Ниту ми се бесценети, ни ќе ми фалат. Мене рутина со бебе ме убива. Првото беше Буда во споредба со ова, па кога направи прв роденден и сите кога ми се лигавеа колку брзо растат, јас викав дека ми беше најдолгата година во животов. Едвај чекам да поминат уште наредни 6м. и да не читам ни слушам за бебиња
Исто. Мене ми е претешко. Кога го родив првото, си реков нема шанси второ. Ај бидна сега и второ, но толку е дефинитивно. Одвај чекам да порасне.
Викаат се заборава колку било тешко. Така викаат, не знам. Инаку и јас со твоите мисли. Едвај чекам да потпорасне. Да ми даде раче, да се шеткаме, да ми каже што сака, а не ваааааа и ти во прашалници као што ти е проблемот бебе. Да ми прави муабет, да се закачаме, да се зафркаваме, пренкови на тато да му правиме. Особено first time mom доаѓа како шлок и шок. Си викав, колку може да биде тешко со бебе. Смени пелена, нахрани, ќе спие. И кога реалноста ми удри шамар. Мило ми е што се споделува и ваква страна, за да не се чувствуваме осамени во мислите. Нема да ми фали и мене оваа фаза. Има моменти во кои уживам, но има денови кога коса ми се крева и само си викам во себе, порасни бебе. И тогаш има предизвици верувам, но барем ќе ти каже што сака и нема во раце да се буди, јаде, заспива, односно живее во раце. Нека е живо и здраво, за мене ништо не посакувам, ама нека минува и времето побрзо.
На мајчино млеко сме почнавме со пробување на вкусови со зеленчук и сега еве 3 дена се нема искакано, сакам да прашам некоја мајка дали е можно да има запек затоа што се мачи да кака стенка ама само ке се испрди ке и олесни и толку не кака? Дали да почекам уште некој ден или да ставам чепче незнам? Може ваши мислења само да слушнам
Да уствари. Забораваш на тешкото, си памтиш убавото. И јас едвај чекам да пркне второво. Фабрика се затвара. И не верувам дека ќе се топам на бебиња во иднина. А ќе се топам, од носталгија, колку и да зборам дека не.
Се заборава, баш вчера читав пораки со маж ми кај му се жалам во први два месеца, а во меморија сега ми се као демек бебе било полесно за чување тогаш. Или сега во петти скок сме, а бебе ми било подобро кога бил 4тиот. Само некое кило може полесно да било, друго не.
Што даваше како прв вкус? Некои намирници прават запек и потребно е да се даваат наизменично со тие што помагаат во какање. Морков, компир, зелена банана прават проблем, додека батат, зрела банана со точки, слива, праска помагаат. Исто нуди и вода да пие.
Мајки здраво, сакам да прашам дали ги мачкате со крема вашите бебушки по лице кога излегувате надвор и од која крема сте задоволни..ние сме 3 месеци,
И дадов тиквичка прв вкус а сега планирав морков затоа што педијатер ми рече 2 недели прво зеленчук па после овошје. Ми рече тиквичка ж, брокула, спанаќ,морков, пашканат и компир за почеток. Што да дадам од ова за да се искака? И давам и вода по 20ml
Од овие брокула. Или паузирајј ден-два. Пашканатот за чист да го јаде многу јак вкус е. Препорачливо е со нешто друго да го измешаш. Ако даваш овошје ќе имаш повеќе избор ама како ти кажале така прави. Јас наизменично давав. Во први зеленчукови можеш батат да дадеш, подобра опција ти е од обичен компир и плус ќе помогне за какање.
Значи педијатерот скроз ми ги утнал работите со зеленчуков, треба да мењам педијатер ја дефинитивно. Кажи ми вас педијатер ви направи листа што да давате и со што да почнете? Ние имавме проблем со какање сега со ова уште полошо ми направи педијатерот
Да, педијатар. Истата листа се врти тука низ темите. За првите намирници се водев по неа, но алергените ги воведов порано. Секако во консултација со педијатарот. За двете деца добив различни насоки за воведување храна според напредокот и здравствената состојба.
Планирам прво јаболко, па јаболко со ориз од Холе, па круша, па морков, па слива (која има и ориз во составот) ок ли е? Може да се меша оризот на Холе со готова кашичка јаболко?
Да, ок ти е распоредот. Може да се меша оризот од Холе со готова кашичка, но прво да го подготвиш посебно па ќе ја додадеш кашичката. Можеш да го направиш и погуст оризот бидејќи со јаболкото може да ти се разводни.
Мене со носко ми е потешко у смисла што а слушне правосмукалка одма почнува да вришти и знае дека ке и чистам нос и со главата мрда страшно многу.