи, капки на двете деца ама еве дојде тој момент. Наместо солен раствор, на бебето 3+ сум прснала диво оригано Освен евентуална алергија, може да се јави некој друг проблем?
Која, пошто се плаќа една што ми излезе. Де да видам моево во скок е или да го скокнам до Чаир да го вратам, ова не се трпи. Овие двајца се договараат. Ми отече раката вчера од држење, нишање, а главата ми е ко во бунар ехо да ми праи. Цица нон стоп, не застанува, брадавиците ми се ко жилети, болни, огромни... Значи не се зезам, оток како јајце имам на надлактицата, воспаление мислиш сум кренала 60 кила на бенч... Ми се плаче, а немам сила. Се дереше синоќа цел ден, малку му беше и ноќеска се дереше. Заспивање со полиција, никако, многу тешко заспива. Ужас!
Мајки која цена се кашичките во ДМ? На Холе и Хип ги видов на страната на Зегин, не знам дали во Тинекс би биле поефтини.
Таа е. Ако сакаш ќе ти пуштам слика кога влегувате во скокови. Мислам дека сега ви е рано. Ако добро се сеќавам некаде околу 5та недела од датум по термин е првиот. Кога ти беше краен термин? Холе ги има само во Зегин