Најмногу се нервирам кога ќе ми речат не го шеташ затоа не е навикнат, ама и кај свекрвами да го слезам долу тој не е весел како горе кај нас. А и кај да појдам со него кога на секој саат-саат ипол тој заспива и вистина денските дремки се ужас за заспивање, мене секое одење по гости ќе ми помине или во млеко правење или во заспивање Ај сега ќе се стопли ќе го изнесувам повеќе се надевам ќе се навикне, ама се си мислам до детето е не е до шетањето И секако да напоменам и ние сме во 5ти скок.
Незнам колку има твоето бебе ама мислам дека има нешто вистина во тоа. Моето бебе летно родено во јули од втора недела е излезена од дома и во контакт со луѓе. Ако сфатив и твоето е на АД како моето, и за мене тоа олеснителна околност за да ја оставам кај мајка ми да причува. Во контакт е и со мали дечиња на кои неизмерно им се радува, за викенди сме најчесто некаде отидени со друштво или ја чува мајка ми. Од најголема плачка сега имам бебе што им се смее на сите, си игра со сите, до сега не направила проблем каде е и со кого е. Кога ја носевме на Ортопед баш докторката ни потенцираше колку бебето ни е социјализирано, сега последно исто и педијатарот ни кажа. Незнам дали е до бебето или навистина има голема улога што ја мешаме со луѓе. Секое сабајле е шетана од кога е родена или во количка или во кенгур. Толку многу се нервирав на почетокот дека не дојам за да сфатам сега дека АД ми дојде како кец на десетка Јас одморена, дете среќно, дома чисто Мој совет : земи со тебе млекото и пут под ноге иди шетај мешај го со народ
Такво ти е бебето. Нема врска мешано, немешано, особено кај толку мало. Може кога ќе потпорасне да биде посрамежливо или поповлечено и обратно.
09.01 ми беше термин. Јас во овие скокови не верувам, ама и во тоа ќе поверувам со ова викање. Трет ден не е застанат да плаче. Жалничко е дури за слушање.
Околу 10ти Февруари ви паѓа прв скок. Ме потсеќаш на мене со девојчето, и таа уста не затвори. После 2 месеци се среди, па само се смееше.
Мајки на бебиња 5+ Како сте со дневни дремки? Не се прати веќе ни прозор на будност ни ништо. Се е поинтересно од спиење, а и се спие и се плаче
Никако, од 8 е станата еве ја в раце дреми, а и се спие. Ама и големиот е крив, Лего реди до неа, а се ја интересира да види.
6 месеци сме и моево е родено во Јули. Ние дома сме цело време со луѓе, тој не плачи никаде во раце, само врти со погледот и местото каде што е не му се допаѓа. Само што ќе ја види дневната кај нас веднаш се расположува па макар и 1000 души да има внатре. Еве брат ми и снаа ми ги познава и те како идат кај нас, вчера бевме ние кај нив само кенкаше цело време. Е само неќни бевме на роденден во игротека и на кој ќе му се испулеше веднаш токмеше муцина да плачи, па кога се разлоши не сакаше да заспие и го вративме дома по пола саат. Кај нас дневната е светла и имаме многу ламби, мислам од потемни пригушни светла има проблем еве не знам Кај мајка ми седи без проблем го носам почесто таму. Само за спиење не сакам да му кршам ред и не го оставам никаде. Можеби е скокот а можеби и грешка ни е помислата со мм да му скршиме ред и да не го носиме многу по гости повеќе преферираме да дојдат него да отидеме…
Моево засега само на последната дремка прави проблем и кога ќе стане е паљевина. Само за нешто вришти, ништо не му се погодува, во раце да е. А заспивањето хорор.
Еве ја на Чико мила, но уште не знае да повлече го глода клунчето, инаку да кога почнав си вкусови одма вода по кашичките дадов и тоа со лажиче,не знаев дали ќе сака да пие со шише, а поске и во шише му ставав.
Водата ја превривате пред да ја дадете? До која возраст се преврива сум заборавила. Инаку мојава се гади од вода ко отров да и давам. Страв ме фаќа со вкусови кога ќе почнам
Немам почнато уште ама ќе ја превривам од чешма јас. Од понеделник ако почнеме со вкусови ќе почнам и со малку вода.
Јас најудрена у крило? Купечка ја превривам и тоа горска што скоро и да нема бигор за разлика од другите води што сум ги пробала
Исто сме , на сите гости ние во ходник или во друга соба некоја седиме , на неколку пати и после пола саат сме си отишле, не се амирува за жива глава, на сите им е незгодно , влегува во кола и одма е друго дете , а ако е ептен расположена тогаш ок , може и кафр да испиеме , ама најчесто не е јас се тешам со скок
Едвај по пола саат ако дремне и тоа со некој до неа да ја држи за раче ,инаку прета и не спие , мада и пола саат не е спиење ...
Не требало купечката превривање, само да е со мал процент минерали и може директно. Ако се сеќавам убаво за големиот Ладна и роса беа такви, и бебешките секако, ама скапи се. Е тие мислам по неколку дена можеше да се превријат ко ќе се наталожат. Од чешма за дома ми е најсигурно, а за надвор понатаму ќе купуваме секако.