Првото со врски. За следно, ни кажуваше не закажувајте ќе бидам тука тогаш и тогаш дојдете . Сум начекала и на веб страната, секој ден следи. Доаѓа само два дена во месецот тука и стварно е тутма.
Може и така и така да се случи. Не постои строго одредено правило. Не секогаш секое дете ќе усвои некоја фаза строго по milestones. Некое ќе го држи главчето на два месеци, некое на три. Ама ни служат за да знаеме отприлика кога треба да се усвои некоја фаза. Многу често децата прво лазат, па после почнуваат да се исправаат на мебел. Па прават чучњеви дур стојат држејќи се за мебелот, шетаат држејќи се за мебелот, стојат самостојно и одат. Јас лично и процесот на одење го претпочитам без паткање, затоа што со паткањето детето горниот дел од трупот го насочува нанапред и ја префрла тежината на родителите.
Ортопедот ми рече дека до 4-5 месеци треба да седи на стомак околу 30 минути, а не 1 час. @Alexandrite @Skyler @Doktor F @eli25 @see.emily.play Фала ви девојки, со перниче ја дига главата без проблем, и кога го држам во раце легнат со стомаче на мојата рака цело време му е крената главата ама кога ќе го спуштам на под, без перниче малце го мрзи ама тоа е, ќе се научи.
Јас така имам читано, ама не треба многу и со бројките да се оптеретуваме. Важно е колку може детето и постепено да се зголемува времетраењето, да му е пријатно, да не е префорсирано и стресно.
Луѓе јас имам друго бебе од сабајле дерење плачееф, на стомак скока и се движи на напред сака да седи паѓа нервизно е целото, заби ли се што ли е ве молам кажувајте што да правам
Ве молам за помош!!! Како успевате да го заспиете бебето преку ден? Навистина сум уморна, нервозна, фрустрирана со саати го успивам не можам веќе, навистина не можам почнав и неубави мисли да имам во главата Чуствувам дека го запоставувам првото дете одвратно се осеќам.
Или на цице, или и пуштам една приспивна песна и ја шетам во раце, или ја возам во количката низ дома и пуштам песнички и заспива. Тие се трите методи за успивање што ги користиме, една мора да успее.
Иста бев пред некој ден, сега го држам буден повеќе време и пуштам на јутјуб шшшшшш бидеќи устава ми се исуши од шшкање, заспива за 5 минути и спие по 2 часа. Предходно мислам цел ден во успивање ми одеше.
Никако, пуштам white noise и цица, пола саат ја успивам, 5-10 минути спие и се буди изнасмеана и одма в раце.
Мајки колку вода после оброк треба да испие? Постои ли горна граница? Сеуште е почетник, негде четвртина мала кашичка јаде, ама вода после не знам колку да давам. Давам со лажичка и тешко иде. Шиши со каков проток да земам, зашто на доење е и се има одвикнато од шише...
Еве неколку идеи: - white noises - во раце и тапкање на газето, со бацување со пеење ( ова го правам моментално ) - релаксатор, количка, нешто не успева? - затемнета, тивка просторија, нишкање Јас порано пуштав фен на јт на најјако шо се вика, мртва темнина у соба и ја оставав у креветче само, се бунеше па заспиваше. Сеа тоа нема теорија, сега јас седнувам и ја легнувам кај мене на раце и ја галкам по образ и заспива. Е рака боли, не викам не. Ама иди остај ја ако смееш