Од утре сме во петти скок според апликација. Дали е можно порано да е влезен? Исто ми одбива млеко, а баш убаво си пиеше претходно. Од тоа е? Полудев веќе. Од вчера е вака, ќе испие околу 60 мл и ја турка цуцлата, не сака повеќе.
Да ама тоа е како вежбање на мускулатура. Не е дека тебе ти се смее или на некој друг. Ќе приметиш разлика за два месеци, од ова сега и вистинското смеење.
Мајки ве молам за совет, Правам кратка операција со целосна анестезија, бидејќи малото ми е само на доење го прашав педијатарот за АД ми рече можеш да го доиш ако има анестезија, додека пак докторката од Ремедика што ќе ја прави операцијата ми вика да не дојам барем првите 8-9 часа. Ако може ваш совет и дали ќе може да ми кажете какво млеко да земам за 4ипол месеци и дали водата се преврива, од која вода земате и колку мл давате? Малку ми е страв да му давам после анестезија, па си реков првите неколку ќе ги избегнам, после ќе продолжиме..
А зошто сега пред операција не измолзиш колку можеш повеќе и во фрижидер, после од тоа ќе му даваш. Јас би направила така
Пробував да молзам ама само 60мл вадам, а и веќе неколку часа не смеам ништо ни да јадам ни да пијам така што уште толку се намалува..
Во тој случај имаш мали шишенца аптамил веќе направени со вода и прашок можеш такви да даваш да не купуваш цело пакетче. Колку месеци е бебето?
Каде има такви шишенца? Не сум видела, иако дојам, би ми биле корисни затоа што некогаш кога излегуваме и не можам да го надојам правам АД.
Овде ги има во аптеките по 80мл. Еве ангел одговорила дека нема. Баш штета, се извинувам на лажното инфо
На бебе му се појави бубуљичка на газето. Поголема. Веќе неколку недели иста е. Не се намалува, не се зголемува. Мачкано со Веледа, Бепантен. Не исчезнува. Што може да биде. На педијатар тек за некоја недела сме, да не одам само за една бубуљичка.