Мислам дека цуцлите се 1 од 0-6 , 2ка е од 6 до 18 ... барем овие јас сто сум ги гледала , на авент и бибс
Колку дремки и вкупно сон во 24 саати имаат вашите 3+ бебиња? Моето спие 8 саати ноќе и 4 дневни дремки по 1 саат. Доволно сон му е? Ги скрати дневните, му беа по 2 саати, не знам дали заради 4ти скок или време му е. @Anturium Можеш веќе со 2ка да почнеш, јас ја сменив цуцлата и многу побрзо пие. Досега по 1 саат пиеше 150мл Сега пола саат ама пак подруго е
@Skyler 12 ли часа вкупно му доаѓа? Малку е мислам. Моето е 5ипол месеци и спие околу 12 часа навечер и по 3ипол часа вкупни дневни дремки. Дневните дремки мѕ се ок од 4 часа, пробај ноќното до кај 10 часа да продолжиш.
На авент е, мислам 2ка е 3+ или грешка сум? Ама ти веројатно за цуцла лажливка збориш, на таква за шише мислев не се дообјаснив Сега му дадов со 2ка, 170 шмукна за 4 минути И јас мислам дека е малку ноќното. Моето спие 12 часа навечер од 9 до 9, и преку ден 4 дремки, една од саат другите макс пола саат му се
И јас мислам дека е малку затоа и прашав, не знам зошто ги скрати. Спие по еден циклус и нема шанси да презаспие, се буди со силно плачење како да се исплашил од нешто што досега не се случило. А ноќното не знам како да му го продолжам, се буди за млеко. Ај вака, малку ќе замарам ама кажете ми каде грешам. Млеко давам во 7, 11, 14, 17, 20 и 23 и тогаш заспива. Некогаш се случува да поспие до 8 ама ретко. Дремките не му се секогаш во исто време туку гледам кога му се приспива, најчесто 10, 12, 14.30, 18. Не сака да си заспие после млекото и да си дремне повеќе туку таман заспал и ќе се разбуди за млеко. Никако да се погодиме.
@Skyler идеално е да го заспиваш 7-8 часот навечер. Тогаш им се лачи мелатонин мислам. Пред тоа да е буден според негова возраст. Пратиш ли прозор на будност? Прозори на будност се нњкој водич, следи си го бебето за роа колку е нњговиот прозор на будност. Колку поубаво спие преку ден, толку и навечер ќе му е полесно. Не го преморувај, преморено дете лошо спие.
Последната дремка во 18, а заспива во 23 така? Многу време е буден тука. Да пробаш последната дремка да му ја поместиш порано. Пример од предпоследната ако стане во 15:30, да го заспиеш пак во 17 часот. И веќе во 19:30 макс 20 часот да го спремаш за ноќно спиење. Пробај ноќно спиење да биде со тоа млеко во 20 часот. Ние сме така. Прво се будеше исто во 23 за млеко, последните вечери до 2 по полноќ тера
@Freckles. @Anturium Последната дремка е до 20, буден е до 23.30 додека го испие млекото. Не го заспивам порано зашто се буди во сред ноќ за млеко и си седи до сабајле, плус брат му урла до 22h и го буди. Значи вака хаотично е последнава недела инаку имаше 16 саати сон. Затоа викам дали скратуваат после 3 месеци или до скокот е. Прозорот на будност беше 2 саати над 3 месеци?
@Skyler малку е потешко да воспоставиш ред штом поголемкото го буди. Запрати ја странава, корисни совети има. Сепак следи го бебето, моето после саат ипол плаче за спиење.
Мајки ако пропуштиме денес инхалација има некоја штета? Или да си продолжиме нормално утре? Со големиот домашно дури напишавме, таа заспа и заборавив да ја инхалирам ми е жал да ја будам сега. Друго да прашам тие што спијат до вас, ги наоѓате хоризонтално легнати насабајле? Ме преплаши денес ко ја видов кај беше..
Блазе си ви што ви спијат бебушите. Моево заспива во 1 по полноќ до 9 ипол, па обавезно кака. Меѓувремено 100 пати станува да цица. Потоа во 12 до кај 1-2 некаде, па накај 4 до 6-7, и после евентуално накај 8 уште пола саат, и до 1 журка. Јас имам голем проблем со успивањето, особено вечерното. Не може да го успиеш никако. Се потешко и потешко станува, наместо да оди на полесно. Сега и тестира гласовни способности, па бев принудена да ставам затки за уши. Хорор. Му реков ако продолжи вака, нема ја во количка да го буткам, туку оно мене. Да може еден среден прст да ми покаже. Ме раштрафи. Ќор екстремитет не ми функционира. Во право беше една членка што ми кажа. Меѓускок најлошо е. И кога ќе помислиш дека најлошото го проаѓаш имало и бетер.
@Freckles. @Anturium Морам да пробам како што викате, само што зборев и со маж ми навечер да го вади малиот бар на пола саат од дома за да ги завршам ритуалите со бебето до 21h. Ќе видиме како ќе биде. Сега сфатив дека мене тоа шестото шише ми пореметува се. За да го испие го држам буден инаку и порано би заспал. @Tiny Love За твоето знам дека е на ад или било која друга нека ми каже како правите со оброците? На колку саати, колку шишиња? За 10 дена прави 4 месеци и тежи некаде 7 ипол кила. Му давам 6 шишиња по 150-180мл, од прилика околу литар млеко пие во 24 саати. Толку и сака, ако му давам повеќе не го допива.
Мојата спие околу 11-12 часа навечер и дневно има 3-4 дремки вкупно 3 саата. Некогаш дневните дремки и се и пократки.