Си се вратив на биогајата, кај нас е погодена мада пишуваа тука дека не се задоволни. Искрено ние немавме проблем туку јас сакав да испробаме нови пробиотици ама ова делува и не ја мењам сега за сега.
Мене др. Сајковски ми даде препораки како @JuLleE прво што пиша, со зеленчук и месо и да замениме ручек прво. Јас дадов неколку лажички морков сега, утре не знам што да давам за да не направам запек. Тиква зеленчук се смета?
Мајки од Скопје, од каде купувате овошје, зеленчук што може сега да се најде а да е домашно? Нешто можам да се снајдам ама не се.
Тиквица мила и да повеќето ја ставаат тиквата во зеленчук ама кај моето од ткива, компир, морков имаше запек, е после од тиквица почна да е полесно какањето, не суво како на козичка туку како пластелин
Мајки ве молам за мислење... Бебе има модро изразено на коренот од носот, личи како вена, ама некако ми е страв да не е некоја девијација во прашање,дали ќе се повлече или помалку ќе се познава кога ќе порасне... Веројатно дилемата ми е дали е ова честа појава кај мали бебиња со оглед дека кожата им е потенка, те. попроѕирна... Го прашав педијатарот,ми кажа бабите викале тоа од урочено било (Секако се зезаше,значи според него не е нешто страшно)
Мамиии кога ги носите на ортопед? Ние бевме на 2 месеци и сега на 5 пак треба. И од кога се седнуваат машките бебенца? Инакууу почна ептен да зборува на негов јазик, цели реченици си кажува цел ден или брчи со устата или ммм абб абб, со спиење добар е навечер во 4 и во 6 станува да цица и се буди кај 8 ипол 9 ама затоа па денски три дремки по 30 до 40 минути има а некогаш и помалку Настинката помина уште ептен малку секретче помеѓу носе и грло има ама го искашлува и плус инхалации правиме. За недела од сега планирам да почнам со вкусови, прво со зеленчук. Планорав со морковче ама читам дека запек кај многу бебиња правел. @Rtulka тиквица на која фирма даде?
Мајки ве молам за мислење... Бебе има модро изразено на коренот од носот, личи како вена, ама некако ми е страв да не е некоја девијација во прашање,дали ќе се повлече или помалку ќе се познава кога ќе порасне... Веројатно дилемата ми е дали е ова честа појава кај мали бебиња со оглед дека кожата им е потенка, те. попроѕирна... Го прашав педијатарот,ми кажа бабите викале тоа од урочено било (Секако се зезаше,значи според него не е нешто страшно)
Ние бевме на 2 и на 6 ни рекоа следно. За седнување незнам женца имам јас знаеш, вчера матичниот ми рече на 60 степени можам, а таа и веќе седе, во столче навалена ја ставам она се крева.
Моето е модро таму, а и околу устата. Сите педијатри на кои што го однесов кажаа од што е бел, дури и прозирен. Внимателно неколку пати го слушаа, се беше ок. Веројатно е исто белко детето. @Tiny Love @Rtulka @Cloverrrr фала ❤️
Јас имам таква вена цел живот и еден од близнаците ја има истата. И мене така ми викаа, урочена сум била
Може тиква. Кај бебе ништо засега не прави запек. Денес оти прави 6 месеци и дадов банана. Немав ништо друго дома. Цела ја изеде. А од брокулата плаче.