Мојата спие во креветче ама еве цела недела си се врти и лежи хоризонтално. Јас врати ја, таа пак така и се откажав. Три пати ја наоѓам и со главата кај нозете.
И мојот е на адаптирано. Е со тоа сме хаос. Многу често бара, некаде на 2 часа, едвај се трудам да истурка до 2ипол- 3 часа. Ама сега читајќи те може јас малку давам. Најчесто му правам 135 мл, само пред спиење правам 170. Ама па често знае да блуцне и затоа мислев доволно му е. Утре ќе пробам секој оброк 170, да видам дали ќе издржи повеќе време. Најчесто е вака: Се буди околу 6:30 пие 135 мл и заспива одма пак до 9. Околу 10 пие 135 и заспива пак. 12ипол 135мл, во 15 135мл и во 17:30 135 мл. Во 20 часот пие 170 мл во темно со музика, читаме книга и заспива во 21. Некогаш 23 се буди пак и пие 135 мл. Се буди и во 2 часот 135 мл, 6:30 135 мл… Кило и 100-200 пие во 24 часа. 3++ е, а на мерење наредна недела ќе го носам, ама мислам дека е околу 7 кг
Мамички синко има веќе недела дена зелена столица, обилна, течна и како слуз. Има три месеци и пред две ипол недели ја прими рота вакцината па се мислам да не е од тоа но немаше веднаш реакција. Знам да каснам деновиве зелена тиквичка и брокула ама во мали количини па ми е сомнително дали може и од тоа да е, педијатарот ми вика дека можно е да е гладно и се загрижив а не изгледа на гладно дете на три месеци има скоро 7кг и не плаче за јадење, весело е, игриво… ако имала некоја ваква ситуација нека ја сподели, ептен ќе ми биде од помош, веќе незнам што да мислам
Мислам малку му даваш т.е. оброците се мали. Подобро прави му 6х180, па ако не се буди ноќе продолжи така. Јас му давам 4х180 и 2х150 ама планирам до 4 месеци да зголемам на 6х180, не сакам нагло. Моето воопшто не се буди ноќе, откако е роден ја преспива цела ноќ 8 саати, само првиот месец едвај го будев зашто слабо напредуваше. @Alexandrite Многу добро те разбирам, многу е напорен периодот со такво стравствено доенче залепено за мама и ден и ноќ. Првото дете ми беше такво, немав време за ништо, мислам дека само доев 24/7, во скокови маж ми ме ранеше зашто само кај мене во раце беше мирен и спиеше. Не е за утеха ама се уште е таков, мама и никој друг. Сега ми е убаво ама тогаш се осеќав како во токсична врска, го сакаш најмногу, а те малтретира на секој можен начин
Страв ми е да не повраќа, зашто често блуцка. Ама утре ќе пробам да зголемам, па постепено да намалувам број на оброци
Пробај само утринското шише да биде 150, нареден ден две, па три. Постепено, и јас така зголемувам. Како и да е, мислам дека понатака количината се зголемува (или останува иста), а бројот на оброци се намалува значи пак ќе мораш да зголемиш.
Пишувате за оброци и адаптирано па да ве прашам. Има полни два месеци и 5,200кг. Цица, но во текот на денот има и два оброка адаптирано. Пие по 120мл. Педијатарот вели дека е ок, ама после секој оброк кинка и е со раче во уста. Можно ли е малку да му е и уште да е гладно?
Кај нас имаше иста појава од рота ама почна веднаш уште првиот ден и траеше сигурно 3 недели. Докторката рече до 2 недели можело да се појават несакани дејствија, па ако кај вас се појавиле недела ипол по вакцината има можност да е од тоа. Кај нас имаше и црвени конци и точки во столицата, исфрлив и млечно од исхраната по препорака на др. Затоа и уште сум на мисла дали да ставиме втора и трета доза. Педијатар вика не, а др. кај вакцините вика да, ој па биди паметен како да постапиш.
И ние имавме крвави точки баш одма после ставањето на вакцината. Обавезно ќе им кажам во вакциналниот пунк, иначе и јас сум на мисла за втора доза ама сепак мислам подобро да ја примаат него да не ја примаат посебно ако планираме градинка
Тоа со рачето во уста е бидејќи му е започната орална фаза, за гладно не верувам бидејќи гладно бебе плаче но можеш да му зголемиш подои, и ад давај му откако ќе се нацица за да може да стимулура колку млеко му е потребно
Тие 150-180 ти се вкупен оброк или само вода? Јас пазев да не надминува 1литро во 24ч. Навечер пиеше еднаш или 2 пати млеко и гледав тие да бидат мали дози 100-135мл. Денски го давав останатото млеко. Вкупно пиел 6-7 млека во 24ч. Преку ден обично биле на 2-2.5 часа, зависи како ќе побара. Исто на 4месеци го достигна максимумот од 1л и мораше на 4.5м да почнеме да воведуваме вкусови.
Не мораш да чекаш 3 часа. Можеш кога сакаш да даваш, нагласено е на кутијата. Храна е, не е антобиотик
Само да се пожалам. Бебе заспа во 12 во 2 стана цицаше па заспа и во 4 се разбуди па до 6 гукаше Јас незнам што да правам да може да сврзе повеќе од 2 3 сати. И да напоменам секогаш кога се буде цице На цице ми се смешка ќе ја фати па ќе ја пуште па гуууу па па ќе ја фати и така во круг. Сака да се бајне ама кога го вадам од вода хорор е несака да го облечам Почна да се загледува во тв и се смешка на некои инсерти. Спиеше во гнездо, ама веќе не го собира па го ставам само во кревет па се буди плаче и ќе го става пак во гнездо и штама е. На стомак несака. Блузи, кебиња омилени се за во уста. Цуцла несака. Сака во раце да разгледува околу него. Ај доста толко се жалев Још мало 5 месеци.