Исто и јас имам таква вена и ми се губи повремено (кога не сум урочена ) исто и едниот близнак ја има и на него му се губи и повторно се појавува. Ах од уроци си патиме ние Македонците
Да ама ако не чекам станува хаос. Ќе испие 50-60 па по 1 час пак малку па по пола час пак и така цел ден… Право и спиењето се ремети. Вака кога го држам подолго испие повеќе и помирно и подолго спие. За некој мој распоред да си имам ми е, полесно ми е вака Иначе сабајле бебе нејкеше повеќе од 130 мл, а сега си испие 210 без проблем. Баш ќе видам после ова за колку ќе ми бара
Majki ve molam sovet sto da stavam? Doktorot rece nisto,ke pomine samo ama mnogu se frla. Dali mozam da stavam od Weledata za gaze sto e od neven?
Моето има исто веничка на коренот на носот, кожичето им е тенко и затоа повеќе се приметува, можно е да избледи но не верувам дека комплетно ќе ја снема! Дадов на Холе мила а и дома 2 пати и пасирав купена по маркетиве, инаку бевме на 2 м на ортопед па ни рече на 8,5 контрола немало потреба порано
Невенот е мрсен и уште толку ќе ги запуши порите. Миј почесто со вода и пробај да мачкаш со Мицеларната вода за бебе од Мустела, ептен била ефикасна за бебешки акни.
Само од себе ќе помине. Нашите тука некаде се на возраст и моето ги има само со вода мијам и кремче за хидратација некогаш ставам дека грапава и е од брунките кожичката. Ги имаше па и се повлекоа па сега пак малку и се појави.
Ништо. И на моето му беше вакво лиценцето ми рекоа ништо да не ставам и помина само од себе сега му е премазна кожата. Се чисти од твоите хормони, со мрсни креми можиш само полошо да направиш.
Не следам ни прозори ни ништо. Ама како да ја научам да станува подоцна. И у 2 ноќеска да заспие у 7,8 станува. А цела ноќ и за цицање се буди. Малку сати сон се тоа за бебе. Сабајле стана во 8:30 ама не станав како друг пат со неа туку решив ќе ја заспивам и готово до 9:20 се давевме. Ама јас победив и заспа иако беше ококорена. И во 10:30 стана. Преку ден откако сме во 5ти скок речиси и не спие. Па барем ноќново повеќе да и биде. Навечер пред 11 нема шанси да заспие. Се чудам кога ве читам дека ви спијат од 8,9 до сабајле 8,9 како програмирани. Моево одвај заспива кај 11. А зависи може и 1,2 да не фати. А да ја оставиш цела ноќ не би спиела би гугала би пискала. Деновиве уши ни затна викајќи. Барем покасно да станува цел ден сама веќе не знам како да ја занимавам. Рацеве ми паднаа.
Мајки утре имам една ситна операција на прст им кажав дека дојам ми рекоа немало проблем некоја анестезија ке ми ставеле што можело да се користи за доилки. Па ваше мислење за овие работи дали после одма да дојам или незнам како што?
150-180 вода ама кај мене не се зголемува така како докторката што ми кажува и тука што пишувате. Можда за 10мл се зголемува. Каде го пишува тоа за 1литар? На самата кутија или доктор треба да ми каже? Никој не ми спомнал. Се надевам до 5м нема да морам да почнам со вкусови.