Ми се надуваа и двете дланки од канилата, едната ми беше малку модра ама додека искочив од болница се повлече отокот. После дома почнаа да ме болат, насетив топчиња и бев кај матичната ми даде Хепатромбин. Ми рече ако не ги снема, ако се појави црвенило или болка одма да одам на итна. Ги снема за 2-3 дена ама не ми е јасно дали се разбиваат или да не отишле на друго место низ вената? Јас малку имам проблем со црни мисли, секој ден умирам, па моментално го имам стравот дека ќе ми се откачи некој тромб Како да бидам мирна дека се е ок?
Што давате/ правите кај покачена температура 38 кај бебе? Сируп не давам до 38,5, ја туширав др предлог?
@Skyler ако најдеш начин да се смириш и тоа мислите на арно да ги насочиш кажуј тука одма. Иста сум и јас секој ден со нешто ново. Од ко се породив уште во болница ги убедував докторите за проблеми со срце, тромбови...сега си имам други дијагнози што си ги давам и така
Мајки од сношти почнав да кашлам и сите мускули ме болат. Не знам дали можам некако бебето да си го заштитам... Гледам да не и сум ставена во лице, не ја бацувам, не и кашлам, ама не знам дали вреди. Страв ми е да не ми се разболи
Навистина ако најдете начин да не мислиме на тоа дека ќе ни се деси нешто и ќе си ги оставиме децата на пола пат што се вика, кажувајте. Јас сум као хипохондрик цел живот, сите така ми викаат, ама не бев до волку. Тромб, парче од постелка или газа/ножици од царски, рак на гради, мозочен од умор, инфаркт од стрес... ехеее мала ли е листата на причини да си се исклучиме. Само се анализирам, аха ете ми трне раката, ме боцкаат нозете, не крварам, крварам портокалово не црвено, ме боли глава, ме боцка срце... Ич не е интересно. Некни коа завршив на ургентен млад специјализант ме прегледа и му викам Извини има ли овде специјалист да ме види, е нема на операција е, ама ќе викнам постар колега. За воља на вистината дечкото и викна колега и се јави на телефон на дежурен доктор, се направи, ама мене мирна душата ич не ми е. Се разбиваат отоците, не се движат низ вената. Мене од Хепатромбинот ми се разлеа низ цела надлактица и ми олесна малку. Јас некни кога носев бебе на мерење осетив ко да настинувам, такво грдо во носот, прашав дали можам да го заштитам, вика да ако не седиш со него во иста соба, иначе нема шанси. Нит маска ве штити, нит не приближување, тоа е што е, во иста соба сте ист воздух дишите.
@AngelOfArh ајде со лесно побргу да минува. Знаеш како ти било со измолзување, па перење шишиња и пумпа... Издржи уште малку, и јас така пишував тука, мислам секој ден го одбивав и размислував за молзење, ама пројде и тоа. Штом добие сила поубаво да влече веќе станува полесно. Знам дека е болно, брадавиците раскрварени, болат, ама сега дигнам маица и спремно млеко. Нема стерилизирање шишиња. @see.emily.play форсирај цицање само. Јас бев пред НГ настината, не префати. Со лесно, бргу да минува.
Исто праве деновиве, па ја исправам малку да заборави зошто плачела и пак назад и така по 3-4 пати дур не ми ја омекни градата А преку ден спие како зајче, што убаво имаше дремка од 2 часа таа првата сега и таа и е мах 30 мин. исти се нашиве мислам
Јас до една гпдимжжжж Јас исто два месеца толку се трудев да дојам , а немав нешто млеко очигледно беше, детето ни грам не ми имаше качено и ми беше најужасен период само плачев дека е иста килажа и после веќе баталив и се преродивме мислам и двајцата.
Расоблечи ја во тен Да исти се момој ма 5 ќе полни 5 месеци. Абе чудо од дете е синоќа во 2 заспа во 5 стана па во 7. Ама па почна на хлас да ми се смее
Мајки има некој ваква врекичка и како сте задоволни, може бебе убаво да си претка во неа? Гледам има и со малку поспуштено кај делот на нозете па каква е подобро да земам?
Ние имаме слична, пробав со нозете во ногавици и некако не ми е практично во смисол што е дебела и има доста матријал помеѓу ножињата како перничка да има, со нозете внатре ја користиме.
Здраво бебе беше болно имаше наод на плуќа и хемоглобинот му беше паднат па кога оздраве педијатарот ни даде повторно да направиме и беше граничен. Тоа беше пред 10 дена почнавме со sideral gocce и денес повторно проверивме уште повеќе паднал 8.8 .. Дали некоја мајка има искуство со ваков проблем? Секако консултирав педијатар меѓутоа сакав да слушнам мислења,фала однапред. Иначе 2 м и 9 дена сме.
Дечки ви се случило ли од спиење кога ќе се разбуди бебе неколку минути е ок разгледува и наеднаш почнува да плаче ама плачење вриштење напнување на цел глас и цела црвена станува. Од толку што плаче со солзи и ќе се размрсулави целата и липта. Додека се смири одвај некако со цицање да се залажи. Неколку пати ми се дешава ова. Страшно е.
Немам лично искуство ама колку што сум читала искуства од мајки Сидерал воопшто не помагал. Консултирај педијатар дали може да ги користиш Малтофер бугарските капки, викаат дека се многу ефикасни.
И јас имам читано дека сидералот не помага ама ај по препорака на педијатар плус и прво дете не сакав да експериментирам.
Откриваат што може да прават со гласните жици и се забавуваат. Добредојде во клубот. И арно што е само пред спиење
Па да, мене така ми е попрактична или од тие со ногавици ама како шпикозни што се, последно у ваикики видов таква и не беше нешто многу дебела. Јас лично од тие без ногавици сум позадоволна.