Сега спие со таква без ногавици ама се нервира оти не може да ги крене нозете Затоа мислев со ногавици да земам ама подобро ваква да остане, ќе му земам само поголема
Сум ги лепела порано на нозе кај бутовите кај синот, тие делови му горат ко ќе има температура. Ама не се нешто премногу ефикасни, најчесто за после вакцина се користат. Само на главче да не се лепат кај бебе.
Педијатар ми рече на глава а ко да имав читано тука не на глава. Оди биди паметен... Јас сум лепела на нога после вакцина.
Ако е температура од вакцина на местото на боцката инаку не се лепат на глава за температура до 1 година или 2 од тука прочитав од некоја мајка
Ни се случило и уште ни се случува, не си сама од ко ќе истражи кај е што е најавува дека е тука така грлато ко да не ја приметуваме Него да прашам јас дали е до скокот дали е до моево дете. Ме вади од памет со звуциве ко да се дави. И кога цица и кога си седи знае онака ИИИИИИИХХХ да земе воздух и кашла зошто нормално и се суши грлото,останува без воздух и пак така продолжува. Некогаш и комбинирано со смеење некогаш е мртва сериозна. Или па знае да почне онака намерно да кашла ко да ја дави нешто. Абе животов ми го крати
Интересно им е да си го слушаат гласот и квичат испуштаат разни звуци. И моето исто праи иииииии и се засркнува на плунка . Сега ново почна и да да да да и разни букви да кажува со цивкање
Мене ми кажаа не на глава и дека температура не се вади од глава. Затоа и туширањето со млака вода е исто без мокрење на главата.
Одма ни даде упат до доенче и метаболизам а искрено да ви кажам страв ми е да го носам ситуацијата е катастрофа хараат вируси,грип.. Незнам зашто не ни даде витамин ц или евентуално да ни сменеше на малтофер.
Мора и витамин ц со сидерал. И на моето му давам сидерал заедно со витамин ц. Секако од лекар препишано.
Мами не е за тука прашањево, ама најактивни сте ми, итно ми е Ако некоја од вас била на Пониква дали се пие водата од чешма или исклучиво купечка?
Нас за хемоглобинот на клиника ни дадоа Пико фер и Пико Ц два пати на ден , капки според килажа одредуваат колку супер ни делуваа , го качија хемоглобинот
Втор скок - мислев не е страшно, си велев ете страшен е 4ти, другите се онака ама не... Веќе 4 дена сме во втор, бебе рика плаче, особено навечер и тоа со солзи крокодилски, да слуша некој ќе помисли го колеме. Друго, сака да цица ама си игра со цицето пушти фати па ќе се изнервира ќе почне пак да вришти па треба да го кренам, да го смирам за да продолжи, а ако не дај Боже на сред цицање му сменам цицка зградава во вис ја крева од дерење... Аууу, лошо било, не можам ни да замислам што ме чека во озлогласениот 4ти скок Само брзо да поминува
Леле и мојава исто прави еееех и го држи воздухот па прета со раце нозе ко да трча во место. Обично кога цица го прави ова. Ме вадеше од памет на почеток. Сега веќе ја научив.