Уште не сум дала , ќе пробам утре здравје , го имам дома ама појма немав од кога да дадам, 5+ сме, почнати сме пред недела дена со вкусови
Мислам дека сме тука негде со денови. Јас уште неам ништо почнато. Не се брзам нешто многу, цел живот ќе јаде. А мислам нема штета да го дадеш зашто после оризот го има во состав во други кашички. Пр во таа од брокула, слива...
И јас се мислев дали да почекам , ама знаев дека ќе ми треба повеќе време ,малку е инаетлива и иста каша два дена не јаде па и не ја форсирам многу , полека полека
Мајкички имам останато скоро цела кутија од капсуливе за доилки ако некоја ги сака ги подарувам, испиени се само 3 од оваа кутија...инаку рокот им е до 02.2024
Каша домашна од брокула да ја ставам во фрижидер и утре ке може да дадам пак од истата? Само на собна да ја оставам да се стопли?
Синоќа завршив на ургентен, направив огромен оток, колку јајце, на бицепсот, тромбофлибит и овој пат. Значи џабе сум грешела душа минатиот пат во Санте, сепак до мене и моите вени е. И со претходниот царски направив тромбофлибит на раката. Заработив уште 5 дена по 2 клексани и антибиотик. После контрола на трансфузиологија за да видам до кај се. За мене овој бебешки период е преубав, ако не беше доењето. Многу ми е тешко и мачно, со дупки, со болки, со се... Да немав волку млеко ќе баталив, ама млеко имам многу и ќе издржам уште месец дена да се опорави, ако до 2м не се среди ќе го баталам. Ми создава стрес, ме прави раздразлива, место да уживам ми е мака кога ќе дојде време за доење...
Побрзо да се опоравиш мила и не се стресувај, нека пркне малку беба и ако сеуште ти е трауматично и проблематично со вените плус прекини го, среќна мама - среќно бебе!
Сега отворив слика да видам што е, далеку од моето. Ама пак не сум мирна, сакам да одам една контрола да направам. Кај трансфузиолог треба да одам?
@AngelOfArh од кога ги прими клексаните после царскиот не те пратија на контрола на трансфузиологија? Мене во отпусното писмо ми пишаа 7 клексани и после нив контрола на Трансфузиологија за ддимери, хемостаза и кс. Тие резултати ги препратија кај гинекологот што ме пораѓаше па докторката ми препиша уште 7 клексани па пак контрола.
А што е твоето? Прати ми слики ако сакаш во лп. Бев, ама моиве сите на одмор и дур добијам резултати ме задеси ова со тромбофлибитот и се поклопи. Утре ќе одев, ама сега ќе ги примам клексаните па ќе одам.
Бебе кога го ставам на цицка се тегне, стенка па и плаче. До сега се нема случено такво нешто. Што да правам? Што може да е?
Дај боже така да е, зошто ова веќе не се издржува. Исто се чувствувам како тебе. Моето е скоро 2м и ако не се среди доењето на раб сум да се откажам. Плаче на сат време максимум за цицање. Млеко имам не е тоа проблем. Жал ми е, ама од друга страна и јас сум човек, а ако се продолжи со ова темпо ми се чини ке понудам.