@AngelOfArh и јас ќе прашував што е со раката? Не верувам да е од држење, 9 кила сигурно има мојата еден саат цицаше преѓе од стоење, боли ама оток не сум имала до сега.
Јас само модрици сум имала, туку друг проблем имав со рацете после царскиот, си реков да не е истото.
Мене нема да ми фалат. Едвај чекам да пркне , да прооди, да прозбори @Alexandrite таа сум. Бебе не беше вакво. Го оставам само , го гледам заспиено. Околу 5 месец преокрет. Само јас. Нити татко никој. Не знаеш колку плаче кога е во него. Он се нервира Ако поминам и не ја земам, ќе зајде. Периодов ние сме сами, куќава само што не проодела . Врти играчки во рака, ама јас да сум седната до неа. Ако станам, ќе се покајам На раб на нервен слом бев неделава, не ми беше добро а она не престанува со врескање .
Кила од смеење ќе добијам со тебе, ќе ме умреш....дојди да се гушнеме и ја дома имам примерок од козава!
И те како ми фалат деновите од ќерче кога беше бебе, гледам слики од тогаш и ја гледам сега и си велам кога ми порасна. Дополнително кога ќе ми текне дека во септември ќе оди на школо на раб на депресија ме фрла
Баш на @Eli23 и велев денес дека ќе сакам трето ко ќе порасне, од што ќе ми фали бебе најслатки ми се вака, колку и да е тешко, ја гмечам од гушкање и бацување, па мирисот бебешки, па смеењето, се топам
Моево мрази цицка кога имам добиено ќе полудам. Плус е во петти скок. Плус мислам дека идат заби денес ја стави масата во уста! Буквално ми седеше во скут се наведна и цел ќош од масата. Некако мн потешко станува, цело време е активен, се фрла да лази кога е во раце, сака да седи цело време се крева и веќе го ставам, видоевски ми дозволи, ама плус на 45 за да вежба стомачни али све у свему се позабавно станува
Мојава па сака да цица, ама често бара, дури и на саат и 15 минути понекогаш, но кратко цица и тоа се нервирам се ко недојадена. По колку подои дневно имате мајки? @Alexandrite хахаха умрев, овие два дена исто вреска, откри дека тоа е извик за негодување и буквално за се си го употребува. Претежно е смешна ама се закашлува од многу дерење. Јас повеќе со носе фрида не можам да влечам, научи да се бори и цика дур ја држи гласот, незгодно ми е комшииве ќе речат ја колам. Со носко полесно е? Менување пелени како ви иде? Ко во борбен ринг сме, се препотувам. Можеби во килажа не напредува ама во јачина... Мал Џеки Чен имам дома! Се до 4ти скок прелесно поминавме, ама ми навестува бурен 5ти, така ми се чини.
@eli25 @fana е во право. Кога ќе го пуштиш од раце буквално, ќе сфатиш колку биле слатки и бесценети овие моменти. Сјајот, светлината, искрите, можеби и стравот во неговите очи, никогаш нема да ги заборавам на првиот училишен ден. И денес, еве го трето одделение е, он дури е во школо јас цело време триста мисли имам. Мајка. Сега он вика, колку било убаво да си бебе, само лежи, никој ништо не бара од него, се вие му правите, сите го гушкаме, го сакаме..... Не рекле џабе, мали деца мали проблеми, големи деца големи проблеми.
Пред некој ден го пакував гнездото, не не собира веќе , значи се утепав од плачење , не ми се верува колку брзо расте ,а само 5 месеци има такви емоции ме нападнаа , што некој да ми кажуваше пред некој месец додека се боревме со грчеви дека вака ќе реагирам, ќе му речев дека е луд
Од 10:30 се заспиваме и уште не спие. Што бебе ќе беше ова? Јас ја заспивам таа цело време абу абу, аба аба... Од старт неспијач,6 месеци сум без сон секој ден се надевам дека ќе смени ама... Како може олку енергија да има олку мало бебе? 1 сат по полноќ таа место да спие прави егзибиции по крветов се тркала, мене ми крши вилица со нозе, маж ми го скубе за брада, мене за коса, нозете ги траска од кревет, трча во место... Полудев.